Контакт

Македонија

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го пушти во употреба вториот дел од приземјето од реконструираното Одделение за управни работи – Скопје, сместено во зградата на МТВ.

Со завршувањето на оваа фаза, целосно е ставена во функција нова, модерно опремена шалтер сала со над 10 шалтерски позиции, како и дополнителни канцеларии за вработените, санитарни јазли и кујна, но и посебен простор за чување и складирање на досиеја и материјали од трајна вредност, велат од ресорното министерство.

Во почетниот период, во рамки на новата шалтер сала ќе се обезбедуваат услуги поврзани со постапките од областа на возилата, вклучително и шалтер „Безбеден град“, наменет за проверка и ажурирање на контакт податоците на граѓаните, со план за понатамошно проширување на услугите согласно потребите.

„Со завршувањето на оваа фаза, во функција ставаме современа шалтер сала која ќе овозможи побрзи, поефикасни и поквалитетни услуги за граѓаните, но и значително подобри услови за работа на вработените. Продолжуваме со јакнење на капацитетите на Министерството и модернизација на услугите што ги обезбедуваме“, истакна Тошковски.

Во текот на изминатата година, министерствот, потсетуваат од таму, веќе пушти во употреба осум нови канцеларии на управни служби низ државата, со што значителен дел од граѓаните добија пристап до побрзи и подостапни услуги кои претходно не им биле достапни.

„Министерството за внатрешни работи и понатаму ќе продолжи со инвестиции во инфраструктурата и човечките ресурси, со цел унапредување на квалитетот на услугите и создавање поефикасна и граѓански ориентирана администрација“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

СДСМ: ЗНАМ се распаѓа на сите нивоа, уште еден член ја напушти партијата

Објавено пред

Од

По пратеникот во Собранието Миле Цеков, уште еден член на ЗНАМ го напушта владејачкото мнозинство, овој пат советничката Мирјана Стеваноска на ЗНАМ во Советот на општина Прилеп, велат од СДСМ.

„Оваа група, создадена од Максим Димитриевски, а финансирана од Мицкоски и ВМРО-ОКГ со единствена цел растурање на СДСМ, прво ја предаде својата матична партија, а потоа и своите гласачи со влегувањето во тендер коалицијата со најголемиот непријател на Македонија – криминалната организација ВМРО-ОКГ. Како што самиот пратеник Цеков јавно кажа дека ЗНАМ ги изневери своите избирачи и дека не исполнил ништо од предизборните ветувања, сега тоа го гледаат и останатите членови“, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека веруваат дека постојат уште луѓе во ЗНАМ кои биле измамени и кои не биле водени од личен интерес, туку од интересот на граѓаните на Македонија.

„На нив им порачуваме: не останувајте како соучесници и соработници во најголемото предавство на земјата заедно со криминалната група. ЗНАМ се распаѓа. Останува само празна школка која ВМРО-ОКГ ја користи за своја пропаганда и напади врз СДСМ. Затоа повеќе не постојат во истражувањата, останаа само статистичка грешка. Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сељатин Бељули е именуван за државен секретар на МЖСПП

Објавено пред

Од

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска оствари средба со новоименуваниот државен секретар Сељатин Бељули, при што му посака успешна работа во Министерството.

Бељули има повеќедецениско искуство во државната администрација. Во текот на својата кариера ја извршувал функцијата директор на Агенцијата за вработување, како и државен секретар во Министерството за образование и наука. Тој е дипломиран педагог на Филозофскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Министерот Хоџа истакна дека искуството и професионалноста на Бељули ќе придонесат за ефикасно функционирање на институцијата и успешно реализирање на приоритетите на Министерството.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поднесено обвинение за обезбедувачот на Мицкоски кој ја давеше сопругата

Објавено пред

Од

Обвинителството поднесе обвинение за телесна повреда против обезбедувачот на премиерот, Христијан Мицкоски, кој ја нападна својата сопруга.

Според наводите во обвинителниот предлог, обвинетиот, по претходна вербална расправија во семејниот дом, физички ја нападнал сопругата, удирајќи ја по лицето и главата пред нивната малолетна ќерка, по што ја фатил за вратот и започнал да ја дави. Со дејствијата на обвинетиот, на оштетената ѝ биле нанесени телесни повреди и предизвикана психичка вознемиреност.

Оштетената успеала да се засолни во тоалет, а подоцна, додека со детето се обидувала да го напушти домот, обвинетиот ѝ го одзел и оштетил нејзиниот мобилен телефон. Заедно со ќерката побарале помош кај сосетка, која ги примила во својот дом.

Со обвинителниот предлог е доставен и предлог за продолжување на мерката притвор поради постоење околности што укажуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да стане недостапен на органите на прогонот, како и поради постоење реални околности дека може да го повтори делото. При тоа е земено предвид дека обвинетиот живее во заеднички семеен дом со оштетената и нивната малолетна ќерка, пред чии очи било извршено насилството.

 

„Тоа е доказ дека системот функционира“: Мицкоски за притворениот член на неговото обезбедување кој ја нападнал сопругата

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

СДСМ: ЗНАМ се распаѓа на сите нивоа, уште еден член ја напушти партијата

По пратеникот во Собранието Миле Цеков, уште еден член на ЗНАМ го напушта владејачкото мнозинство, овој пат советничката Мирјана Стеваноска...

Македонија29 минути

Сељатин Бељули е именуван за државен секретар на МЖСПП

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска оствари средба со новоименуваниот државен секретар Сељатин Бељули, при што...

Македонија35 минути

Поднесено обвинение за обезбедувачот на Мицкоски кој ја давеше сопругата

Обвинителството поднесе обвинение за телесна повреда против обезбедувачот на премиерот, Христијан Мицкоски, кој ја нападна својата сопруга. Според наводите во...

Македонија37 минути

(Видео) Нема Македонец ниту како патник ниту како член на екипажот на крузерот со хантавирус, Андонова вели граѓаните да бидат спокојни

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) е подготвен да дијагностицира пациенти заразени со хантавирусот кој е откриен на крузерот во Јужен...

Економија1 час

Левица: Фотоволтаиците открија колапс на електроенергетскиот систем, предлагаме интервентни мерки за стабилизација

Постоечкиот електроенергетски систем не е подготвен да се справи со зголеменото производство на електрична енергија од фотоволтаици, велат од Левица....

Спорт1 час

ПСЖ ќе им обезбеди на вработените бесплатен превоз и билети за финалето на ЛШ

Претседателот на шампионите на Европа повторно одлучи да ги награди сите вработени во ПСЖ. Париз Сен Жермен ќе им обезбеди...

Црна хроника1 час

Измамена велешанка: преку СМС добила порака за сторен сообраќаен прекршок

Вчера во 16:00 часот во СВР Велес, 43-годишна велешанка пријавила дека била измамена за сума од 16.592 денари. Според пријавеното,...

Црна хроника1 час

Со картичка и полномошното на покојниот сопруг подигала пари од банкомат: кривична за делчевка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Р.С.(54) од Делчево. Таа се сомничи за сторено кривично дело...

Македонија1 час

Мисајловски: Како НАТО членка нашата амбиција е да бидеме уште поактивно вклучени во европските одбранбени иницијативи

Денеска во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски се сретна со делегација од Европската Унија предводена од Космин Добран, директор...