Контакт

Македонија

Вакцинацијата против сезонски грип ќе почне од втората половина на октомври

Објавено пред

Министерот за здравство, Сашо Клековски, информира дека оваа година Светската здравствена организација ги промени сите три соја во препорачаниот состав на вакцината против сезонски грип за северната хемисфера.

-Ваквата истовремена промена е невообичаена и предизвика доцнење во производството кај производителите на глобално ниво. Поради тоа, во повеќе земји во Европа и регионот почетокот на вакцинацијата се очекува во ноември. Во нашата држава тендерот за набавка на вакцини вообичаено се објавува во периодот јуни–август, по објавување на соевите од СЗО. На објавениот тендер оваа година не се пријави ниту еден понудувач. Министерството веднаш презеде мерки за обезбедување вакцините по друг пат. Во последните три сезони вакцинацијата кај нас започнуваше во периодот од 16 до 25 октомври. Министерството за здравство ќе биде подготвено вакцинацијата да започне и оваа сезона во истиот период. Од планираните 80.000 дози, 56.000 вакцини се веќе обезбедени или се во постапка на обезбедување, а активностите за обезбедување на преостанатите количини продолжуваат, посочи министерот Клековски.

Бесплатната вакцина е наменета за приоритетните групи: лица над 65 години, хронично болни, бремени жени и здравствени работници. Граѓаните ќе бидат навремено информирани за почетокот на вакцинацијата и начинот на закажување.

Најново

Спорт2 часа

Раул Гонзалес го напушти РК Партизан

Во ист ден, ракометниот клуб Партизан остана без претседателот на Управниот одбор, тренерот, Раул Гонзалез и еден од најдобрите ракометари,...

Спорт3 часа

Сасуоло остана без тренер

Алберто Аквилани повеќе не е тренер на Сасуоло, објави италијанскиот клуб. „Клубот им се заблагодарува на тренерот и неговиот персонал...

Спорт3 часа

Кејн ја освои „Златната топка“, но не е меѓу 11-те најдобри играчи според гласовите на неговите колеги

Хари Кејн официјално е најдобриот фудбалер на планетата, но според неговите колеги, не е доволно добар за да биде во...

Свет3 часа

Жртви на свештеници-злоставувачи се сретнаа со Папата во Аргентина

Папата Лав се сретна со пет жртви на сексуално злоставување од страна на свештеници во Буенос Аирес, соопшти Ватикан. Ова...

Свет4 часа

САД: Русија и Украина се подготвени за компромис околу територијата

Во неофицијални разговори, Русија и Украина покажуваат одредена подготвеност за компромис околу територијата, во пресрет на новите мировни преговори што...

Свет4 часа

Трамп повторно тврди дека изборите во САД биле наместени

Претседателот на САД, Доналд Трамп, уште еднаш го доведе во прашање интегритетот на конгресните избори одржани на 3 ноември, на...

Свет5 часа

Мерц предупредува на пораст на антисемитизмот во Германија

Канцеларот Фридрих Мерц изјави дека Германија се соочува со тест за својата посветеност кон заштитата на еврејската заедница. Тој ја...

Македонија5 часа

МОН: Продолжува програмата „Суперучилишта“, средношколците од Македонија се поврзуваат со врсниците од регионот

Училишните размени имаат значајно и повеќеслојно позитивно влијание врз образовниот систем. Тие овозможуваат размена на позитивни практики, знаења и искуства...

Македонија5 часа

ОК ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка: Митовски се обидува проблемот со добитокот да го претвори во политичка тема

Денешната прес-конференција на градоначалникот Сашко Митовски, на која побара Владата да прогласи кризна состојба поради проблемот со неконтролираното движење на...