Контакт

Македонија

Тошковски: „Безбеден град“ наскоро ќе казнува и мотоциклисти без кацига

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети фестивалот „Мото Илинден Урбан драјв“, кој од 1 до 4 октомври се одржува на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Во фокусот на фестивалот, покрај промоцијата на мотоциклизмот, е подигнувањето на свеста за безбедно учество во сообраќајот, соопшти МВР.

Во рамки на фестивалот се организираат тест-возења, работилници за безбедно управување со мотоцикл, едукација на почетници, како и активности за правилна употреба на заштитната опрема и запознавање со законските прописи од областа на сообраќајот. Во едукативниот дел е вклучен и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Тошковски ја поздравил иницијативата и посочил дека едукацијата, личната одговорност и почитувањето на сообраќајните правила се клучни за поголема безбедност на мотоциклистите, кои се меѓу најранливите учесници во сообраќајот.

„Љубовта кон моторите, адреналинот и слободата што ја носи мотоциклизмот секогаш мора да одат заедно со одговорноста. Кацигата и заштитната опрема, почитувањето на ограничувањето на брзината и сообраќајните правила не се формалност, тие спасуваат животи. Затоа ваквите настани се важни, особено за младите и за оние кои првпат влегуваат во светот на мотоциклизмот“, истакнал Тошковски.

Од МВР информираат дека континуирано се спроведуваат засилени акциски контроли во сообраќајот, вклучително и контроли насочени кон возачите на мотоцикли и мопеди, со посебен акцент на брзината, поседувањето соодветна возачка дозвола, употребата на заштитна кацига и почитувањето на останатите сообраќајни правила.

Како дополнителен чекор во оваа област, од МВР го посочуваат системот „Безбеден град“, кој ги детектира и прекршоците сторени од возачи на мотоцикли. Со помош на вештачката интелигенција, системот наскоро ќе може да ги казнува и оние кои не носат кацига и со тоа го загрозуваат својот живот и животот на другите учесници во сообраќајот.

Тошковски посочил дека резултатите од новиот пристап кон сообраќајната безбедност веќе се видливи. Според него, во првите девет месеци од годинава има 33 жртви помалку во сообраќајот во споредба со истиот период минатата година, односно околу 30 проценти помалку загубени човечки животи.

Бројот на повредени лица, како што навел, е намален за околу 19 проценти, а во позитивниот тренд се вклучени и сообраќајните незгоди во кои учествуваат мотоциклисти.

„Овие резултати не се само бројки. Зад секоја бројка стои човечки живот, семејство и нечија иднина. „Безбеден град“, засилените контроли, едукацијата и, пред сè, одговорното однесување на граѓаните покажуваат дека можеме суштински да ја промениме сообраќајната култура. Нашата цел е јасна – помалку незгоди, помалку повредени и што е можно помалку загубени човечки животи“, порачал Тошковски.

МВР најавува дека ќе продолжи со превентивните активности, едукацијата, засилените контроли и примената на современи технологии, со цел поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

Најново

Забава5 минути

Направете една едноставна работа пред првото утринско кафе: стомакот ќе ви биде благодарен

Ако вашата прва утринска навика е посегнување по шолја кафе, можеби би било добро претходно да испиете чаша вода. Внесувањето...

Македонија10 минути

„ДПМНЕ им создаде хаос на занаетчиите и сѐ уште ги држи во неизвесност – луѓе остануваат без здравствено, со блокирани сметки и неизвесна егзистенција“, велат од Левица

„Поминаа недели откако Левица реагираше за хаосот што УЈП го создаде со новиот начин на пресметка на придонесите за занаетчиите,...

Забава11 минути

Поранешните партнери се враќаат во октомври: Три хороскопски знаци мора да одлучат што сакаат

Според астролозите, октомври би можел да донесе враќање на луѓе од минатото за одредени хороскопски знаци, принудувајќи ги да се...

Македонија17 минути

„Филипче проговори за скандалот тежок 37 милиони евра дури откако се скара со Петровска, Обвинителството да го повика на информативен разговор“, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Откако се продлабочи политичкиот конфликт меѓу Венко Филипче и Славјанка Петровска, Филипче излезе со сериозни обвинувања за наводен скандал вреден...

Спорт22 минути

Седлоски: Бев борец како играч, таков сум и сега, не се предавам

Фудбалската репрезентација на Македонија цели 787 минути е без постигнат гол. Во мандаторт на Гоце Седлоски навионалниот тим нема постигнато...

Култура27 минути

Младите ја преземаат режисерската палка: Филмски крик против булингот со Марија Џиџева

Во организација на МФФ Киненова и Општина Кисела Вода, во Домот на културата „Билјана Беличанец“ успешно се реализира тридневната филмска...

Македонија30 минути

ЕУ воведува построги правила за враќање на мигрантите

Министрите за внатрешни работи на Европската унија постигнаа договор за построги правила за враќање на мигрантите. Целта на новите мерки...

Забава32 минути

(Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

Со два милиони пребарувања за #pumpkinspicehair на TikTok, оваа прекрасно топла и пријатна нијанса ги спојува најдобрите бои на есента....

Свет38 минути

(Видео) Кај американски шпион пронајдени 298 златни прачки; призна измама тешка 200 милиони долари

Поранешниот службеник на ЦИА, уапсен откако властите пронашле стотици златни прачки во неговиот дом, призна дека извршил измама тешка 200...