Контакт

Македонија

Вакцинирајте ги децата за да спречиме епидемија, апелира Клековски по растот на заразени со морбили во Косово и Бугарија

Објавено пред

Министерот за здравство смета дека се создадени услови за алармирање на јавноста за опасноста од епидемија на морбили по порастот на случаите во Косово и во Бугарија. Тој утрово повика децата да се вакцинираат оти опфатот на вакцинацијата е загрижувачки 62%, наспроти посакуваните 95% вакцинирани деца.

„Сакам да упатам апел до сите граѓани на Македонија да поревносно пристапат кон вакцинација од морбили. Опфатот на вакцинација е релативно низок, 62 проценти, еве од Институтот за јавно здравје укажуваат тоа. Ова го кажувам бидејќи во моментот расте бројот на случаи од морбили во Косово и во Бугарија, така што имаме причини веќе да почнеме со алармирање и ќе се обидеме во наредните денови и недели низ повеќе активности да ги мотивираме граѓаните да ги вакцинираат децата од морбили, односно да се зголеми опфатот за да превенираме можна епидемија на морбили во Македонија“, алармира министерот Клековски.

Од Институтот за јавно здравје велат дека согласно извештајот за 2025 година, за ниту една вакцина од редовниот календар не е постигнат посакуваниот опфат од 95%. За хепатитис Б има 77%, за хемофилус инфлуенца 78%, дифтерија, тетанус, пертусис тука има 79% иако имавме епидемија во 2024 година. За вакцината против полио опфатот е 79%, 62 % е опфатот на МРП вакцината и вакцините со кои релативно секогаш има опфат, тоа се ХПВ со 51% и најновите вакцини кои се внесени во календарот пред некоја година, рота и пнеумокок, со 64 и 80%.

Анализите покажуваат најголем опфат за МРП вакцината во 2019 година, кога имаше епидемија на морбили. Прва доза од вакцината примиле 93,1% од децата, а втора 93,4%.

Најново

Црна хроника2 минути

Со мотоцикл удрил во дива свиња: тешко повредени возачот од Гевгелија и сопатничката

На 10.10.2026 во ОВР Гевгелија е пријавено дека во 21:20 часот на регионален пат, од крстосница за село Ѓавато до...

Македонија10 минути

(Фото) Николоски: Започнуваме со изградба на автопатот Букојчани-Кичево, шести автопат што се гради во Македонија

Македонија почнува да гради нов автопат од Букојчани до Кичево, шести проект што го започнува оваа Влада. Поврзувањето од Кичево...

Забава15 минути

(Видео) Дали имате тенки и кршливи нокти? Зајакнете ги за седум дена со овој вирален трик

Тенките и слаби нокти што лесно се кршат спаѓаат меѓу најчестите проблеми поврзани со убавината со кои се соочуваат жените...

Македонија17 минути

МВР: За Ива Михајлова нема евидентиран излез од територијата на Македонија

Министерството за внатрешни работи изврши проверки во системот за гранична контрола, при што е утврдено дека за лицето Ива Михајлова,...

Македонија20 минути

„Со бегството на Михаилова во Бугарија, Тошковски го дотера безбедносниот систем до дно – што ли договори Муцунски во Софија“, прашува Левица

„Ива Михаилова, обвинета за сообраќајна несреќа со смртни последици, се најде во Софија и покрај тоа што е на стоп-листа...

Свет22 минути

Претседателот на „Мајкрософт“: Вештачката интелигенција е помалку регулирана од млекото; потребни ни се итни решенија

Претседателот на „Мајкрософт“, Бред Смит, предупреди дека производите како млекото и машините за перење моментално подлежат на построги регулативи отколку...

Македонија29 минути

„Ако рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа, зошто Филипче бега од избори?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС сопствената беда и недоверба која ја има од народот сака да ја прикаже за победа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Едно...

Македонија31 минута

Левица со амандмани против законот „што им ги одврзува рацете на загадувачите и ја отвара вратата за нови еколошки катастрофи“

„Откако антинародното ДПМНЕ го одби барањето на Левица за повлекување од дневен ред на скандалозниот Закон за животната средина, Левица...

Македонија39 минути

Бегството на Ива Михајлова бара итна истрага и одговорност, велат од Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз бара итно утврдување на одговорноста за бегството на Ива Михајлова, откривање на евентуалните помагачи и кривична одговорност за...