Македонија
Tројца починати и 310 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.609 тестови, а регистрирани се 310 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 199, Битола – 19, Куманово – 15, Кавадарци – 13, Прилеп – 9, Охрид и Штип –по 8, Велес – 5, Струмица, Гевгелија и Ресен – по 4, Тетово и Гостивар – по 3, Делчево, Богданци и Демир Хисар – по 2, Кичево, Кочани, Неготино, Радовиш, Крива Паланка, Дебар, Валандово, Виница, Кратово и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 49 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистриран е еден смртен случај од Скопје (77 години), а лицето починало во болнички услови.
Согласно Регистарот за починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени 2 починати лица, од Богданци (87) и Кочани (45), во периодот од 17 до 19 март годинава. Од пријавените, едно лице е починато во болнички, а едно во домашни услови.
Кај сите три починати лица се регистрирани коморбидитети.
Во изминатото деноноќие регистрирани сe и 284 оздравени пациенти од: Скопје – 144, Прилеп – 18, Битола – 17, Кавадарци – 15, Охрид и Велес – по 10, Куманово и Ресен – по 9, Гевгелија и Радовиш – по 7, Струмица – 5, Штип, Гостивар, Кичево, Валандово и Струга – по 4, Тетово и Виница – по 3, Кочани, Неготино и Свети Николе – по 2 и еден оздравен од Крива Паланка.
Направените 2.609 тестови се преку: ИЈЗ-285, ЦЈЗ Скопје-81, ЦЈЗ Битола-49, ЦЈЗ Прилеп-32, ЦЈЗ Тетово-3, ЦЈЗ Куманово-53, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-17, УК Пулмологија со алергологија –5 Институт за микробиологија–149 Жан Митрев (Филип Втори)-56, Авицена-96, Биотек-162, Систина-53, лабораторија Лаор-68, Синлаб-10, Ремедика-20, Плодност-21, Генеа-8, Никоб лаб-177, ВФВ Медикал-38, Ели Медика плус-15, Ројал Медика–7, Спектра-ММ-13, Рапид лаб–7, Жан Митрев Струмица–5, Рамус-16, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.161.
Досега во земјата се направени вкупно 1.941.593 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 303.728, бројот на оздравени пациенти е 292.628, на починати е 9.187, а бројот на активни случаи изнесува 1.913.
Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 142197, Активни 1087
Куманово 16475, Активни 67
Битола 14594, Активни 136
Прилеп 13896, Активни 132
Тетово 13403, Активни 43
Кавадарци 10368, Активни 76
Велес 9628, Активни 24
Гостивар 9514, Активни 19
Охрид 8662, Активни 86
Струмица 7974, Активни 23
Штип 7955, Активни 19
Кичево 5520, Активни 32
Кочани 5021, Активни 18
Струга 4678, Активни 12
Гевгелија 4334, Активни 24
Неготино 3641, Активни 9
Ресен 2663, Активни 17
Свети Николе 2612, Активни 3
Радовиш 2507, Активни 12
Крива Паланка 2403, Активни 7
Делчево 1906, Активни 6
Дебар 1662, Активни 7
Берово 1635, Активни 2
Валандово 1472, Активни 6
Виница 1373, Активни 12
Пробиштип 1259, Активни 2
Богданци 1017, Активни 9
Кратово 956, Активни 7
Крушево 916, Активни 6
Демир Хисар 823, Активни 3
Македонски Брод 733, Активни 1
Демир Капија 585, Активни 3
Македонска Каменица 521, Активни 2
Пехчево 484, Активни 1
Дојран 341, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Османи: Европскиот фронт е голема идеја чие време е дојдено
Кандидатот на Европскиот фронт, Бујар Османи, вечерва на митинг пред граѓаните на Кичeво изрази благодарност до лидерите на Европскиот фронт и коалицијата која, како што вели Османи, е продолжение на битките во континуитет една по една, за разбивање на замоците на етничките монополи.
„Европскиот фронт не е политичка партија. Европскиот фронт не е ни коалиција на политички партии, Европскиот фронт е голема идеја. Тоа е одлична идеја чие време дојде, лавина што ги собра соништата на секој граѓанин на оваа земја, за еднаквост, за правда и просперитетен живот во ЕУ. И ова го гледам како ентузијазам, како насмевка во секое населено место каде што одам, бидејќи Европскиот фронт е трета унија, но сега со малку поинаква димензија“, истакна Османи.
