Македонија
УХРМ: Македонија ја очекува топла и влажна зима
Претстојната есен и зимата се очекува да бидат малку потопли и повлажни од просекот, оценува експертскиот тим од Управата за хидрометеоролошки работи, кој подготви анализа за можните изгледи за времето во текот на сезоната есен-зима 2015-16.
При тоа користени се податоци од УХМР, информации и продукти од Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето, Националниот центар за атмосферски истражувања на САД како и останати расположиви центри.
Тримесечната прогноза на времето во Македонија за период септември-ноември покажува дека температурите на воздухот ќе бидат во граница на просечните вредности. Количината на врнежи оваа есен се очекува да биде поголема од просекот, особено во источна Македонија.
Постои голема веројатност, се оценува во Извештајот од УХРМ, дека температурите за зимскиот период (од декември 2015 до февруари 2016) да бидат повисоки од просечната вредност за многугодишниот период 1981-2010. Поголема веројатност за повисоки вредности од просечните температури постои во североисточниот дел на земјата, но тоа надминување нема да биде повеќе од 3°C.
Што се однесува до врнежите во овој период, малку надпросечна количина даваат повеќето модели. Поизразито ќе биде во централниот и особено источниот дел на Македонија. Исто така постои веројатност во зимската сезона да се јават периоди со постудено и суво време, како и веројатност за изразени негативни отстапувања од вообичаените средни вредности на температурата и врнежите.
Температурниот опсег на многугодишниот просек 1981-2010 за есента е од околу 8°C во планинските предели до 16,9°C измерени во Гевгелија. Врнежите во овој период биле од 127,0mm измерени на метеоролошката станица во Штип до 326,6mm во Лазарополе. Во зима температурата се движела од -1,5°C во Маврово до 5,0°C во Гевгелија. Врнежите биле во опсег од 90mm во Штип до 318,9mm во Лазарополе.
Според анализите врз основа на прогностичките модели од ECMWF (Европски центар за среднорочна прогноза), Рединг, В.Британија, во текот на октомври нè очекува нешто поврнежлив период. Најмногу врнежи се очекуваат во текот на оваа недела, за околу 30л/м2 повеќе од просекот за овој период, а најмалку во четвртата недела, кога се очекува да бидат околу просекот. /крај/ухрм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бојмацалиев: МВР работи исклучиво по закон за фер, слободни и демократски избори
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и државната секретарка Магдалена Несторовска го посетија Оперативниот Штаб во МВР во рамки на ОА „Претседателски и парламентарни избори 2024”, на кој присуствуваа и претставници на Амбасадата на Соединетите Американски Држави, ОБСЕ и ОДИХР.
Во оваа прилика Бојмацалиев ги поздрави гостите од САД, ОБСЕ и ОДИХР и уште еднаш потенцираше дека на колегите во Оперативниот Штаб им посочил да се работи исклучиво согласно законските норми и прописи, а со цел гарантирање на безбедноста на фер, слободни и демократски избори, впрочем како што се работело и досега од 2017 година навака, без забелешки за изборниот процес.
Притоа, Бојмацалиев беше брифиран за текот на изборниот процес, за активностите и мерките кои ги презема МВР во делокругот на своите надлежности.
„Бев информиран дека гласањето не беше започнато на неколку места во предвиденото вре,е, а на неколку е почнато со задоцнување или прекинато, на различни подрачја, сите поради технички проблем со читачот на отпечаток на прст. На подрачје на СВР Скопје во врска со пријава за испукана димна бомба, од страна на тим на антитероризам извршена е проверка, подигната е направата и објектот е предаден на Претседателот на Избирачки одбор. На подрачје на СВР Куманово регистрирани се два настани и тоа пријава за организирано носење на гласање на стари лица и поставен штаб во близина на гласачко место. За време на предизборниот молк, во периодот од 06,00 до 07,00 часот, регистрирани се три настани на подрачје на СВР Скопје за испишани графити”, информираше Бојмацалиев.
Македонија
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
Полицијата во Охрид го приведе А. И. (48) затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.
Македонија
ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери
Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на Јавното обвинителство за следење евентуални кривични дела поврзани со изборите, извести дека се издадени наредби за увид во службената документација на Јавното претпријатие „Комуналец“ во Делчево.
„Во текот на вчерашниот ден во Основното јавно обвинителство Делчево е заведен предмет по барање на Министерството за внатрешни работи за кој се побрани наредби за вршење увид во службената документација на Јавното претпријатие ’Комуналец’, со цел да се проверат наводите за евентуално сторено кривично дело поткуп при избори и гласање. Се работи за наводно поставување водомери во поголем број населени места во таа општина. Дадена е наредба за проверка на службената документација во претпријатието. Доколку се утврди дека има елементи за сторено кривично дело поткуп при избори и гласање, предметот ќе се процесира понатака“, рече обвинителот Бајрами.
Во Основното јавно обвинителство Радовиш денес е пријавено дека во село Бучим еден од гласачите наводно го покажал гласачкото ливче кон еден од набљудувачите од една политичка партија. И за овој настан обвинителот Бајрами рече дека се дадени насоки за проверка на наводите и доколку постојат елементи за сторено кривично дело, и овој предмет ќе се процесира.
Обвинителот Бајрами рече дека од аспект на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денешниот изборен ден се одвива без поголеми нарушувања и нерегуларности.