Контакт

Македонија

(Видео) Банов: Дали СДС и Герасимовски се вмешани во потенцијална финансиска афера од милионски размери

Објавено пред

Дали СДС и Герасимовски се вмешани во потенцијална финансиска афера од милионски размери?
Паркинзи на Општина Центар, под раководство на кадри од СДС, во 2024 отпишале вкупно 2 милиони и 221 илјада денари, долгови од физички лица, како и 912 илјади денари долгови од компании. Па наместо овие, вкупно преку 3 милиони денари, односно над 50.000 евра, пари на Центарци, да завршат во општинската каса, тие којзнае во чии џебови биле натуткани, вели Лазар Банов, потпретседател на ОК Центар.

Како што појасни, во ревизорскиот извештај за 2024, стои и информацијата дека за овие пари, требало да се наплати и данок на личен доход кон буџетот на државата од вкупно 247 илјади денари, пари на граѓаните.

„СДС, познати во јавноста по чантички и куферчиња со кеш, се под сомнение дека со години до коска ја соголуваат општина Центар и центарци или како што државниот завод за ревизија го нарекува, „ефект на нереално и необјективно презентирање на финансиските извештаи“.

Се ова, со одлука на управниот одбор на ПОЦ, кој има име и презиме, односно: Александар Писинов, Дарко Конески, Никола Савовски, Оливер Тоновски, Маја Зрмановска и секако, најповиканите, директорот на паркинзи, Душко Коцевски и градоначалникот Горан Герасимовски. Ете овие луѓе, почитувани сограѓани, центарци, се расфрлаат со нашите пари, како да се нивни лични“.

Од СДСМ со повик, итно да ги објават имињата на компаниите и луѓето од кои ги отпишале три-милионските долгови.

Прашуваат, дали се тоа членови на СДС? Дали парите наместо кај центарци, завршиле на сметките на компании блиски до Зоран Заев и Венко Филипче?

„Оваа огромна сума на пари ќе го решеше недостатокот на место во градинките во Центар, ќе се изградеа нови училишта, обновеа улици и тротоари, паркови, спортски сали, современи игралишта и еден куп други инфраструктурни проекти.

Наместо тоа, СДС ја влече Општина Центар заедно со себе во сигурна пропаст. ПОЦ наместо да ги наплаќа парите кои им ги должат, а Центар со години тапка во место“.

Најново

Европа3 часа

Латвија планира да воведе царина од 300 проценти на житото од Русија и Белорусија

Владата на Латвија планира да воведе царина од 300 проценти за житото што доаѓа од Русија и Белорусија, изјави премиерот...

Спорт3 часа

Хамилтон го нападна Ферари по дебаклот во Монца: Oвде не владеат никакви правила

Луис Хамилтон не го криеше своето незадоволство по трката за Големата награда на Италија, за време на која имаше инцидент...

Забава3 часа

(Фото) Клуни „ја изгуби главата“ поради долгите нозе: Амал повторно ја демонстрира модната моќ

Амал Клуни моментално е во Венеција, каде што го поддржува својот сопруг, но и воодушевува со своите модни изданија на...

Забава4 часа

Врската со помлад маж ја „препороди“: Интернетот е „воодушевен“ од секси фотографиите на Кејти Холмс

Кејти Холмс и нејзиното ново момче уживаат на езерото Комо, каде објавуваат заеднички фотографии, и едно е јасно – Кејти...

Спорт4 часа

„Не знам сè за фудбалот, но знам повеќе од многу луѓе“

Килијан Ембапе зборуваше на прес-конференција пред првото коло од Лигата на шампионите каде што се среќаваат Реал и Интер. Новинарите...

Забава4 часа

Врската помеѓу овие два хороскопски знака е осудена на пропаст

Тие мора да работат напорно за да успеат во нивната врска, бидејќи разликите меѓу нив се премногу големи. Некои комбинации...

Забава4 часа

Хипнотизираше многумина со една фотографија: Го „запали интернетот“ во гаќички и мокра маица

Бела Хадид деновиве ужива на краток одмор со своите пријатели, а нејзината објава на Инстаграм предизвика доста возбуда. По раскинувањето,...

Македонија4 часа

(Фото) 8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци

По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35-годишнината од неа, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на...

Забава4 часа

(Фото/Видео) По овие акробации, дури и најубавите жени на светот ќе и оддадат признание

Никол Шерцингер ја покажа својата неверојатна флексибилност кога изведуваше шпага и други предизвикувачки движења на лет со приватен авион, а...