Контакт

Македонија

„Тошковски го штити кумашинот Јанушев“, велат од СДСМ

Објавено пред

„Скандалот со митото на возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, отвора многу посериозни прашања за неговата инволвираност. Според јавно објавените информации, биле побарани 1.500 евра мито за да се „заврши“ вработување како пожарникар, а акцијата била спроведена при предавање на 500 евра“, велат од СДСМ.

„Зошто истрагата застанала тука? Зошто не било дозволено парите да го продолжат патот за да се утврди кој навистина стои зад ова и кој навистина го „завршил“ вработувањето? Возач не може сам да вработи пожарникар, ниту да влијае на конкурс, избор на кандидат или на одлука за вработување.

Но Јанушев, како генерален секретар на Владата, како член на ИК на ВМРО, има. Дали Панче Тошковски го спаси својот кумашин Јанушев? Со прекинување на акцијата е спречен нејзиниот понатамошен развој. Ова е причина плус Јавното обвинителство да одговори зошто акцијата е прекината пред да се утврди целиот тек на парите и сите можни учесници.

И во случајот со ИПАРД, кога беше уапсен директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, јавноста не доби целосен одговор каде водела трагата на парите и дали истрагата стигнала до сите можни учесници.

Сега повторно имаме случај во кој се апси човек што е непосредно фатен, но останува неодговорено најважното прашање – кој стои над него?

Откако Савески се врати од екскурзија и седна до Мицкоски, СДСМ бара да отвори истрага за случајот со возачот на Јанушев, која ќе се прошири и на Јанушев. Граѓаните заслужуваат одговори. Одговорност мора да има“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Најново

konfekcija, minimalna plata, mtsp, drzavna pomos konfekcija, minimalna plata, mtsp, drzavna pomos
Македонија1 минута

Исмаил: СДС не предлага 600 евра минимална плата, туку субвенционирање на газдите со народни пари

Пратеникот и потпретседателот на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, реагира на обидите на СДС да ја претстават Левица како против...

Македонија12 минути

Општина Ародром: Нов асфалт на улицата „Гаврил Константиновиќ“ во Лисиче

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности на улицата „Гаврил Константиновиќ“ во населбата Лисиче, каде...

Европа13 минути

(Видео) Убиена лекарката на британското кралско семејство

Докторката Хана Кејн, која наводно лекувала членови на британското кралско семејство, е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Дерсингем, во...

Свет19 минути

(Видео) Две лица загинаа при уривањето на зградата, потрагата продолжува: трагични вести од Истанбул

Бројот на жртви во уривањето на седумкатница во истанбулскиот кварт Малтепе се искачи на две, додека спасувачките екипи продолжуваат да...

Забава26 минути

Огромна сума пари до 20 октомври пристигнува за три хороскопски знаци

Првата половина на октомври може да донесе нешто што одредени хороскопски знаци со нетрпение го очекуваат – опиплива финансиска промена....

Македонија36 минути

Влен: 335 илјади евра за маката на Груби, додека над 350 илјади Албанци ја напуштија земјата

„Маката на Артан Груби е пасошот. За него се понудени над 335 илјади евра гаранција, само за да биде на...

Македонија37 минути

ДУИ: Уставниот суд донесе одлука со која се создава исклучително опасен преседан за албанскиот јазик и за правната сигурност во земјата

Вчера Уставниот суд донесе одлука со која се создава исклучително опасен преседан за албанскиот јазик и за правната сигурност во...

Забава39 минути

Прецизен список на намирници што помагаат во согорувањето на маснотиите: Ќе слабеете полесно

Ако под „храна што согорува масти“ подразбираме намирници што согоруваат калории без никаков напор од наша страна, тогаш мора да...

Спорт40 минути

Ливерпул нуди 50 милиони долари за вундеркиндот од Клуб Тихуана

Ливерпул би можел да го доведе еден од најталентираните млади играчи во светот во зимскиот преоден рок. Англискиот гигант го...