Македонија
ТИ: Македонија на 66 место според индексот за корупција
Во најновиот извештај на Транспаренси интернешнал Македонија е рангирана на 66 место според индексот на перцепција на корупцијата меѓу 167 земји во светот.
Македонија и оваа година, е рангирана врз основа на шест истражувања, кои биле објавени до крајот на 2015 година, при тоа користени се исти извори како и во последните две години. Имено за потсетување Македонија изминатите две години имаше мал напредок во однос на на Индексот на перцепцијата на корупцијата така што во 2013 година беше рангирана на 67 место додека во 2014 на 64 место.Индексот е базиран врз нивото на корупцијата во јавниот сектор. Најкорумпирани во светот се Сомалија и Северна Кореја, додека на врвот на списокот се Данска и Финска. Од земјите во регионот Словенија е на 35то место, Хрватска на 50то, Грција на 58, Црна Гора на 61, Турција на 66, Бугарија на 69, Србија на 71, БиХ на 76, Албанија на 88, а Косово на 103то место.Според извештајот, Данска, втора година по ред, е на првото место како држава каде има најмала корупција – со оценка 91 од максимални 100. Сомалија и Северна Кореја се на дното од листата со оценка осум.САД и Велика Британија се со најдобра оценка во историјата на таквите анализи. САД се на 16 место со оценка 76, а Велика Британија е на 10-то место со 81 индексни поени.На првите десет места се Финска (90), Шведска (89), Нов Зеланд (88), Холандија (87), Норвешка (87), Швајцарија (86), Сингапур (85) и Канада (83 индексни поени).Русија е на 119 место, а следат Азербејџан, Гвајана и Сиера Леоне. Сите тие држави имаат по 27 индексни поени.Индексот на перцепцијата на корпцијата е всушност составен врз основа на резултатите од други релевантни истражувања кои биле објавени во последниве 24 месеци. При тоа, основен услов одредена територија/држава да биде рангирана е да биде опфатена со најмалку три иницијални истражувања од вкупно 12 можни. Сите тие истражувања ја мерат перцепцијата за корумпираноста на јавниот сектор и претставуваат мислење на експерти, претставници од институции и деловни лица, најчесто од странство. Секој од овие извори се оценува врз основа на веќе утврдени критериуми од страна на ТИ. Транспаренси интернешнал наведува дека луѓето во светот бараат од владите да бидат потранспарентни и да прават повеќе во справувањето со корупцијата која го спречува развојот на многу земји./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одѕивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а намалку во Врапчиште
Процентот на избирачите кои гласале до 13 часот е 26,35 отсто, информираше претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.
Според податоците, најголема е излезноста во Новаци – 42,87, а најмала во Врапчиште 10,18 отсто.
Заклучокот е дека досега гласањето се одвива мирно на сите избирачки места.
До ДИК се доставени 140 приговори за заштита на избирачко право, од нив 16 се усвоени и на избирачите им е овозможено да остварат право на глас, 8 се отфрлени како неуредни, а 9 одбиени. Останатите се во обработка.
Македонија
Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач
Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, Радовишко, има едно лице што го покажало гласачкото ливче на набљудувач, изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
„Од отворањето на гласачките места до 11.00 часот регистрираме две фотографирања на гласачко ливче, едно во Штип и едно во Скопје. Во 09.30 часот на избирачко место 2274 во Штип Г.Ј. го фотографирал гласачкото ливче и од страна на полициски службеници од СВР Штип се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во 09.20 часот на гласачко место 2844 во ОУ „Јохан Х. Песталоци“ во Скопје, С.М. (57) го фотографирала гласачкото ливче и од страна на СВР Скопје се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаде Ангеловски.
Тој посочи дека досега МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, односно гласањето се одвива мирно и без проблеми.
Ангеловски дополни и дека димна бомба има на гласачко место, а пријавени се и летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити.
До 11 часот е пријавено дека на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до 9 часот, се искачи на 12,78 отсто.
Македонија
Најдена испукана димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места.
„Досега МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, тоа се одвива мирно, без проблеми. Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, Радовишко, има едно лице што го покажало гласачкото ливче на набљудувач.
За сите овие настани, како што вели тој, се преземаат мерки за расчистување на случаите.
„Покрај тоа, на територијата на општина Чаир се забележани летоци, кои биле оставени на паркирани возила, а исто така се испишани и два графита. На едно гласачко место во Скопје, покрај испишаниот графит, од страна на претседател на избирачки одбор е пријавено дека во 6.30 часот во ходникот е пронајдена димна бомба. Веднаш се преземени мерки и активности и на ова место гласањето се одвива непречено“, додава Ангеловски.
Апелира до граѓаните и учесниците на изборите – во текот на гласањето, до завршувањето, да се воздржат од какви било инциденти.