Контакт

Македонија

„Трчаме со срце“ – хуманитарна трка на СОС Детско село на 19 септември

Објавено пред

По повод 25 години СОС Детско село Македонија, на 19 септември Градскиот парк во Скопје ќе се претвори во голема патека на солидарност – долга 4 километри и симболично исцртана во форма на срце.

Досега ги обединуваше компаниите и луѓето од ИТ-заедницата, а оваа година, “срцето“ станува поголемо.

Под мотото „Трчаме со срце“, СОС Хуманитарната трка powered by IT4Charity ги повикува сите – искусни тркачи, рекреативци, тимови, пријатели и семејства да трчаат за една заедничка цел: Ниту едно дете да не расте само.

„И не е важно кој прв ќе стигне до целта. Важно е зошто трчаме.

Веќе 25 години СОС Детско село Македонија обезбедува грижа, сигурност и поддршка за децата и младите без родителска грижа и им помага на семејствата кои се соочуваат со сериозни животни предизвици. Во изминатите две и пол децении, преку програмите на организацијата беа променети повеќе од 6.090 животи на деца, млади, згрижувачи и семејства.

Токму затоа и патеката на 19 септември нема случајно да биде во форма на срце.

За некого тоа ќе бидат само четири истрчани километри. За нас, секој од тие чекори носи многу поголемо значење. Зад нив стои поддршка на многу животни приказни кои чекаат можност за подобра иднина. Патеката е во форма на срце затоа што љубовта,

грижата и чувството дека некој е покрај нас навистина можат многу да променат.“, велат од СОС Детско село Македонија.

Средствата собрани преку СОС Хуманитарната трка powered by IT4Charity ќе бидат наменети за програмите преку кои организацијата обезбедува поддршка за деца и млади без родителска грижа, ги зајакнува семејствата во ризик и помага децата да растат во сигурна и грижлива семејна средина.

Затоа, на 19 септември не се трча само за медал, резултат или лично време. Се трча за ниту едно дете да не расте само, велат организаторите.

Пријавувањето за СОС Хуманитарната трка е веќе отворено на: https://sos.org.mk/sos-humanitarna-trka-2026.

Најново

Економија14 минути

„Алта банка“ Битола има здрав биланс, администрацијата ќе ја штити позицијата до изнаоѓање нов сопственик, рече Славески

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето...

Македонија24 минути

ВЛЕН бара истрага за трансакциите со Алта банка и поврзаноста со семејниот круг на Ахмети

Денес јавноста беше потресена од информациите за финансиските врски меѓу компании блиски до семејниот круг на Али Ахмети и белградската...

Македонија28 минути

Сиљановска-Давкова: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија, каде што ги потврди македонските заложби...

Македонија30 минути

Пред нас се топли денови, но викендот носи пад на температурите

Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува...

Економија38 минути

Јаревски: Во случајот со Алта банка ниту имаме стечај, ниту пропаѓање, постои мерка на администрација, Народна банка реагираше навремено

Тони Јаревски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница во рамки на Комисијата за финансирање и буџет се...

Економија43 минути

Димитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон „Алта банка“, средствата се во Трезорот, финансиската стабилност е сигурна

Нема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска...

Забава1 час

Хали Бери и Оливие Мартинез повторно на суд: Актерот бара зголемување на алиментацијата

Францускиот актер Оливие Мартинез (60) побара зголемување на износот за издршка што го добива од неговата поранешна сопруга, холивудската ѕвезда...

Македонија2 часа

Пензиските заштеди и правата на членовите – во фокусот на реформите: АДПФ бара јавна, аргументирана и стручна дебата

Асоцијацијата на друштвата за управување со пензиски фондови (АДПФ) денеска повика секој предлог за реформа на пензискиот систем да се...

Македонија2 часа

(Видео) Тренчевска до Митреска: Како не ви беше сомнителен растот од 13 пати на Алта банка?

Потпретседателката и пратеничка на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД...