Македонија
Успешно реализирани вторите Мини Олимписки игри 2026 во Кавадарци
Во рамки на ОВЕП програмата поддржана од Олимписка солидарност, во Кавадарци успешно се одржаа вторите Мини Олимписки игри 2026, на кои учествуваа повеќе од 150 ученици од основните училишта во градот, соопшти Олимпискиот комитет.
Преку шест различни спортски и едукативни активности, учениците имаа можност да ги демонстрираат олимписките вредности – фер плеј, почит, пријателство и тимска работа. Настанот помина во одлична атмосфера исполнета со спортски дух, позитивна енергија и голем ентузијазам од страна на сите учесници.
„Секој ученик доби маичка, сертификат и медал за учество, додека најуспешните тројца натпреварувачи беа наградени и со трофеи.

Посебен придонес за успешната организација и реализација на настанот дадоа 10 наставници кои активно работеа со учениците во текот на подготовките и на совладување на Олимпискиот образовен материјал. Благодарение на нивната посветеност и ангажман, учениците беа одлично подготвени, а самиот настан беше реализиран на високо организациско ниво“.

На настанот присуствуваа наставници, директори на училиштата, како и претставници од секторот за образование при Општина Кавадарци. Од страна на општината и директорите на училиштата беше изразена подготвеност за продолжување и продлабочување на соработката со Комитетот, со цел понатамошна афирмација и промоција на спортот и олимписките вредности во Кавадарци, град препознатлив по својата спортска традиција.
Во рамки на активностите беа донирани спортска опрема за две училишта, како и училишен инвентар и реквизити кои ќе придонесат за понатамошна реализација на едукативни и спортски активности со учениците.
Мини Олимписките игри 2026, како што е нагласено во соопштението, уште еднаш ја потврдија важноста на спортот како алатка за едукација, социјализација и градење позитивни вредности кај младите.
„Оваа активност претставува само дел од заложбите за континуирана промоција на олимпискиот дух и спортската култура меѓу младите генерации“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, наместа услови за пороен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Во недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Македонија
Утре променливо облачно време со сончеви периоди, во сабота невреме со дожд и силен ветер
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Во наредните денови следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Во недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Фото: Depositphotos
Македонија
Сиљановска-Давкова на отворањето на Народната канцеларија: Ова е почеток на поотворена и подиректна комуникација со граѓаните
Како резултат на континуираните заложби на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за поголема отвореност и непосредна комуникација со граѓаните, денеска во Скопје беше отворена Народната канцеларија на Претседателот.
Во присуство на бројни граѓани и претставници на граѓанскиот сектор, Сиљановска-Давкова истакна „канцеларијата ќе биде жив простор на дијалог, дебата, едукација и граѓанско учество, место, коешто ќе ги поврзува институциите и заедницата и ќе придонесува за зајакнување на демократската култура“.
За Сиљановска-Давкова, возобновувањето на Народната канцеларија е резултат на домашните искуства и потреби, но идејата е инспирирана од практиката во САД. Целта е да се создаде достапен простор во срцето на градот, каде што секој граѓанин ќе може слободно да дојде, да побара помош, да постави прашање, да предложи иницијатива, или да упати критика.
Во Народната канцеларија таа препознава отворено демократско катче за сите: за граѓаните, невладините организации, средношколците, студентите, пензионерите, а особено за младите кои сакаат да ги искажат своите таленти и знаења.
Повикувајќи на силен граѓански активизам, претседателката укажа дека просторот ќе биде достапен за организирање на трибини, едукативни настани, младински и волонтерски иницијативи, културни и хуманитарни проекти.
Со цел институцијата Претседател да биде подостапна и поблиска до граѓаните низ целата земја, Сиљановска-Давкова ја искажа намерата вакви народни канцеларии да бидат отворени и во други градови низ државата.
Воедно, таа се заблагодари на Националниот младински совет на Македонија за досегашната работа, посакувајќи успешна соработка во идина.
По поздравното обраќање, претседателката оствари средба со граѓани меѓу кои активисти во различни области, доктори, професори, спортисти, студенти, волонтери, како и лицa со оштетен вид.
Тие ги претставија предизвиците со коишто се соочуваат; споделија успешни професионални приказни; дадоа предлози и иницијативи за подобрување на здравствените услуги; побараа поддршка за реализација на општокорисни активности; упатија покани до претседателката за присуство на настани и ги разгледаа можностите за соработка со Кабинетот.
