Контакт

Македонија

Трајанова: Буџетот за здравство е зголемен за 7,6 отсто

Објавено пред

Македонското здравство добива значителна финансиска поддршка од над 573 милиони денари, односно зголемување на буџетот за 7,6%. Во ребалансот на државната каса, здравствената заштита за граѓаните е мерлив и опиплив приоритет. Од претходните 7,566 милиони денари, сега се предвидени над 8,139 милиони денари, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Моника Трајанова и додаде дека ова претставува едно од најголемите и најзначајните промени во новото буџетско прекројување.

„Значаен дел од овие пари, односно 300 милиони денари се предвидени за развојните програми на Министерството за здравство, што во пракса значи нови инвестициски проекти и модернизација на македонскиот здравствен систем. Над 60 милиони денари ќе се слеат во ставките, здравствени услуги, медицинска опрема и здравствени објекти. Зголемување над 187 проценти, односно дури 460 милиони денари се предвидени за реконструкција и доградба на јавните здравствени установи“, рече Трајанова.

Но, додаде таа, здравствената заштита не опфаќа само модернизација и нови апарати, туку достапност до здравствена нега за секој еден граѓанин.

Па така, рече Трајанова, во делот на социјалните трансфери, средствата за здравствена заштита се зголемуваат за 1,185 милиони денари, што е чекор напред кон зголемена здравствена заштита за најранливите категории на граѓани.

„Со прекројувањето на државната каса, средства се насочени и кон енергетска ефикасност на јавните здравствени установи, како и проекти за намалување на оперативните трошоци на македонските болници. А една од главните карактеристики на ребалансот е зголемената фискална одговорност, доказ за домаќинско работење, а притоа државата да овозможи вистинска грижа за граѓаните“, рече Трајанова.

Најново

Македонија4 часа

10 години од поплавите, на комеморација прочитани имињата на загинатите: „Времето не ги избриша спомените, ниту пак ја намали тагата“

На комеморативен настан вечерва во Домот на културата 11 Октомври во Ченто беа прочитани имињата на 22 загинати во катастрофалните...

Забава5 часа

Кога е подобро да се зема витамин Д – наутро или навечер?

Витаминот Д е неопходен за здравјето, но често е тешко да се внесе доволно само од храна, поради што додатоците...

Свет6 часа

300.000 жртви на злоупотреба во француските цркви, Папата ќе се сретне со дел од нив

Папата Лав XIV ќе се сретне со жртвите на злоупотреба од страна на свештеници за време на неговата четиридневна посета...

Забава6 часа

Секс еднаш месечно: Дали е тоа доволно за среќен брак?

Многу парови се прашуваат дали имаат доволно интимност, особено кога се споредуваат со другите. Експертите, сепак, истакнуваат дека не постои...

Забава7 часа

Намирници кои треба да ги избегнувате за вечера

Ако често се будите со надуеност и чувство на „тежок стомак“, причината можеби не е количината на храна, туку нејзиниот...

Свет7 часа

Побарувачката за „Патриот“ експлодира, Американците имаат помалку од 850 преостанати пресретнувачи

Побарувачката за американскиот систем за воздушна одбрана „Патриот“ силно порасна оваа година. Војната во Украина и ширењето на конфликтот на...

Свет8 часа

(Фото/видео) Еден од најголемите украински стадиони погоден во руски напад

Во денешниот руски напад врз Одеса, стадионот на „Чорноморец“, еден од најголемите во Украина и дом на истоимениот фудбалски клуб,...

Македонија8 часа

Утре сончево и многу топло време, попладне локален дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а...

Соопштенија8 часа

„Кожувчанка“: Само во последните 5 години, вложивме повеќе од 1.500.000 евра преку донации и спонзорства во Македонија

Општествената одговорност за нас не е обврска. Таа е дел од вредностите на Компанијата, велат од „Кожувчанка“. „Само во последните...