Контакт

Македонија

Тошковски за запленетите лекови: Дел биле наменети за домашниот пазар, дел за соседна држава

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека дел од лековите што биле нелегално внесувани во земјава биле наменети за македонскиот пазар, а дел, според првичните информации, за пазарот на територија на нашите соседи.

Тој, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека акцијата произлегла од претходно преземени оперативни постапки и докази обезбедени од одземени мобилни телефони.

Дополнително обезбедените докази довеле до преземање на активностите за разоткривање на криминалната група. Тој посочи дека постапката се води во координација со Јавното обвинителство.

МВР вчера соопшти дека во акцијата за сузбивање криминална група инволвирана во криумчарење стоки и коруптивни кривични дела се поднесени кривични пријави против осум лица, а шест лица биле лишени од слобода.

При претреси на повеќе локации во Скопје, Тетово и Гевгелија биле пронајдени и одземени над 100.000 евра, 16 плочки со златна боја, цигари и тутун без акцизни маркички, поголема количина лекови и суплементи, мобилни телефони и други предмети.

Според МВР, групата дејствувала во периодот од 2024 до 2026 година, а првопријавениот организирал нелегално внесување и складирање цигари и тутун и нивна понатамошна препродажба. Полицијата наведува дека преку давање поткуп на царински службеник било овозможувано пренесување стока преку царинската линија без пријавување и плаќање давачки, како и нелегално внесување лекови и суплементи наменети за продажба.

Осумте лица се пријавени за повеќе кривични дела, меѓу кои криумчарење, прикривање стоки што се предмет на криумчарење, избегнување плаќање акциза, примање и давање поткуп, производство и пуштање во промет штетни средства за лекување и перење пари

Најново

Hitech12 секунди

SETEC ARENA 2026: Два дена. Четири игри. Една арена.

Викендов, на 7 и 8 ноември, Diamond Mall ќе биде центар на македонскиот е-спорт. SETEC ARENA 2026 носи два дена...

Свет20 минути

Песков: Европа е неопходна, но се двоуми

Кремљ изјави дека Европа не успева да се договори кој ќе ја претставува во идните разговори за безбедноста на континентот,...

Македонија38 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Бетон Герасимовски и општината да не лажат, доделија награда „Феникс нелегално“, а не “Јубилејна награда”

„Бетон Герасимовски и Општина Центар, фатени сте живи како лажете, повлечете се од темава и извинете се. Наместо да ја...

Македонија1 час

По секој фемицид слушаме исти ветувања, Билјана, Росица, Катја, уште колку се потребни за институционална одговорност: во недела протест на иницијативата „Ниту една повеќе“

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ составена од група активистки и активисти, организира протест против фемицидите, институционалното насилство и неказнивоста во...

Економија1 час

Серафимовски: Инвестираме 25 милиони евра во „Страиште“ за современо наводнување на 1.500 хектари во валандовскиот регион

Третата фаза на системот за наводнување „Страиште“, вредна 25 милиони евра, ќе опфати 1.500 хектари земјоделско земјиште и ќе ги...

Свет1 час

Зеленски: Треба да знаеме кој ќе реагира ако Русија повторно нападне

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека неговата влада бара од западните сојузници конкретни гаранции за начинот на кој ќе...

Македонија2 часа

Минчев: Европската комисија го нотира напредокот, градиме администрација во која знаењето се претвора во резултати

„Граѓаните не ги оценуваат институциите според нашите планови и ветувања. Ги оценуваат според услугата што ја добиваат, одговорот што го...

Македонија2 часа

Ставот за уставните измени останува непроменет, Мицкоски очекува следната година уште посилен извештај од ЕК

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на напредокот на државата што Брисел го нотираше во нивниот...

Македонија2 часа

Општина Центар: Јубилејните награди се признание за луѓето што оставиле белег во Центар

ВМРО-ДПМНЕ повторно ја манипулира јавноста, овој пат користејќи го јубилејот на Општина Центар за политички пресметки. Градоначалникот Горан Герасимовски додели...