Контакт

Македонија

(Видео) Дургутова: Дискриминацијата продолжува, ДПМНЕ одби поголема законска заштита за бремените работнички

Објавено пред

На денешната прес-конференција, советничката од Левица, Маја Дургутова, предупреди дека последниот случај утврден од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација уште еднаш покажува дека бремените работнички во Македонија сè уште не уживаат ефикасна институционална заштита.

Дургутова потсети дека Комисијата утврдила дискриминација врз основа на пол, род и бременост, откако само два дена по сознанието дека вработената е бремена, работодавачот започнал со дисциплински опомени, притисоци и обиди таа спогодбено да го раскине работниот однос. Како последица на ваквиот третман, работничката завршила на боледување поради нарушена здравствена состојба.

„Ова не е изолиран случај. Во изминатите години јавноста беше сведок на бројни случаи на непродолжување на договори за вработување на бремени работнички, деградирања по враќање од породилно отсуство и други форми на дискриминација поврзани со бременоста и мајчинството. И самата Комисија предупреди дека расте бројот на претставки токму по овие основи“, истакна Дургутова.

На прес-конференцијата беше посочено дека токму поради ваквите злоупотреби, Левица годинава предложи измени на Законот за работните односи со кои ќе се зајакнеше заштитата на бремените работнички и ќе се спречеше злоупотребата на договорите за вработување на определено време. Предлогот беше одбиен од пратениците на ДПМНЕ.

Според Левица, „ова е уште една потврда дека Владата, кога треба да избира помеѓу интересите на работниците и интересите на капиталот, секогаш застанува на страната на големите работодавачи. Додека стопанските комори добиваат внимание кога бараат нови поволности, барањата за поголема правна заштита на работниците се отфрлаат под изговор дека не треба да се ‘оптоварува стопанството’“.

Левица повторно ги повика пратениците од ДПМНЕ да ги поддржат предложените измени на Законот за работните односи и да обезбедат вистинска, а не декларативна заштита на бремените работнички. Од партијата порачаа дека трудовото законодавство не смее да биде инструмент за заштита на интересите на капиталот, туку гаранција дека работниците ќе бидат заштитени тогаш кога се најранливи.

Најново

Европа4 часа

Латвија планира да воведе царина од 300 проценти на житото од Русија и Белорусија

Владата на Латвија планира да воведе царина од 300 проценти за житото што доаѓа од Русија и Белорусија, изјави премиерот...

Спорт4 часа

Хамилтон го нападна Ферари по дебаклот во Монца: Oвде не владеат никакви правила

Луис Хамилтон не го криеше своето незадоволство по трката за Големата награда на Италија, за време на која имаше инцидент...

Забава4 часа

(Фото) Клуни „ја изгуби главата“ поради долгите нозе: Амал повторно ја демонстрира модната моќ

Амал Клуни моментално е во Венеција, каде што го поддржува својот сопруг, но и воодушевува со своите модни изданија на...

Забава4 часа

Врската со помлад маж ја „препороди“: Интернетот е „воодушевен“ од секси фотографиите на Кејти Холмс

Кејти Холмс и нејзиното ново момче уживаат на езерото Комо, каде објавуваат заеднички фотографии, и едно е јасно – Кејти...

Спорт4 часа

„Не знам сè за фудбалот, но знам повеќе од многу луѓе“

Килијан Ембапе зборуваше на прес-конференција пред првото коло од Лигата на шампионите каде што се среќаваат Реал и Интер. Новинарите...

Забава4 часа

Врската помеѓу овие два хороскопски знака е осудена на пропаст

Тие мора да работат напорно за да успеат во нивната врска, бидејќи разликите меѓу нив се премногу големи. Некои комбинации...

Забава4 часа

Хипнотизираше многумина со една фотографија: Го „запали интернетот“ во гаќички и мокра маица

Бела Хадид деновиве ужива на краток одмор со своите пријатели, а нејзината објава на Инстаграм предизвика доста возбуда. По раскинувањето,...

Македонија4 часа

(Фото) 8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци

По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35-годишнината од неа, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на...

Забава5 часа

(Фото/Видео) По овие акробации, дури и најубавите жени на светот ќе и оддадат признание

Никол Шерцингер ја покажа својата неверојатна флексибилност кога изведуваше шпага и други предизвикувачки движења на лет со приватен авион, а...