Контакт

Македонија

Вандализам на Шар Планина: Уништена зимската маркација на патеката Попова Шапка – Титов Врв

Објавено пред

Повеќе од 45 од вкупно 112 поставени столбови на патеката Попова Шапка – Титов Врв се уништени, оштетени или отстранети.

Од Организацијата за одржлив развој САТ Скопје велат дека причинета е голема финансиска штета, но последиците би можеле да бидат многу посериозни.

„Со големо разочарување ја информираме јавноста дека значителен дел од новопоставената опрема за зимска планинарска маркација на патеката Попова Шапка – Титов Врв, долга приближно 11 километри, е уништен, оштетен или отстранет“, велат од Организацијата за одржлив развој САТ Скопје.

Зимската маркација беше поставувана во периодот од ноември 2025 година до крајот на јули 2026 година, со учество на повеќе од 25 локални волонтери и мали бизниси од општините Тетово и Боговиње, кои во исклучително тешки планински услови вложија значителен број работни часови во транспортот, подготовката и поставувањето на опремата.

Финансиската вредност на штетата се проценува на најмалку 8.000 евра.

„Но, ова не е само материјална штета. Зад уништената опрема стои нешто многу поважно – трудот на луѓето кои работеа за Шар Планина да биде побезбедна и подобро подготвена за планинарите и локалните заедници. Уништувањето директно ја загрозува безбедноста на планинарите и го попречува локалниот развој. Во услови на снег, магла, силен ветер и намалена видливост, летната маркација честопати е покриена или воопшто не е видлива. Тогаш зимските столбови претставуваат клучни точки за ориентација и следење на безбедната рута. Кога маркацијата исчезнува, не исчезнува само еден столб. Исчезнува точката што може да му покаже на човекот каде да продолжи кога планината околу него повеќе не е препознатлива. Столбовите на зимската маркација се означени со црвена и жолта боја бидејќи овие бои обезбедуваат најсилен визуелен контраст на зимски терен – практика што се применува во многу европски планински региони и е застапена и во националните правила за планинарски патеки“, велат од Организацијата за одржлив развој САТ Скопје.

Од таму додаваат дека уништувањето на планинарската маркација воедно претставува уништување на туристичка инфраструктура неопходна за развојот на планинскиот и активниот туризам.

„Тоа директно се спротивставува на целта на Националниот парк Шар Планина и локалните општини, прекрасната Шар Планина да ја направат атрактивно, одржливо и безбедно место за посетителите, кое ќе придонесува за локалниот економски развој и ќе биде од корист за селата во околината. Уништувањето дополнително ги доведува во прашање меѓународниот ангажман и поддршка“, велат од Организацијата за одржлив развој САТ Скопје.

Случајот е пријавен во Полициската станица Попова Шапка, по што е извршен увид на местото.

Од Организацијата за одржлив развој САТ Скопје очекуваат надлежните институции да ги утврдат сите околности и да постапат согласно со закон, со сериозни последици за оние што го сториле ова кривично дело.

Од таму апелираат до сите посетители да ја почитуваат и заштитуваат планинарската инфраструктура и секое оштетување или отстранување на маркацијата да го пријават кај надлежните институции.

Зимската маркација беше дел од проектот „Славков – Маркација на планинарски патеки во С.Македонија“, финансиски поддржан од амбасадите на Австрија, Чешка и Словачка, како и од Скопска Пивара, а имплементиран и финансиски поддржан од компанијата Одржливи Авантуристички Патувања и Организацијата за одржлив развој САТ Скопје, во соработка со Планинарската федерација на Северна Македонија (ФПСМ).

Најново

Македонија6 минути

ВЛЕН бара истрага за трансакциите со Алта банка и поврзаноста со семејниот круг на Ахмети

Денес јавноста беше потресена од информациите за финансиските врски меѓу компании блиски до семејниот круг на Али Ахмети и белградската...

Македонија10 минути

Сиљановска-Давкова: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија, каде што ги потврди македонските заложби...

Македонија12 минути

Пред нас се топли денови, но викендот носи пад на температурите

Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува...

Економија20 минути

Јаревски: Во случајот со Алта банка ниту имаме стечај, ниту пропаѓање, постои мерка на администрација, Народна банка реагираше навремено

Тони Јаревски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница во рамки на Комисијата за финансирање и буџет се...

Економија25 минути

Димитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон „Алта банка“, средствата се во Трезорот, финансиската стабилност е сигурна

Нема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска...

Забава1 час

Хали Бери и Оливие Мартинез повторно на суд: Актерот бара зголемување на алиментацијата

Францускиот актер Оливие Мартинез (60) побара зголемување на износот за издршка што го добива од неговата поранешна сопруга, холивудската ѕвезда...

Македонија1 час

Пензиските заштеди и правата на членовите – во фокусот на реформите: АДПФ бара јавна, аргументирана и стручна дебата

Асоцијацијата на друштвата за управување со пензиски фондови (АДПФ) денеска повика секој предлог за реформа на пензискиот систем да се...

Македонија2 часа

(Видео) Тренчевска до Митреска: Како не ви беше сомнителен растот од 13 пати на Алта банка?

Потпретседателката и пратеничка на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД...

Македонија2 часа

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци – МВР апелира на внимателност

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во изминатиот период повторно е забележана зачестена појава на измамнички пораки преку...