Контакт

Македонија

Тодоров од интерпелацијата се брани со проекти

Објавено пред

Собранието на 80-та седница расправа по интерпелацијата за работата на министерот за здравство Никола Тодоров, поднесена од пратеничката група на СДСМ, во која се бара смена на министерот поради „системските проблеми и хаосот во здравството што резултира со трагични последици врз граѓаните и врз пациентите,“ а министерот се брани со проекти без да се осврне на починатите пациенти.

dobivaj vesti na viber

Тодоров, според СДСМ, треба да понесе одговорност за несоодветното и нестручно управување со здравствениот систем, со ресурсите, со немањето стратегија за развој, за нереализирана здравствена картичка, за ниските плати и изгубеното достоинство на „белите мантили“, за заминувањето на 700 лекари од Република Македонија, за смртта на Тамара и на родилката и нејзиното бебе во Гевгелија, за неуспешниот „Мој термин“, жените од Шутка и Бутел кои немаат гинеколог, како и поради 36.000 пациенти на инсулин…„Нема педијатри во јавното здравство, затоа смртноста расте. Изгубена е довербата и во системот на вакцинација. Граѓаните си купуваат вакцини од странство. Требаше да си одите и затоа што го растуривте и Клиничкиот центар. Нема редовно греење во болниците, нема редовни реагенси за компјутерско снимање, нема антибиотици, ги нема основните лекови, а да не зборуваме за цитостатици. Долги се листите за чекање за зрачна терапија. Требаше да си одите и поради неуспешниот „Мој термин““, рече пратеничката Јагода Шахпаска од СДСМ, во објасниувањето на интерпелацијата. Шахпаска му рече на Тодоров дека требало да си замине од функцијата кога го уништиле стоматолошкиот центар, а и поради криминалните тендери.„Гoсподине Тодоров, доста е, одете си ако се уште имате совест. Не може доктори во алкохолизирана состојба да доаѓаат на работа и да одлучуваат за човечки животи. 700 лекари ја имаат напуштено Македонија. Нема педијатри, децата од 0 д 6 години нема каде да се лекуваат и затоа смртноста е во пораст. Клиниките тонат во долгови кои достигнаа милиони евра за јавното здравство. Должи и клиниката на докторката која ја наградивте. Нема реагенси за компјутерски снимања, нема реагенси за лабараториски анализи. Пациентите сами си купуваат лекови на клиниките“, рече Шахпаска.  Министерот Тодоров, обраќајќи се пред пратениците рече дека интерпелацијата ќе ја образложи со наведување успешни проекти во здравството. „Јас денеска нема да дозволам да паднам на овие евтини политички трикови коишто како ваша политичка матрица постојано ја спроведувате во Република Македонија. Јас ќе зборувам за проекти, за тоа што сме го направиме“, рече министерот Тодоров одговарајќи и на пратеничката Шахпаска. Според него, сето она што таа го наведе потсетува на едно време што, поминало со многу висок бебешки морталитет, немање зрачна терапија, долги листи на чекање, огромни долгови, за немање средства во јавното здравство. „Кажавте многу неточности, многу неточности. Рековте дека има долга листа на чекање за зрачна терапија, но во јавното здравство не се чека подолго од три дена“, рече Тодоров.Тодоров се осврна на успешното функционирање на Државната кардиохиругија и детската кардиохирургија, каде што, како што посочи, околу 50 проценти од интервенциите се направени од македонски лекари. Информира, дека до сега се извршени над 160 кардиохируршки интервенции во детската кардиохирургија. Воспоставена е мрежа на интервентна кардиологија во Македонија, достигнат е европскиот стандард. Воведен е „Мој термин“ – централизиран систем, кој содржи вкупно 1.645.378 електронски досиеја, а само од почетокот на 2015 година се креирани 7 милиони упати и 22 милиони рецепти. „Системот функционира“, вели министерот Тодоров, а дека намалувањето на цените на лековите е системска мерка воведена од Владата, а од 1 февруари 2012 година извршени се осум намалувања, со што се опфатени над 4.700 лекови и заштедени се над 33 милиони евра.За поливалентните вакцини, Тодоров рече дека со воведувањето на пет и шествалентните вакцини  е намален бројот на боцкања од 13 на 7 во првите две години.„Со проектот „рурален доктор“ опфатени се 1.227 населени места во државата, лоцирани во 72 општини, во кои живеат околу 360 илјади жители. Досега од почнување на функционирање на овој проект се извршени над 150 илјади прегледи. Со руралните аптеки во населени места се покриени до 3.500 жители. Со оваа мерка се опфатени над 130 илјади жители. Со подвижни аптеки се опфатени помали места до 1.000 жители, а досега се доделени шест лиценци, со кои се опфатени 304 населени места“, појасни Тодоров.Тодоров меѓу успешните проекти го спомена и бесплатниот мамографски скрининг за жените на возраст од 50 до 60 години, во 17 јавни здравствени установи низ целата држава.Говореше и за 2.084 здравствени работници кои се едуцирале во поголем број држави во Европа, САД и Австралија. Само во 2015 година, според него, вкупно 1000 здравствени работници се упатени на едукација-специјализација во странство во реномирани медицински центри во Германија, Хрватска, Србија.Тодоров го потенцира и враќањето на 200 специјалисти од приватното во јавното здравство, додавајќи дека порано процесот беше обратен. Потсети и на инвестициите за реновирање и обнова на јавните здравствени установи.Вкупно досега, како што наведува Тодоров, се инвестирани над 100 милиони евра за набавка на нова најсовремена медицинска опрема. По излагањето на министерот Тодоров како одговор на поднесената интерпелација од пратениците од СДСМ, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски даде редовна пауза, по која продолжува седницата./крај/мф

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Објавено пред

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, неправедно ја клеветел.

dobivaj vesti na viber

„Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел да ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста, Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки“, пишува Петровска.

Во продолжение таа додава дека не сака пари од нечесник и се откажува од паричниот надомест.

„Секој го прави тоа што најдобро го знае, тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“, додава Петровска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема

Објавено пред

Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.

dobivaj vesti na viber

„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.

Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.

Прикажи повеќе...

Македонија

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Објавено пред

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.

dobivaj vesti na viber

Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје...

Регион2 часа

Почна нова детална потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во...

Регион3 часа

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа3 часа

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет3 часа

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа3 часа

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија16 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија17 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија19 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија20 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија21 час

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ22 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија22 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија23 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија1 ден

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет1 ден

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет1 ден

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија1 ден

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион1 ден

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...