Контакт

Македонија

Трајчулески: Државата е во финансиска агонија, буџетот се распаѓа, владата трупа нови долгови

Објавено пред

Денес на дневен ред, по скратена постапка, имаме закон за задолжување на државата во износ од 260 милиони евра кај комерцијални банки. И уште на самиот почеток би сакал да истакнам дека најодговорниот човек во државата, кој треба денеска да биде тука во Собранието и да објасни не само пред народните избраници, туку и пред македонските граѓани по однос на овој заем – денеска го нема тука во Собранието, рече Митко Трајчулевски од СДСМ.

„Тоа е министерката за финансии, која држеше беседи и делеше покани преку Фејсбук по однос на разрешување на одредени прашања и објаснувања. Меѓутоа денеска гледаме како таа гордо, комитски избега од оваа седница, каде што треба да се дадат клучните одговори на прашањата кои ги загрижуваат граѓаните, затоа што денес зборуваме за народни пари, односно за пари на граѓаните“, рече тој.

Тој го спомена кредитот од Унгарија наменет на стари долгови – 500 милиони, 250 милиони за општините и 250 милиони за компаниите.

„Од 250 милиони за општините, според податоците кои ни се достапни, имаме реализација од околу 20%, што значи дека парите се веќе потрошени, меѓутоа компаниите за сработени работи ќе треба да чекаат година, две, три за да си ги земат парите, ако воопшто си ги земат. И втората работа – 250 милиони кои беа наменети за компаниите како кредитна линија. Не успеавме да дознаеме ниту од Министерството за финансии, ниту од отчетната и транспарентна министерка, кои се компаниите што добиле кредити, за какви проекти ги добиле тие кредити и кои се индикаторите по однос на кои ќе се мери дали таа кредитна линија била успешна. Затоа што на крајот на денот се работи за средства кои се субвенционирани од страна на државата, односно од парите на граѓаните, и граѓаните имаат право да знаат кој ги добил тие средства, за каков вид проекти и како тие средства се потрошени“, рече Трајчулевски.

Најново

Свет39 минути

СЗО чека одговор од Русија за смртта на лаборантката, сомнежите за белодробна чума остануваат непотврдени

Светската здравствена организација (СЗО) сè уште чека официјални информации од руските власти за дијагнозата на лаборантката од Сибир, чија смрт...

Македонија42 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Идеалите на борците од 11 Октомври да бидат водилка за денешните генерации

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, оддавајќи им почит на борците од Народноослободителната борба...

Македонија47 минути

СДСМ: Македонија не е каса за провизии, иднината е во Европа, правда и слобода

Антифашизмот не е само споменик, туку обврска за слобода, правда и достоинствен живот, порача опозициската СДСМ по повод 11 Октомври...

Македонија51 минута

Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври: Имаме обврска да градиме демократска, правна и просперитетна држава

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, порача дека жртвата на востаниците и партизаните е...

Македонија54 минути

Од утре под лупа на „Безбеден град“ и возачите во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од утре, 12 октомври, ќе почне да функционира и во Охрид, Струга, Кичево и...

Македонија58 минути

ЛДП: За владините функции има пари, а за судии и обвинители нема

Правосудниот систем во Македонија се соочува со сериозни проблеми поради недоволното финансирање, недостигот од кадар и политичките влијанија, реагираат од...

Македонија2 часа

Попова Шапка и Берово со најниска утринска температура од 8 степени

Попова Шапка и Берово утрово беа најстудените места во земјава, со измерени минимални температури од 8 степени Целзиусови. Температура од...

Свет2 часа

По 50 години прв случај на беснило кај ракун во Лос Анџелес

Здравствените власти на округот Лос Анџелес денеска ги предупредија жителите да избегнуваат контакт со диви животни, откако во Вестлејк Вилиџ...

Македонија2 часа

Македонија го чествува 11 Октомври – Денот на народното востание

Денеска е 11 Октомври, 85 години од Народното востание на македонскиот народ. Во 1941 година се случува неповторлив и клучен...