Контакт

Македонија

(Видео) Банов: Герасимовски од џебот на центарци платил 6,6 милиони денари за мобилна апликација за која добиле само една понуда на тендерот

Објавено пред

Герасимовски од џебот на центарци платил 6,6 милиони денари за мобилна апликација за која добиле само една понуда на тендерот, изјави Лазар Банов, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Центар.

„Мобилната апликација која Герасимовски ја нарачал, очигледно веќе претходно договорена со добитниците на јавната набавка, центарци ќе ги чини годишно 6,6 милиони денари. Оттука, логично е дека во следните 3 години, наместо нови паркови, чисти улици, реконструкција на училишта и градинки, центарци ќе платат близу 20 милиони денари, за мобилна апликација која Герасимовски ја прави, само за да ги удоволи бизнис интересите на СДС“, рече тој.

Банов упати прашање до Герасимовски и СДС, дали тие сметаат дека е оправдано набавката со проценета вредност од 6,6 милиони денари да заврши со само една понуда, без реална конкуренција?

„И второ, што граѓаните добиваат за 100 илјади евра годишно дадени за мобилна апликација? Да се потсетат на нереализираните проекти кои Герасимовски ги ветуваше? Или пак да имаат увид во тоа колку набавки и тендери Герасимовски ќе склучи во интерес на СДС? Јавните пари не се ничии туѓи пари. Тоа се парите на граѓаните. И за секој потрошен денар мора да има јавно оправдување“, рече Банов.

Најново

Спорт21 минута

Хаос на „Пољуд“ – Торцида правеше скандали, Хајдук го победи Ајакс

Натпреварот меѓу Хајдук и Ајакс на „Пољуд“ беше прекинат во финишот, откако на една од трибините гореа пиротехнички сретства. На...

Спорт30 минути

(Видео) „Покер“ на Милан во Салцбург: Хет-трик на Сисе

Фудбалерите на Милан го победија Ред Бул Салцбург како гости со од 0:4 во второто коло од Лигата на Европа....

Свет34 минути

ЕУ стравува од недостиг на гас зимава, Фон дер Лајен предлага стратешки резерви

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, им предложила на лидерите на Европската Унија да разгледаат можност за создавање...

Спорт42 минути

(Видео) Црвена звезда се самоуништи во Лугано

Фудбалерите на Црвена звезда со пораз стартуваше во Конференциската лига. Вечерва во Лугано, домашниот тим го победи српскиот првак со...

Македонија49 минути

Филипче: Ветуваа правда, а никој не одговара, границата е „швајцарско сирење“

Ветуваа правда, ништо, ветер и магла! Границата е швајцарско сирење. Денеска, никој не одговара, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче,...

Свет53 минути

Украински дронови запалија руска рафинерија, Путин најави одговор

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека украинските напади врз руските нафтени рафинерии не предизвикале значителна штета, но најави дека Москва...

Македонија2 часа

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ избра нови 59 претседателки на општинските комитети, за првпат формирани и во Студеничани, Центар Жупа и Шуто Оризари

Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа редовна седница на која се дискутираше за актуелната политичка и...

Македонија2 часа

Билатерални средби со претставници на обвинителствата од Јужна Америка за соработка во борбата против трговија со луѓе

Јавниот обвинител, Ненад Савески и јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои постапуваат...

Свет2 часа

Нови проблеми за Санчез пред изборите, Изборната комисија покрена постапка против него

Шпанската Централна изборна комисија покрена дисциплинска постапка против премиерот, Педро Санчез, поради прес-конференција одржана на 6 октомври, на која најавил...