Контакт

Македонија

(Видео) Детските игралишта во Аеродром се небезбедни, градоначалникот итно да ги реконструира, бараат од СДСМ

Објавено пред

Руинирани, оштетени, неосветлени и небезбедни се детските игралишта во Аеродром.

Нередовните поправки на игралиштата кои често се предмет на вандализам се закана по безбедноста на најмладите жители на нашата општина.

Со неработењето на градоначалникот Дејан Митески и ВМРО-ОКГ во Општина Аеродром ваква е сликата буквално на секое детско игралиште, истакнуваат од СДСМ.

Најкритична, како што додаваат, е состојбата со игралиштето во паркот „Нирнберг“ во Ново Лисиче, каде поставените реквизити со месеци стојат оштетени и целосно небезбедни за дечињата.

„Веќе неколку седници по ред советничката група на СДСМ во Советот на Општина Аеродром укажува за потребата од реконструкција и одржување на детските игралишта, но општината или не реагира или бавно реагира.

Јавно го прашуваме градоначалникот Митески што чека Општина Аеродром? Дали треба некое дете да се повреди, па дури тогаш надлежните да преземат мерки?

Игнорирањето на овој проблем од страна на градоначалникот само потврдува дека безбедноста на дечињата е последна на општинската листа на приоритети“.

Бараат општината Аеродром веднаш времено ова детско игралиште да го затвори за користење и да започне негова итна реконструкција на откачените и оштетени реквизити.

„Бараме општината во најбрз рок да започне со реконструкција на реквизитите и сервисирање на осветлувањето и на сите оштетени детски игралишта.

Безбедноста на нашите деца нема цена. Детската игра е важна алка во развојот на секое дете.

Редовното одржување на детските игралишта мора да стане приоритет.

Нашите деца имаат право на среќно детство. Нашите деца заслужуваат функционални и безбедни детски игралишта“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Полицијата одзеде автобус што превезувал ученици по пријава за дефекти на патот

Објавено пред

Автобус кој превезувал ученици од екскурзија бил одземен за вонреден технички преглед на автопатот Велес–Скопје, откако претходно бил пријавен поради дефекти за време на патувањето.

Како што информираа од Министерство за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Велес од страна на граѓанин чие малолетно дете се наоѓало во автобусот со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје.

Според пријавата, автобусот неколкупати се расипувал за време на враќањето од екскурзијата.

„На 08.05.2026 во 22:50 часот, на наплатна станица „Отовица“, на автопатот Велес-Скопје, од страна на полициски службеници од СВР Велес, бил сопрен автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки управуван од А.Ѓ.(43) од Скопје. Автобусот е одземен и пренесен во станица за технички преглед за утврдување на техничка исправност“, велат од МВР.

Учениците и останатите патници биле безбедно пренесени до крајната дестинација со друг автобус.

Од полицијата најавија дека по целосното расчистување и документирање на случајот, како и по завршувањето на вонредниот технички преглед, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мицкоски дојде на власт со лаги за Преспанскиот договор и враќање на името, кажа Филипче

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска кажа дека премиерот Христијан Мицкоски дошол на власт, како што рече, „со лаги и манипулации“ за Преспански договор, државното име и европската иднина на земјата.

Тој посочи дека Мицкоски во предизборниот период ветувал поништување на Преспанскиот договор, враќање на старото уставно име и раскинување на договорот за добрососедство со Бугарија, но дека тоа не се случило по преземањето на власта.

„На било каква порака која ја пуштаме дека е потребна Европа, тие ги пуштаат своите ботови, лажни вести и не напаѓаат дека сме предавници. Па тие дојдоа на власт со лажна кампања дека СДСМ имала предавнички политики. Премиерот ветуваше дека ќе го поништи Преспанскиот договор, ќе го враќа името и ќе го поништи договорот за добрососедство со Бугарија поради тоа што биле предавнички. Ако биле предавнички, зошто не го прави тоа? Тоа значи дека не биле“, рече Филипче.

Лидерот на СДСМ оцени дека, според него, блокадата на европската перспектива на државата била поради страв од европски механизми за контрола и одговорност.

