Контакт

Македонија

Утре Скопје со изменет сообраќаен режим: Дел од улиците затворени поради маратонот

Објавено пред

Дел од улиците и булеварите во Скопје утре од 6:00 до 14:00 часот ќе бидат затворени за сообраќај, а возилата ќе се пренасочуваат по алтернативни сообраќајници поради одржувањето на 22. Виз Ер Скопски маратон.

Како што соопштува организаторот, сообраќајот по улиците и булеварите опфатени со трасата на маратонот ќе биде пренасочуван по алтернативни сообраќајници.

Затворен за сообраќај ќе биде потегот од Рекорд, односно улиците „Македонија“ и „Димитрие Чуповски“, продолжувајќи по булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Васил Чакаларов“ до реонот на Хром.

Затворени ќе бидат и делови од улицата „11 Октомври“, односно потегот од Собранието кон Црвен крст, како и делови од булеварите „Крушевска Република“ и „Трета македонска бригада“, до делот кај Американ колеџ.

Во Аеродром, со посебен сообраќаен режим ќе бидат опфатени потезите кон Воен базен, Мајчин дом и булеварот „Јане Сандански“, до раскрсницата со булеварот „Србија“.

На посочените сообраќајници возачите ќе треба да користат алтернативни правци, а конкретното пренасочување ќе се врши во зависност од движењето на тркачите.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до возачите да го избегнуваат движењето по трасите во периодот од 6:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите и насоките на униформираните полициски службеници на терен.

Организаторите ги замолуваат граѓаните за разбирање поради привремениот сообраќаен режим и ги повикуваат навреме да го испланираат своето движење во недела, со избор на алтернативни сообраќајни правци каде што е потребно.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Економија10 минути

„Халкбанк“ со донација од 30.000 евра ја реновираше читалната на Економскиот факултет во Скопје

Со цел создавање уште подобри услови за учење, истражување и стекнување знаење за студентите, денес на Економскиот факултет во Скопје...

Македонија17 минути

Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“. –...

Спорт20 минути

Турција му врачи отказ на Монтела

Винченцо Монтела повеќе не е селектор на Турција, му пресудија лошите резултати на Светското првенство и Лигата на нации. На...

Спорт27 минути

Згасна КК Монако

АС Монако Баскет објави дека повеќе не е во можност да ги исполнува своите финансиски обврски и затоа ќе ги...

Македонија42 минути

(Видео) Јанчев: Со европско знаменце се турка закон што ја загрозува заштитата на животната средина

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, на денешната собраниска седница посочи на три клучни проблеми во Предлог-законот за изменување и дополнување...

Култура43 минути

Самостојна изложба на младата уметница Арбана Дехари од Тетово во Македонскиот КИЦ во Софија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија, на 8 октомври (четврток), со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи отворањето на...

Македонија50 минути

Приведен вишиот обвинител од Битола, при претресите одземени шест телефони и компјутер

Вишиот јавен обвинител од Битола, против кого Обвинителството поведе постапка поради сомнение за примање награда за противзаконито влијание, е лишен...

Црна хроника1 час

Затвореник избегал од затворот во Струмица, утредента ја грабнал сопругата

Затвореник избегал од затворот во Струмица, а нaредниот ден ја грабнал и ја нападнал неговата невенчана сопруга. Според информациите на...

Црна хроника1 час

Правеле ајвар и предизвикале пожар во Горно Соње, интервенирала полицијата

Маж и жена предизвикале пожар во Горно Соње. Правеле ајвар, а пепелот го истуриле во близина на куќата, а во...