Македонија
Терористите од Куманово планирале да се приклучат на Исламската држава
Двајцата убиени водачи на вооружената група којашто се судри со македонската полиција во Куманово, Бег Ризај и Мирсад Ндрецај, планирале да ги ослободат двајцата озлогласени криминалци кои важеле за верски фанатици од косовскиот затвор во Грдовци, кај Подуево, а потоа да се приклучат на групите на Исламската држава во Сирија.
„Индоктринирани со исламски верски фанатизам, планот им бил по бегството да се приклучат кон терористичките групи во војната на Исламската држава во Сирија“, пишува весникот Koha ditore.Според податоците на Косовската информативна агенција (КИА) и полицијата, на коишто се повикува приштинскиот дневен весник Koha ditore, планот бил затворениците Бурин Баса и Бедри Красниќи, по ослободувањето да се приклучат на терористичките групи во Сирија.Весникот којшто пишува дека има увид во истражните акти, наведува дека овој заклучок произлегува од прислушуваните телефонски разговори на затворениците со луѓе од надвор, односно од меѓусебната комуникација на сите осудени.Вооружениот напад на затворот со којшто би се ослободиле затворениците требало да го изведе група од 44 лица на чело со Ризај и Ндрецај. Баса и Красниќи се профилирани како верски екстремисти, се додава.Красниќи бил борец во редовите на Ослободителната војска на Косово (ОВК – УЧК), а е осуден на 27 години затвор за убиство на двајца припадници на полицијата и на уште 17 години затвор за киднапирање на косовскиот бизнисмен Азем Морина.Убиените полицајци воделе истрага за убиството на Тахир Земај, тогашен советник за безбедност на поранешниот претседател на Косово Ибрахим Ругова. Бурим Баса, кој неколкупати успеал да избега од затворот, е осуден на 16 години затвор за неколку кривични дела, меѓу кои најмногу има грабежи.Косовскиот весник и во вторникот објави детали за вооружената група во Куманово, којашто според весникот планирала напад на затворот кај Подуево. Весникот пишуваше дека водачите на групата, наводно со лица од македонската Управа за безбедност и контраразузнавање го договарале инцидентот во Куманово за што за возврат би добиле пари.Во судирот меѓу вооружената група и македонската полиција во Куманово на 9-ти и 10-ти мај, беа убиени 10 припадници од групата, 30 беа уапсени, додека еден е во бегство. Во дводневните борби во „Дива населба“ во Куманово загинаа осуммина полицајци. Телата на деветмина косовски државјани беа предадени на семејствата во Косово и во понеделникот и вторникот беа погребани со високи почести./крај/мф/ффс
Извор: Koha ditore, Tanjug, RTS
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.