Македонија
„Sweet support foundation“ отпочна со своите активности за потребите на децата со нетипичен развој
Подигнување на јавната свест за потребите на децата со нетипичен развој, нивна целосна инклузија во општеството почнувајќи од образование, здравство, вработување, како и подобрување на социјалниот живот и стекнување на животни вештини за осамостојување се дел од активностите на новата Фондација „SWEET SUPPORT FOUNDATION“. Фондацијата која што беше најавена пред само една недела е во фаза на регистрирање, а ја предводи Сезен Цаноска. „SWEET SUPPORT FOUNDATION“ ќе се фокусира да им обезбеди бесплатна советодавна правна и психолошка помош на сите семејства кои што имаат деца со нетипичен развој, да ги охрабри и поттикне семејствата отворено да зборуваат за предизвиците, да помогне во зајакнување на соработката со институциите, со цел да им се обезбеди нивно активно вклучување во сите општествени сфери.
Претседателот на Фондацијата, Сезен Цаноска веќе ги превзеде првите чекори кон реализација на целите на Фондацијата преку остварување на средба со претставникот на Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја“, Ребека Јанковска Ристески, како и со Зоран Кардула, македонски уметник, сликар, графичар и дизајнер, кој во јавноста е познат како родител којшто отворено зборува за проблемите со кои се соочува неговото аутистично дете во нашето општество. На средбата, Ребека Јанковска Ристески зборуваше за неопходноста од инклузија на децата со нетипичен развој во образованието, потребата од организирање на работилници за децата и за родителите, истајкнувајќи ја притоа важноста на социјалниот живот за сите страни.
Во наредниот период, „SWEET SUPPORT FOUNDATION“ ќе остварува средби и со останати здруженија и родители на деца со нетипичен развој, како и со претставници од релевантни институции, стручни лица, невладини организации и амбасади, со цел сите заедно да се вклучат во креирање на долгорочна национална стратегија за помош, поддршка и подобрување на условите за развој на овие дечиња.
Оттука, од исклучителна важност, според Цаноска ќе биде отворањето на дневни центри каде ќе се реализираат секојдневни едукативни, спортски и забавни активности за децата. Во овие центри, децата ќе бидат под постојана грижа и надзор од страна на обучен и посветен персонал, а родителите ќе добијат слободно време за социјализација. „SWEET SUPPORT FOUNDATION“ ќе иницира организирање на летни школи и кампови за децата со нетипичен развој, со задолжителна вклученост на родителите. Од друга страна, ќе се организираат и обуки за животни вештини, кои на децата ќе им помогнат за нивно осамостојување.
„Свесни сме дека семејствата кои имаат дечиња со нетипичен равој секојдневно се соочуваат со проблеми и предизвици. За нив е многу тешко да зборуваат за глоготата низ којашто поминуваат. Но ние сме тука, првенствено да ги поддржиме, а потоа да ги поттикнеме отворено да дискутираат и да алармираат за сите потешкотии со кои се справуваат нивните најмили, нивните чеда. Во ниту едно општество, па ниту овде во Македонија, никој смее да биде дискриминиран. Затоа, ги охрабруваме родителите отворено да зборуваат за состојбата на нивните дечиња и да не се откажуваат од борбата за овозможување на рамноправен статус. Сите сме и треба да се бориме да бидеме еднакви“, истакна Сезен Цаноска, претседател на „SWEET SUPPORT FOUNDATION“.
Заложбата на „SWEET SUPPORT FOUNDATION“ е дека секое дете има право и заслужува квалитетно образование, како и развивање на посебни вештини за напредување во својот индивидуален развој. Во рамките на својата програма, Фондацијата ќе се фокусира за остранување на сите бариери кои произлегуваат од дискриминација и стигмата на родителите и децата со посебни потреби, ќе иницира едукација за инклузија на сите лица во општеството, ќе настојува на зголемување на бројот на едуциран наставен кадар кои ќе работи со децата со нетипичен развој. Од друга страна, Фондацијата ќе се посвети на усогласување и примена на законите и политиките, согласно конвенцијата за правата на лицата со попреченост, ќе се организираат дискусии, работилници или тркалезни маси со цел да се допре до креаторите на политиките и пошироката јавност, како и да се подигне нивото на свестa дека сите личности се исти и заслужуваат еднаква шанса за рамноправен живот без ограничувања.
