Контакт

Македонија

(Видео) Денес беше еден од најтешките денови за пожарникарите, вели Ангелов

Објавено пред

Над 15 пожари на отворен простор се активни во земјава, а два од нив во текот на денот директно ги загрозиле населените места, информира попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Како еден од најсериозните пожари го посочи огнот што избувна во близина на селата Баница и Водоча, во непосредна близина на Струмица. Пожарот се приближил на само неколку метри од првите куќи, но брзата интервенција на струмичките пожарникари, со поддршка од екипите од Валандово и Радовиш, спречила поголема опасност.

Во гаснењето учествувале и механизација ангажирана од градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, како и механизација од Дирекцијата за заштита и спасување. Со неа биле направени противпожарни пресеци за да се спречи ширењето на огнот.

Пожарот кај Струмица и натаму е активен во полето, а Ангелов изрази надеж дека нема да се прошири кон околните населени места.

Како втор сериозен пожар, директорот на ДЗС го посочи пожарот на територијата на Општина Прилеп, во близина на градските гробишта, кој во одреден момент ја загрозил и викенд-населбата.

Овој пожар сега е ставен под целосна контрола. Во неговото гаснење учествувале прилепските пожарникари, со поддршка од екипи од Битола и Кавадарци, како и две возила „пинцгауер“ на Дирекцијата за заштита и спасување.

Ангелов оцени дека денешниот ден е еден од најтешките во тековната сезона по бројот и сериозноста на активните пожари.

Најново

Македонија5 минути

Клековски во Белград: Соработка со референтните институции во Србија и зајакнување на капацитетите дома

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска, беше во работна посета на Белград. Таму оствари средба со министерот за здравство на...

Македонија12 минути

Обвинителството: На Михајлова и беа одземени двата пасоши и и беше изречена забрана за преминување граница со лична карта

ЈОРМ извести дека на обвинетата, Ива Михајлова, по предлог на јавен обвинител уште од 09.10.2025 година и беа одземени две...

Свет18 минути

Европа се спротивстави на договорот на Трамп со Путин: усвоени се нови санкции

Европската унија ќе продолжи да спроведува санкции против Русија и покрај договорот за дизел постигнат за време на викендот меѓу...

Македонија25 минути

МНР за бегството на Ива Михајлова: Ваквото постапување на бугарските државни институции ги подрива напорите што ги вложуваме за градење доверба

Во врска со бегството на Ива Михајлова во Бугарија и нејзиниот прием на високо ниво во Софија, Министерството за надворешни...

Црна хроника29 минути

Масовна тепачка во двор во куќа во село Баница: повредените пренесени во Медицински центар Струмица

Вчера во СВР Струмица е пријавено дека во 22:30 часот во дворно место на куќа во село Баница, струмичко, настанала...

Црна хроника39 минути

Во Ново Село пронајден починат маж од Грција: бил во лов со пријатели

Вчера во 17:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во селото Ново Село, општина Ѓорче Петров, бил пронајден починат...

Црна хроника43 минути

Со мотоцикл удрил во дива свиња: тешко повредени возачот од Гевгелија и сопатничката

На 10.10.2026 во ОВР Гевгелија е пријавено дека во 21:20 часот на регионален пат, од крстосница за село Ѓавато до...

Македонија50 минути

(Фото) Николоски: Започнуваме со изградба на автопатот Букојчани-Кичево, шести автопат што се гради во Македонија

Македонија почнува да гради нов автопат од Букојчани до Кичево, шести проект што го започнува оваа Влада. Поврзувањето од Кичево...

Забава56 минути

(Видео) Дали имате тенки и кршливи нокти? Зајакнете ги за седум дена со овој вирален трик

Тенките и слаби нокти што лесно се кршат спаѓаат меѓу најчестите проблеми поврзани со убавината со кои се соочуваат жените...