Контакт

Македонија

Тренчевска: Ранливите категории на граѓани се најпогодени од кризата, СДСМ бара финансиска поддршка

Објавено пред

Потретседателката и пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната собраниска седница во образложението на Предлог-законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со ценовната криза, поднесен од пратеничката група на СДСМ, нагласи дека во ова време на криза најпотребни се таргетирани мерки за ранливите категории на граѓани. Тренчевска истакна дека целта на законското решение е директна помош за граѓаните кои најтешко се справуваат со последиците од кризата.

„Кога цените растат секој ден, за некои граѓани тоа значи помалку заштеда или одложување на некои трошоци. Но за најранливите тоа значи дилема: дали ќе купат доволно храна, дали ќе можат да ја платат струјата, лековите или основните потреби за своето семејство. Затоа државата мора да покаже одговорност, солидарност и грижа“, рече Тренчевска.

Притоа, Тренчевска додаде дека таргетираните мерки не се само економска туку и социјална потреба, механизам преку кој државата обезбедува заштита, достоинство и минимални услови за живот за најпогодените наши сограѓани.

„Во време на криза најважно е никој да не биде оставен сам. Потребни се политики кои што ќе обезбедат сигурност, поддршка и надеж. Затоа таргетираните мерки не се привилегија, туку неопходност и инструмент преку кој државата покажува дека стои зад своите граѓани и дека се грижи за нивната иднина“, рече Тренчевска.

Целта на предлог-законот е обезбедување финансиска поддршка на најранливите категории на граѓани во услови на криза и постојано зголемување на цените на основните прехранбени производи, со цел полесно справување со ценовните шокови и последиците кои кризата ги носи.

„Со предлог-законот, односно со финансиската поддршка од 3.000 денари секој месец во наредните три месеци, да бидат опфатени: корисници на правото на социјална сигурност на стари лица, корисници на посебен додаток, односно деца со попреченост, корисници на правото на надоместок заради попреченост, односно лица со попреченост над 26-годишна возраст, корисници на гарантирана минимална помош“, рече Тренчевска.

Воедно, со предлог законското решение е предвидена поддршка од 3.000 денари месечно за три месеци и за пензионери со пензија до 20.000 денари. Пензионерите со пензија од 20.001 до 22.000 денари да добиваат по 2.500 денари месечно, додека пензионерите со пензија од 22.001 до 25.000 денари да добиваат по 2.000 денари месечно. Предлог-законот предвидува и месечна финансиска поддршка во период од три месеци за домаќинствата со ниски приходи, во зависност од нивната големина, кои освен приход по основ на плата немаат други приходи и сите живеат на иста адреса.

„И тоа, 3.500 денари за домаќинства со пет или повеќе членови, со нето приход од плата до 68.000 денари; 3.000 денари за домаќинства со четири членови, со нето приход од плата до 62.000 денари; 2.500 денари за домаќинства со три члена, со нето приход од плата до 55.000 денари; 2.000 денари за домаќинства со два члена, со нето приход од плата до 45.000 денари; и 2.000 денари месечно за период од три месеци за домаќинства со еден член, со нето приход од плата до 30.000 денари“, рече Тренчевска.

Покрај поддршката за овие категории на граѓани, предлог законското решение предвидува и финансиска поддршка од 3.000 денари месечно за период од три месеци и за жртвите на семејно насилство, евидентирани во центрите за социјална работа.

Иако Тренчевска во своето на обраќање на собраниската седница ги повика пратениците да го поддржат предлог законот, владејачкото мнозинство не гласаше за обезбедување финансиска поддршка за граѓаните кои се најмногу погодени од ценовната криза.

Најново

Европа4 часа

Латвија планира да воведе царина од 300 проценти на житото од Русија и Белорусија

Владата на Латвија планира да воведе царина од 300 проценти за житото што доаѓа од Русија и Белорусија, изјави премиерот...

Спорт4 часа

Хамилтон го нападна Ферари по дебаклот во Монца: Oвде не владеат никакви правила

Луис Хамилтон не го криеше своето незадоволство по трката за Големата награда на Италија, за време на која имаше инцидент...

Забава4 часа

(Фото) Клуни „ја изгуби главата“ поради долгите нозе: Амал повторно ја демонстрира модната моќ

Амал Клуни моментално е во Венеција, каде што го поддржува својот сопруг, но и воодушевува со своите модни изданија на...

Забава4 часа

Врската со помлад маж ја „препороди“: Интернетот е „воодушевен“ од секси фотографиите на Кејти Холмс

Кејти Холмс и нејзиното ново момче уживаат на езерото Комо, каде објавуваат заеднички фотографии, и едно е јасно – Кејти...

Спорт4 часа

„Не знам сè за фудбалот, но знам повеќе од многу луѓе“

Килијан Ембапе зборуваше на прес-конференција пред првото коло од Лигата на шампионите каде што се среќаваат Реал и Интер. Новинарите...

Забава4 часа

Врската помеѓу овие два хороскопски знака е осудена на пропаст

Тие мора да работат напорно за да успеат во нивната врска, бидејќи разликите меѓу нив се премногу големи. Некои комбинации...

Забава4 часа

Хипнотизираше многумина со една фотографија: Го „запали интернетот“ во гаќички и мокра маица

Бела Хадид деновиве ужива на краток одмор со своите пријатели, а нејзината објава на Инстаграм предизвика доста возбуда. По раскинувањето,...

Македонија4 часа

(Фото) 8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци

По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35-годишнината од неа, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на...

Забава4 часа

(Фото/Видео) По овие акробации, дури и најубавите жени на светот ќе и оддадат признание

Никол Шерцингер ја покажа својата неверојатна флексибилност кога изведуваше шпага и други предизвикувачки движења на лет со приватен авион, а...