Македонија
Teledoc конечно во Македонија

Европската водечка телездравствена услуга конечно и кај нас! Телемедицинско решение што ги решава трите најголеми проблеми во здравството: во секое време, од секое место, 24/7/365 на ваше располагање, консултација и советување за здравствени проблеми и нема повеќе чекање за медицинско внимание.
Тeledoc е фантастичен производ и одличен начин за преземање контрола на вашата здравствена заштита.
Тeledoc е европска водечка телездравствена услуга. Кога не се чувствувате добро, или имате прашања поврзани со вашето здравје, можете да добиете квалитетна нега од најразлични лиценцирани здравствени работници. Наоѓањето на лекар, медицинското досие, управувањето со здравствените ризици и одржувањете на здравјето се вообичаени предизвици ширум светот. Нашите виртуелни здравствени услуги им овозможуваат на членовите да имаат пристап до широк спектар на експертиза и да добијат основни упатства за подобро навигирање и решавање на нивните здравствени потреби.
Лекарите на Теledoc се достапни во секое време, ден и ноќ.
Имајте лекарска нега 24 часа на ден, 365 дена во годината. Барањата можат да се прават преку веб или мобилна апликација. Изберете време што е најдобро за вас, а Теledoc пребарувајќи ја својата мрежа ќе ве поврзе со лиценциран доктор.
Искусните професионалци на Теledoc се способни да советуваат за многу здравствени проблеми.
Виртуелната грижа како прва точка за пристап до здравствениот систем ги подобрува крајните резултати и нема дополнителни трошоци. За само 499 денари месечно, 2.499 денари годишно, или членарина за целото семејство за 4.899 денари годишно може да ја користите оваа здравствена платформа која е изградена врз принципите на одговорност, интегритет и квалитет.
TELEDOC- најдобар начин за превентивна грижа за вашето здравје!
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Бугарските историчари прогласија победа: „Ќе продолжиме да ги браниме позициите и за јазикот, браќата Миладиновци и Гоце Делчев“

Двегодишната битка за одбрана на позицијата на Бугарија во историските спорови со Северна Македонија ја достигна првата победа. Ова се наведува во ставот на бугарската Национална платформа „За Македонија“ во која членуваат бугарски професори – историчари и лингвисти.
Оттука предлозите на историската комисија ги оценуваат како победа за бугарската историска наука. Велат дека колегите во Скопје официјално го препознале очигледното, кое и тие многу добро го знаеле.
„Цар Самуил е бугарски цар, учениците на Кирил и Методиј на покана на кнезот крстител Борис-Михаил го шират својот збор низ целото бугарско кралство, Преслав и Охрид се бугарски книжевни центри. Сето тоа треба да биде запишано во детските учебници во Северна Македонија“, велат бугарските историчари.
Сметаат дека кон победата придонела посетата во јуни на Европскиот парламент во Стразбур на говорниците на Националната платформа „За Македонија“ професорите Николај Овчаров, Ана Кочева, Пламен Павлов и Спас Ташев, претставници на Бугарската академија на науките и Универзитетот Велико Трново „Св. Кирил и Методиј“.
„Ќе потсетиме дека токму во тоа време се слушаа гласови од владата на Четирикратната коалиција дека ‘доста е со оваа историја’, ‘да им свртиме грб на историските проблеми’ итн. Но, нашите гласови се слушнаа и беа вградени во т.н. француски предлог, прифатен во двете земји. Се надеваме дека и во иднина ќе продолжиме да ги браниме бугарските интереси во споровите за јазикот и за личности како браќата Миладиновци и Гоце Делчев“, наведуваат тие.
Македонија
Демократски сојуз: Грешки со историски димензии

Демократскиот сојуз предупредува на процес на сечење на македонските корени преку заедничката комисија за историски и образовни прашања, со што се отвора процес на бугаризација на Македонија.
„Работата на оваа комисија е рефлексија на решенијата содржани во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија со кој се дефинира заедничка историја и формирање на Комисија за историски и образовни прашања. Формулациите за заедничко чествување на Светите Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил и препораките за менување на учебниците во двете земји кои ги усогласила заедничката комисија, директно го менуваат историскиот наратив во полза на бугарската национална и етничка кауза во Македонија“, порачуваат од партијата.
Демократскиот сојуз оценува дека е неприфатливо со административни комисии и решенија да се менува минатото, со интенција со релативизирање на историските факти да се негира и обезличува македонскиот идентитет. Ова е безуспешен обид на транспозиција на современата свест во далечното минато и погрешно сфаќање на историјата, формирана во периодот на комунизмот.
„Со оспорување на македонските просветители и револуционери кои се дел од КОДОТ на секој Македонец, се негира македонскиот идентитет, неговите корени и иднината. Да потсетиме, тој што нема историја, нема иднина, а токму тоа сега се прави“, велат оттаму и ги повикуваат историчарите од Македонија, од регионот и од Европа и сите прогресивни луѓе „да застанат зад историските факти во одбрана на македонскиот народ и неговиот идентитет, историја, култура и јазик“.
„Договорот е со фабричка грешка, бидејќи поаѓа од наводна заедничка историја која ги поврзува двете држави и нивните народи, но Бугарија под таа формулација подразбира ‘бугарска историја’. Како држава, треба да ги процениме сите ризици од прифаќање на решенијата на Комисијата за историски и образовни прашања, како и од продолжување на нејзината работа, особено што овие обврски се дел од Протоколот потпишан од министрите за надворешни работи на двете земји и истовремено се составен дел на Преговарачката рамка за нашето пристапување кон ЕУ, кои Бугарија може да ги користи за уцени и блокирање на евроинтеграциските процеси на Македонија“, е ставот на Демократскиот сојуз.
Македонија
СДСМ: Потонаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за наводно менување на историјата

„Паднаа во вода сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со кои со месеци ги вознемируваа граѓаните и се обидуваа да создадат нови поделби. Со усвоените препораки на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања стана јасно дека во нив нема ништо спорно, затскриено, нема никакво бришење или менување на историјата по бугарски терк, како што лажеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, порачуваат од владејачката СДСМ.
Ставот на партијата е дека „усвоените препораки за одредени учебници во основното образование се на база на реципроцитет и ќе бидат доставени и до македонската, но и до бугарската влада“.
„Ова ги демантира грубите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и покажува дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сакаат да го нарушат процесот на решавање на отворените прашања со Бугарија. За разлика од таквиот однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ продолжува да бара решенија за отворените прашања, при тоа заштитувајќи ги македонскиот идентитет, македонската историја и самобитност“, порачуваат од СДСМ.