Контакт

Македонија

Тошковски е против Армија кај водоводите: Тоа не е работа на војската, опозицијата, без хистерија, да се фокусира на доброто за  граѓните

Објавено пред

За министерот за внатрешни работи Панче Тошковски неприфатлив е предлогот на опозицијата водоводите да ги чува Армијата оти сегашното обезбедување се покажа нефункционално, по загадувањето со фекални бактерии на водата во Гостивар. Тошковски денес соопшти дека водата во Гостивар е прочистена до степен да се користи како техничка, но не и за пиење и одговарајќи на новинарски прашања кажа зошто е против предлогот Армијата да ги чува водоводите во земјава.

„Дали лично сметам дека војската треба да обезбедува водоводни системи? Не. Не сметам. Тоа не е работа на Министерството за одбрана и не е работа на војската, барем не во мирнодопски услови“, рече министерот Тошковски.

Тој смета дека секоја институција во рамки на општините која е надлежна да ги чува водоводите е должна а ги преземе сите неопходни законски мерки за водата да биде безбедна. Тошковски порача опозицијата да не шири хистерија туку да работи за доброто на граѓаните.

„А на опозицијата би ѝ препорачал: наместо да ја замрачува атмосферата кај граѓаните, наместо да предизвикува хистерии, наместо да ја насочува кон уривање на сè она коешто е видливо за граѓаните, а тоа е дека оваа Влада навистина прави максимум од она коешто го начекавме, а начекавме тоа што начекавме, навистина јас би им препорачал да се фокусираат на доброто на граѓаните, ама искрено, не со хистерија. Зошто? Заради тоа што  дали на вонредни избори, дали на редовни избори, граѓаните се многу мудри и гледаат што се случува и ќе ги остават таму каде што се моментално, уште многу години ако вака продолжат. Ова е еден добронамерен совет од мене до опозицијата“, рече министерот Тошковски.

Водата во Гостивар од денеска може да се користи за технички потреби, како капење, перење, миење садови и одржување на домаќинството, но и понатаму не е дозволена за пиење и подготовка на храна.

Најново

Спорт51 минута

(Видео) Гаштаров избори пенал, Црвена звезда го победи Партизан

Црвена звезда го победи Партизан со 2:1, во јубилејното 180-то вечно дерби. Дури и најбрзиот гол во историјата не им...

Свет58 минути

Победата на АфД ја тресе Германија: Мерц пред тежок политички тест

Убедлива победа за Алтернатива за Германија (АфД) и тежок пораз за Христијанско-демократската унија (ЦДУ) – изборите во Саксонија-Анхалт би можеле...

Свет1 час

(Видео) „Боинг 767“ излета од пистата во Мајами и заврши на пат

Товарен авион „боинг 767“ излета од пистата при слетување на Меѓународниот аеродром во Мајами и заврши на пат надвор од...

Спорт1 час

Турските одбојкарки ја одбранија европската титула

Турската женска одбојкарска репрезентација, на домашен терен, ја одбранија континеталната титула. Избраниците на селекторот Даниеле Сантарели го победија големиот ривал...

Свет1 час

Зеленски: Можни се нови преговори со Русија, за териториите мора да разговараат лидерите

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека е можно продолжување на преговорите меѓу Украина и Русија, но дека клучните прашања, вклучително...

Забава1 час

Проверете ги пораките и сметките: Три знаци може да ги израдуваат пари до 15 септември

Според астролошките предвидувања, три хороскопски знаци би можеле да имаат особено поволен финансиски период до 15 септември. Биковите, Стрелците и...

Забава2 часа

Бјанка Ценсори откри што мисли за голотијата и дали Канје ѝ кажува што да носи

Австралиската уметница Бјанка Ценсори за првпат отворено проговори за својот имиџ, односот кон голотијата и модните комбинации со кои веќе...

Македонија2 часа

Активен пожарот кај Стенковец, избувнаа уште два кај Кондово и Ѓорче Петров

Пожарот кај Стенковец сè уште е активен, а скопските пожарникари се на терен и го гаснат, информира вечерва директорот на...

Македонија3 часа

Ставен под контрола пожарот што се закануваше кон Милетино

Пожарот кај Милетино, во Општина Брвеница, е ставен под контрола, откако во неговото гаснење беа ангажирани два „ер трактори“ и...