„Единствената причина поради која ВМРО-ОКГ и Мицкоски ја блокираат европската иднина е стравот од одговорност европска контрола и европско обвинителство. Луѓето не сакаат напред во Европа, не сакаат европска контрола на системот. Зошто сакаат да продолжат да крадат народни пари преку наместени тендери. Тоа е суштината“, истакна Филипче.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Филипче: ВМРО користи гебелсови методи, лаги и измислени непријатели

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ користи „гебелсови методи“ за комуникација, преку ширење лажни вести, оцрнување на политички противници и создавање вештачки непријатели.

Во изјава за медиумите, Филипче рече дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ се засноваат на пропаганда која, според него, се спроведува преку мрежа на медиуми поврзани со поранешниот унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„ВМРО соработуваше со фашистите, а и сега користи гебелсови методи за комуникација, ширење лажни вести, оцрнување луѓе, идентификување на лажни внатрешни предавници и надворешни непријатели. Сето тоа користејќи ја орбановата мрежа на медиуми тука кај нас, кога гледаме постепено во Унгарија почнува да се распаѓа“, рече Филипче.

Тој додаде дека во Унгарија започнал процес на расчистување со криминали поврзани со владеењето на Орбан и оцени дека тие случаи се поврзуваат и со структури блиски до премиерот Христијан Мицкоски.

„Еве денеска нова влада во Унгарија формира новиот премиер Петар Маѓар и најави дека веќе од утре ќе почне да се расчистува со сите криминали во сите сектори на Виктор Орбан коишто по секоја линија тука Македонија водат до Христијан Мицкоски и неговиот периметар“, изјави Филипче.

Според него, „поврзаноста меѓу владата на Мицкоски и структурите блиски до Виктор Орбан, се гледа преку договорите и проектите со Унгарија и медиумското влијание во државата“.

„Прво прашањето со кредитот од Унгарија милијарда евра е задолжена земјата за да само некои фирми блиски до ВМРО-ДПМНЕ користат некакви кредити. А сите ние преку нашите даноци, сите граѓани ги плаќаат тие кредити за само селектирани компании. Потоа прашањето со пругата, прашањето со телекомот и најважното прашање кое што еве таму се отвара, веќе тие медиуми во Унгарија се распаѓаат, луѓето почнуваат да се извинуваат за лажните вести кои што ги ширеле, и тоа ќе се случува и кај нас“, рече Филипче.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет16 минути

(Видео) НЛО летало на мала висина над Егејското Море со брзина од 130 км/ч, според документи на Пентагон

По налог на американскиот претседател Доналд Трамп, Пентагон објави голем број доверливи документи поврзани со неидентификувани летачки објекти и необјаснети...

Свет41 минута

Хантавирусот се шири во Аргентина: експертите го поврзуваат со климатските промени

Бројот на случаи на хантавирус во Аргентина речиси се удвои во последната година, со регистрирани 32 смртни случаи, што претставува...

Спорт58 минути

(Видео) Маркез нема да вози во Ле Ман, ќе оди на операција

Возачот на Дукати, Марк Маркез, нема да учествува на неделната трка за Големата награда на Франција, но ниту на трката...

Свет1 час

Шпанските власти го презентираа планот за пристигнувањето на бродот со хантавирус во Тенерифе

Шпанската министерка за здравство, Моника Гарсија, ги објави деталите од протоколот за постапување при пристигнувањето на крузерот „MV Hondius“ на...

Спорт1 час

Ветеранката Кирстеа ја победи Сабаленка на Мастерсот во Рим

Романската тенисерка Сорана Кирстеа, која го прослави својот 36-ти роденден во април, се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Рим....

Спорт1 час

„Валверде го удри и Модриќ, опасен тип, неспособен да живее во општеството“

Реал Мадрид е потресен од сериозна криза по физичката пресметка меѓу Орелијан Чуамени и Федерико Валверде. Како што објавија шпанските...

Свет3 часа

(Фото+видео) Путин вети победа на скромната и строго обезбедувана Парада на победата во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија „секогаш ќе биде победник“, додека во Москва се одржа скромна Парада на победата...

Економија4 часа

Димитриеска-Кочоска: Геополитичката нестабилност носи нови економски предизвици, приоритет останува заштитата на стандардот на граѓаните

Балансот помеѓу фискалната консолидација, обезбедување економски раст и спроведување мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на економијата...

Свет4 часа

Авион во САД удрил и усмртил пешак на пистата при полетување

Патнички авион на компанијата Frontier Airlines усмрти пешак на пистата на Меѓународниот аеродром Денвер во САД, во инцидент што се...