Контакт

Македонија

Утре почнува AERO Street Food Festival – урбан фестивал за улична храна и музика

Објавено пред

Од 4 до 8 септември посетителите ги очекуваат 20 гастрономски брендови, домашна музика, разновидни забавни содржини и бесплатен влез.

Ретко каде во Скопје на едно место може да се избира меѓу свежо суши, такоси, бургери, гиро, пица, фокача, ќебапи, палачинки и омилени десерти. Токму оваа богата комбинација на вкусови ја носи второто издание на AERO Street Food Festival, кое од 4 до 8 септември ќе се одржува во паркот „Авионче“.

Оваа година храната е во главниот фокус на фестивалот. Дваесет различни гастрономски концепти ќе понудат вкусови инспирирани од светските кујни – од скопски класици до современи рецепти за улична храна.

Годинава учествуваат: Burgerslut, Mustacos, Loras Sushi, Fat Kitchen, Jojo’s BBQ, Oljo’s, Noa Gyradiko, Scoop, Bistro 64, Smash Burger, Sorelle, 11: Eleven, „Сутлијаш бар“, „15 за 12“, „Трансилваниско трдло“, Pizza Vice City, „Дестан“, Milkey, Sweet Look и „Жешко компирче“.

Посетителите ги очекува богата трпеза со бургери, такоси, суши, гиро, паста, фокача, печени компири, сладолед, сутлијаш и многу други солени и слатки задоволства. Идејата е секој да пронајде нешто по свој вкус, да споделува порции со друштвото и да испробува нови градски вкусови.

За добрата енергија во текот на сите пет вечери ќе се погрижат домашни бендови и диџеи. На сцената ќе настапат South Park, Ringtones, Dopamine, Marbel и Acoustic Division, а за забавата пред и по концертите ќе бидат задолжени Милан Серафимов, Александар Јорданов, „Јанко петел јаваше“, DJ Marko, DJ Vaso, DJ Rizinski, диџеите од Fluere, DJ Guardian, DJ Ficho и Sure Shotz.

Покрај храната и музиката, секоја вечер ќе биде исполнета и со забавни содржини – натпревари во брзо јадење, квизови и предизвици со публиката, под водство на Бомбакис.

Фестивалот ќе биде отворен секој ден од 17:30 до 00:30 часот. Спонзор на настанот е Општина Аеродром, а покровител е Град Скопје. Зад организацијата стојат Lions in Move и Café Mambo.

Најново

Македонија1 минута

Во Собранието одбележани 35 години од донесувањето на Уставот

Денеска, во Собранието, се одржа настан по повод – „35-годишнина од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав“, во организација на...

Забава17 минути

(Видео) По шпекулациите за естетски зафати, Џенифер Лоренс се појави на црвениот тепих

Холивудската актерка Џенифер Лоренс (36) се појави на њујоршката премиера на филмот „The Hunger Games: Sunrise on the Reaping“ во...

Спорт46 минути

Алонсо повторно ќе вози на Дакар релито

Двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, се враќа на еден од најтешките автомобилски предизвици во светот. Искусниот Шпанец потврди...

Регион46 минути

Два брода потонаа за два дена во близина на Бугарија, се истражуваат причините

Танкер за превоз на гас, кој пловел под знамето на Либерија, потона денеска во Црното Море, во бугарската ексклузивна економска...

Македонија50 минути

Зајкова: Ќе објасни ли некој како во случајот со Сара од „тешка телесна повреда“ стигнавме до „телесна повреда“?!

Интегрален текст од објава на Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание „Нема да ви помине и...

Македонија53 минути

Позната динамиката за автопатот Прилеп-Битола – првите 12 километри во функција во 2027 година

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски со претседателот на Советот Бојан Бојкоски денеска имаа средба со надлежните лица од проектот за...

Спорт57 минути

(Видео) Хет-трик на Винисиус за 12 минути, Бразил победи со 7:0

Бразилската фудбалска репрезентација го победи Сингапур со 7:0 во вториот пријателски натпревар во оваа земја. Во првиот натпревар, со многу...

Регион1 час

Хашим Тачи осуден на дополнителни 17 месеци затвор поради влијание врз сведоци

Поранешниот претседател на Косово и некогашен командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Хашим Тачи, денеска е неправосилно осуден на...

Црна хроника1 час

Пијан охриѓанец излетал од коловоз со четирицикл, му биле измерени 2,22 промили алкохол

Полициски службеници синоќа привеле 41-годишен охриѓанец, кој управувајќи четирицикл под дејство на алкохол, изгубил контрола и излетал од коловозот. Како...