Контакт

Македонија

Турист настрадан во невремето во Скопје, врз него паднало дрво и му ја повредило карлицата, 33 повредени побарале болничка помош  

Објавено пред

Во Клиничкиот центар и во болницата „Св. Наум Охридски“ по вчерашното невреме лекарска помош побарале 33 повредени. 22 побарале помош во „Св Наум Охридски“, а 11 во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Најголем број од повредените биле со скршеници, еден бил опериран, а меѓу повредените е и еден турист.

„ Во Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’, односно во ТОАРИУЦ, има згрижено 11 повредени од синоќешното невреме, од кои тројца се со посериозни искршеници и се третираат соодветно на клиниката“, рече министерот за здравство Сашо Клековски денес при посетата на болницата „Св. Наум Охридски“.

Небојша Настов, директор на болницата „Св. Наум Охридски“ вели дека од 22 повредени во невремето кај нив, на болничко лекување се задржани двајца.

„Од тие 22 пациенти, двајца се примени на болничко лекување, останатите се третирани поликлинички, со полесни повреди. Од оние двајца, еден пациент е веќе опериран во текот на ноќта со скршеница во предел на дланката, и има уште еден пациент којшто е странски државјанин, турист, којшто е повреден при пад на дрво. Има повреди во пределот на карлицата, но не е потребен оперативен третман, што значи дека е планиран за конзервативен, односно неоперативен третман“, рече директорот Настов.

Министерот Клековски кажа дека невремето нанело штети на многу здравствени установи. Паднати дрвја има во Клиничкиот центар и во Психијатриската болница во Бардовци која неколку часа беше без струја, значителни штети има покривот на клиничката болница во Штип, а се прават проценки на штетата на покривната конструкција ГОБ „8 Септември“ во Скопје.

Најново

Спорт57 минути

(Видео) Гаштаров избори пенал, Црвена звезда го победи Партизан

Црвена звезда го победи Партизан со 2:1, во јубилејното 180-то вечно дерби. Дури и најбрзиот гол во историјата не им...

Свет1 час

Победата на АфД ја тресе Германија: Мерц пред тежок политички тест

Убедлива победа за Алтернатива за Германија (АфД) и тежок пораз за Христијанско-демократската унија (ЦДУ) – изборите во Саксонија-Анхалт би можеле...

Свет1 час

(Видео) „Боинг 767“ излета од пистата во Мајами и заврши на пат

Товарен авион „боинг 767“ излета од пистата при слетување на Меѓународниот аеродром во Мајами и заврши на пат надвор од...

Спорт1 час

Турските одбојкарки ја одбранија европската титула

Турската женска одбојкарска репрезентација, на домашен терен, ја одбранија континеталната титула. Избраниците на селекторот Даниеле Сантарели го победија големиот ривал...

Свет1 час

Зеленски: Можни се нови преговори со Русија, за териториите мора да разговараат лидерите

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека е можно продолжување на преговорите меѓу Украина и Русија, но дека клучните прашања, вклучително...

Забава2 часа

Проверете ги пораките и сметките: Три знаци може да ги израдуваат пари до 15 септември

Според астролошките предвидувања, три хороскопски знаци би можеле да имаат особено поволен финансиски период до 15 септември. Биковите, Стрелците и...

Забава2 часа

Бјанка Ценсори откри што мисли за голотијата и дали Канје ѝ кажува што да носи

Австралиската уметница Бјанка Ценсори за првпат отворено проговори за својот имиџ, односот кон голотијата и модните комбинации со кои веќе...

Македонија2 часа

Активен пожарот кај Стенковец, избувнаа уште два кај Кондово и Ѓорче Петров

Пожарот кај Стенковец сè уште е активен, а скопските пожарникари се на терен и го гаснат, информира вечерва директорот на...

Македонија3 часа

Ставен под контрола пожарот што се закануваше кон Милетино

Пожарот кај Милетино, во Општина Брвеница, е ставен под контрола, откако во неговото гаснење беа ангажирани два „ер трактори“ и...