Кандидатот на Европскиот фронт, Османи понатаму истакна дека останува уште едена последна тврдина на етничкиот монопол.
„Тврдината која нè загрижува сите и секогаш ни го дава тој сигнал дека се уште не е сè како што треба, сè уште нема еднакви можности за сите, таа е тврдината на првиот претседател. Значи, браќа и сестри, се натпреварувам, на 24 април да ја разберете тежината на оваа мисија, дека вашиот глас не е само за мојата кандидатура, вашиот глас, вашата поддршка е за да ја разбиете последната тврдина на етничкиот монопол и за заокружување на еднаквоста на сите заедници во нашата заедничка држава“, заклучи Османи.
Македонија
Таравари: Ќе ја вратиме некогашната репутација на Куманово и Липково
Ќе ја вратиме некогашната репутација на Куманово и Липково. Ќе го поврземе Куманово со Гњилане и Прешево, ќе инвестираме во агробизнис, грантови и земјоделци Ќе ги поврземе Куманово со Гњилане и Прешево, ќе инвестираме повеќе во агробизнисот, во грантови за земјоделците и во економски развој за да ја вратиме некогашната репутација на земјоделството и производството на регионот на Липково и Куманово. Ова беа дел од пораките кои претседателскиот кандидат Арбен Таравари ги испрати вечерва од општина Липково. Оваа општина ја донесе ДУИ на власт а како награда добива само штета, неправда и лошо владеење.
„Наместо да се привилегира и развива овој регион кој некогаш важеше за кризен регион, лошото владеење на ДУИ го втурна во повеќекратни кризи. Економска и земјоделска криза, невработеност и миграциска криза, но и безбедносна криза и монтирани случаи. Никој повеќе од жителите на овој крај не ги почувствувал последиците од лошото владеење на ДУИ“, нагласи Таравари во својот говор.
Но, според него, оваа состојба ќе заврши со гласот на самите граѓани, кој ВРЕДИ и ќе ја донесе долгоочекуваната промена.
„Ќе донесеме повеќе правда, прво за политичките монтирани случаи, каде што ќе се заложиме за правда и обештетување за оние Албанци кои неправедно се држат во затвор. Никогаш не го забораваме војникот на слободата и жител на овој крај, Реџаил Ќерими, кој неправедно беше држен во затвор 13 години и почина во ќелијата кога отворено се знаеше дека нема врска со она за што го обвинуваа, изјави Таравари.
Меѓу другото, Таравари од Липково повтори дека со доаѓањето на ВРЕДИ на власт ќе се забрани коцкањето, а ќе се простат и долговите од фирмите за брзи кредити кои исто така рече дека ќе се затворат.
Македонија
Кои се седнатите на софра со најголемите криминалци од Грчец, Шиша бар, со оние од убиствата во Ханиоти, прашува Силјановска-Давкова
Ги нема сликите низ весниците кои се најдобар доказ, бидејќи сликите понекогаш повеќе кажуваат од зборовите, за тоа кој е кој во ова корупциско и криминално гнездо, вели професорката Горданa Силјановска -Давкова вечерва од Велес.
„Колку претседатели сте виделе, колку премиери сте виделе, колку министри за внатрешни работи сте виделе седнати на софра со најголемите криминалци од Грчец, Шиша бар, со оние од убиствата во Ханиоти? Може да се сликате со некого на улица, ама на софра да бидете тоа значи дека сте во спрега. Значи, во право е претседалот на ВМРО-ДМПНЕ кога вели дека, не само со чинење, не само со криминални активности, туку и со замижување пред криминалот и корупцијата вие сте соучесник во нив, посочи Силјановска Давкова и додаде:
„Во овие избори има нешто специфично, до ѕидот сме доведени. Вие заслужувате власт соодветна на вашето достоинство, власт од којашто нема да се плашите и срамите, туку ќе се гордеете“, порача вечерва од Свети Николе, кандидатката за претседател на државата, поддржана од ВМРО – ДПМНЕ и коалициските партнери