Македонија
Tренчевска: Владата се обврза дека ќе има нулта толеранција кон сите форми на насилство врз жените

Јованка Тренчевска, министерката за труд и социјална политика, учествуваше на регионалниот форум „Виртуелното е реално: Зајакнување на законодавната рамка за поддршка на телесната автономија“, во организација на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА.
Таа изрази задоволство за можноста да се разговара за толку значајни прашања, како што е насилството преку интернет врз жените и девојките, и ѝ изрази поддршка на кампањата Bodyright, која претставува глобален повик да се спречи насилството врз жените и девојките во виртуелните простори.
Министерството за труд и социјална политика заедно со другите засегнати фактори во општеството сериозно работи на креирањето политики и преземање акции за превенција и заштита на жените и девојките од родово базирано насилство, вклучувајќи ги и насилството преку интернет, сексуалното и репродуктивното здравје, унапредувањето на правата на жените и на девојчињата, на семејствата и на заедниците, рече Тренчевска.
„Владата на Република Северна Македонија се обврза дека ќе има нулта толеранција кон сите форми на насилство врз жените со преземање конкретни мерки и активности во една од приоритетните области – родовата еднаквост. Оваа обврска беше потврдена преку усвојување на националните заложби на самитот во Најроби во 2019 година“, рече Тренчевска.
Во време кога е особено разиена технологијата и информациите бргу се шират, рече Тренчевска, сведоци сме на злоупотреба на интернетот и дигиталните технологии за комуникација, за насилство врз жените, говор на омраза, сексизам, злоупотреба на фотографии и видеа и нивно фалсификување. Сведоци сме и кај нас преку социјалните мрежи колку често се шират говорот на омраза и сексизмот кон жените и девојките. Токму затоа наша заедничка обврска е да се бориме против ваквото кршење на човековите права на жените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре изменет режим на повеќе линии на ЈСП, поради блокада на крстосницата во Автокоманда

Утре од 7 до 10 часот, поради најавената блокада на раскрсницата во Автокоманда на булевар „Александар Македонски“ со „16 Македонска бригада“, дел од линиите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.
По изменети траси ќе сообраќаат:
Линии 43, 45, 50, 50А, 52, 53, 55, 55 В, 62, 63, 63А, 65, 65А, 65Б, 65В, 66, 66А и 68
Во насока на Дом на печат, Клинички центар и Транспортен центар, во Автокоманда преку булевар „Александар Македонски“ ќе се исклучуваат на клучката Дијамант, па по булеварите „Киро Глигоров“, „Србија“ и „Јане Сандански“ до крајните постојки на Транспортен центар, а линиите 43, 50 и 50А од Транспортен центар, преку Југодрво и Рекорд, ќе продолжуваат до крајните постојки на Дом на печат и Клинички центар.
Во обратна насока, ќе сообраќаат по истиот изменет режим.
Линија 54
Од кај Бриколаж, од улица „Перо Наков“, ќе врти лево по булевар „Киро Глигоров“, па по булеварите „Србија“ и „Јане Сандански“ до крајната постојка на Транспортен центар.
Во обратна насока, ќе сообраќа по истата изменета траса.
Линија 16
Од Пржино према Железара ќе сообраќа преку Чаир (Бит пазар, Чаир, Железара).
Во обратна насока, ќе сообраќа по истата изменета траса.
Линиите 13 и 42
Во насока на Железара, движејќи се од Кисела Вода и Драчево, кај Фершпед ќе вртат лево на улица „808“, ќе поминат пред дирекција на ЈСП се до постојката кај „Алкалоид“ која ќе биде почетна/крајна постојка
Лините 2 и 2А
Во насока на Автокоманда, на кружниот тек кај Континентал, ќе се враќаат назад на кружниот тек и почетно/крајна постојка ќе им биде постојката кај Светлост.
Македонија
Утре топло време, попладне пороен дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ=8
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време, во попладневните и вечерните часови со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Македонија
Утре и задутре без струја повеќе делови на Скопје

ЕВН информира дека заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат следните корисници:
од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 1515, ул. 1513 и дел од ул. Саса во околината на ОУ Рајко Жинзифов во нас. Пинтија. (Oпштина Кисела Вода)
на ден 28.06.2022 година ( вторник ) :
од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од с. Добри Дол. (Oпштина Сопиште)
од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Горно Соње. (Oпштина Сопиште)
од 09:00 до 10:30 часот, објектите во околината на бул. Партизански Одреди бр. 70. ( Општина Карпош)
од 09:00 до 14:00 часот, ул. Желево зграда 3 и зграда 5 и ул. Разловечко Востание зграда 22 и зграда 24. (Општина Карпош)
од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од с. Побожје. (Oпштина Чучер Сандево)