Во оваа насока, од исклучителна важност е соработката со основните и средните училишта, општините, надлежните министерства и останатите институции во државата со цел елиминирање на сите бариери со кои што се соочуват децата со нетипичен развој. И најмалата иницијатива, предлог или конкретно решение е чекор напред за сите, вклучително и за самата држава.
За реализирање на дел од предвидените активности „SWEET SUPPORT FOUNDATION“ ќе го искористи кадровскиот потенцијал на експерти од различни области од Американскиот Универзитет на Европа-ФОН, кои што со своето знаење и искуство можат активно да се вклучат во креирање на политики или предлог решенија за целосна инклузија на децата со нетипичен развој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стоилковски: Разликата е над 150 илјади, обработени се 75 отсто од гласовите
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски изјави дека разликата е над 150 илјади во корист на кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова, по обработени над 75 отсто од гласовите.
Тој најави дека во 22 часот ќе има обраќање Силјановска Давкова, а во 22 и 30 ќе се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Македонија
Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг
Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова. Со оглед на поразот, рече дека не е задоволен од изборниот резултат.
„Јас ја одржувам оваа прес-конференција со цел да го признам поразот на овие претседателски избори, а воедно да ѝ честитам на водството на госпоѓата Гордана Сиљановска-Давкова и да ѝ посакам среќа во вториот изборен круг. Дали резултатите се задоволувачки-според мене нормално дека не се задоволувачки. Далеку се од очекувањата. Како и да е битно беше дека граѓаните на Република Македонија имаа избор. Избираа меѓу седум свои кандидати. Дали биле во право за тоа што го избрале, ќе видиме после пет години. Се надевам дека сите ќе бидеме живи и здрави и после пет години ќе констатираме дали изборот бил добар или не“, рече Јакимовски.
За да признае пораз тој не дочека Државната изборна комисија да ги преброи гласовите од сите избирачки места. Се прогласи за поразен со 60 отсто обработени гласови и освоени 4997 гласа.
Според досега обработените гласови во водство е Гордана Сиљановска-Давкова со 197741 глас, повеќе од двојн помалку гласови има актуелниот претседател Стево Пендаровски за кого гласале 97592 граѓани, зад него е Бујар Османи со 81.748 гласови, Арбен Таравари со 9591 гласа, Максим Димитриевски со т42296 гласа и Билјана Ванковска-Цветковска со освоени 23..472 гласа
Македонија
Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција
Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените се почнати. На првата прес-конференција по затворањето на избирачките места тој рече дека очекува победа на 8 мај.
„Земјотресот по се изгледа дека денеска почна со масовното учество на граѓаните во изборите, а се надевам дека на 8 мај ВЛЕН ќе победи и ќе дојде долго очекуваната промена ДУИ да биде во опозиција“, рече Таравари.
Тој јавно се заблагодари на граѓаните за масовниот одѕив и изрази надеж дека набљудувачите нема да дозволат злоупотреби на гласовите.
„Сега веќе се знае дека на овие избори имаше многу помасовно излегување на гласање отколку претходните избори што зборува дека промените ни се приближуваат и ни доаѓаат. Ние како ВЛЕН сме пресреќни дека добивме гласови генерално од Албанците. Сега веќе промените се внатре во кутиите кои веќе се отвораат. Се надевам дека нашите набљудувачи ќе ги контролираат и нема да дозволат да има злоупотреби и ќе се гарантира секој глас кој што е даден на демократски начин дека ќе излезе на површина“, рече Таравари.