Контакт

Македонија

Ветува ли ДПМНЕ уривање на дивоградбите, вклучително и хотелот на Мијалков, за да бара уште шест години од УНЕСКО, прашуваат од Левица

Објавено пред

Владата барала од УНЕСКО да ѝ даде рок од шест години за да постапи во однос на забелешките за заштита на Охридскиот Регион за да не биде ставен на Листата на светско наследство во опасност, која се предлага во најновата Нацрт-одлука на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, а чија конечна одлука Комитетот треба да ја донесе на 22 јули во Бусан, Јужна Кореја, велат од Левица.

Според оваа партија, да се побараат уште шест години од УНЕСКО е признание дека државата со децении не успева да го направи она што одамна требало да биде направено.

„Што ќе променат тие шест години? Дали во тие шест години ќе бидат отстранети дивоградбите, дали ќе се постапи по дивоизградениот хотел на Мијалков, дали ќе се ослободи охридско крајбрежје узурпирано од концесионери од кои голем дел со години не плаќаат концесии, дали ќе се отстранат диво поставените платформи во езерото итн. За сите овие УНЕСКО има препораки за уривање по кои до ден денес ДПМНЕ не се постапува“

Најиронично е, додаваат од Левица, што денес дополнително време бара политичка партија која, директно или преку коалиции, речиси три децении е клучен фактори во управувањето со државата (вклучително и со Охрид).

„По толку години власт, наместо резултати, повторно слушаме барања за нови рокови, ветувања и оправдувања кои повторно ќе бидат пробиени.

Охрид не е загрозен од вчера. Предупредувањата од УНЕСКО се повторуваат со години. Во меѓувреме, дивоградбите останаа, урбанистичкиот хаос продолжи, крајбрежјето се деградираше, институциите потфрлаа, а законите селективно се применуваа. Ниту една дивоградба, вклучително и хотелот на Мијалков, не е урната, а никнуваат нови. Наместо поправање на грешките, гледаме повторување и континуитет во негрижата.

Најлесно е вината да се префрли на претходниците. Но, кога со години сте дел од власта, изговорите престануваат да бидат убедливи и одговорноста не се одложува со допис до УНЕСКО“.

Секоја нова молба за пролонгирање, оценуваат во Левица, е порака дека не сме ги научиле лекциите од сите претходни предупредувања. Наместо, како што велат, да бараме уште време, требаше одамна да покажеме резултати и политичка волја за доследно спроведување на законите и храброст конечно да се стави јавниот интерес пред приватниот профит.

„Доколку и овојпат добиеме нова шанса, таа ќе биде последен кредит. А кредити што постојано се трошат без реформи, на крајот секогаш доаѓаат на брутална наплата“.

Најново

Свет59 минути

Трамп ќе го засили економскиот притисок врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека засега е подготвен да го засили економскиот притисок врз Иран, наместо да нареди нова...

Свет1 час

Ескалира дипломатскиот судир меѓу Шпанија и Италија поради граничните контроли и мигрантите

Односите меѓу Шпанија и Италија сериозно ескалираа откако двете членки на Европската Унија меѓусебно си воведоа гранични контроли, а последиците...

Регион2 часа

Хрватска е поскапа од Грција, Италија, Турција и Шпанија

Холандски портал проанализира огромен број пакет-аранжмани за летување на Медитеранот. Бројките јасно ја покажаа исплатливоста на поместувањето на годишниот одмор...

Македонија2 часа

Мерџаноски: Стабилна е состојбата на момчето повредено во Турција, започната е физикална терапија

Стабилен е младиот пациент кој се здоби со сериозна повреда на рбетот во Кушадаси, изјави за медиумите директорот на Клиниката...

Црна хроника2 часа

Трагедија во Ресенско: мотоциклист излета од патот и загина

Четириесет и четиригодишен жител на селото Љубојно загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утринава во Ресенско, соопшти...

Забава3 часа

Истражување: Некои бои на облеката привлекуваат комарци повеќе од другите

Летните вечери често носат борба со комарците, а новото научно истражување од Универзитетот во Вашингтон, објавено во списанието „Нејчр Комјуникејшнс“,...

Црна хроника3 часа

Приведен 17-годишник во Скопје: нападнал полицаец кој му укажувал помош

Седумнаесетгодишник од скопско бил приведен откако физички нападнал полициски службеник кој се обидел да му помогне, соопшти Министерството за внатрешни...

Забава3 часа

Не поднесуваат лажна љубезност: хороскопски знаци кои не можат да скриат кога некој им оди на нерви

Некои луѓе лесно ги кријат емоциите, но кај други уште во првите неколку секунди се гледа што мислат за соговорникот....

Спорт3 часа

Влаховиќ е блиску до трансфер во Бешикташ

Српскиот фудбалски репрезентативец Душан Влаховиќ се наоѓа пред конечна одлука околу тоа каде да ја продолжи кариерата. Бешикташ во моментоцв...