Контакт

Македонија

(Видео) Филипче: Бугарија потврди дека прашањето за малцинствата во Уставот не е бугарско, туку европско прашање

Објавено пред

Мицкоски и Муцунски ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

„Повторно видовме како функционира дипломатијата на ВМРО. Прво, Тимчо Муцунски премолче дека имал средба со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова – Чамова. Потоа, кога излегоа информациите на европските медиуми, рече дека тоа било само кратка размена на зборови. Но, најважно од се, која е пораката на министерката на Бугарија, а што Тимчо Муцунски и Христо Мицкоски ја сокрија од јавноста. Ја цитирам – „Бугарија има јасно изразен став кој од 2022 година повеќе не е билатерално прашање, туку прашање меѓу Европската Унија и земја кандидат. Овај прозорец за проширување може да се отвори во наредните години и ако тие не го искористат навистина можат да изгубат“., рече Филипче.

Тој вели дека Бугарија потврдува дека прашањето за малцинствата во Уставот не е бугарско, туку е европско прашање и тоа е услов на Европската Унија, а не на Бугарија.

„Европско, а не билатерално прашање. Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Каја Калас, вчера исто така упати порака дека Брисел е подготвен да ги поддржи земјите од регионот, но дека истовремено се очекуваат и реформи. Истото го порача и Марта Кос, дека има место во Европската Унија за сите земји од Западен Балкан, но дека успехот зависи од спроведените реформи на земјите кандидати“, рече Филипче.

Тој обвини дека Мицкоски и Муцунски го блокираат европскиот пат за да ја заштитат, како што рече, својата криминална група и да продолжат со грабежот на државата.

„Што ветуваа, дека ќе го вратат името и дека ќе го поништат Преспанскиот договор? Гласаа против, а сега министерот Муцунски гостува на Еуроњуз и кажува колку НАТО, внимавајте, било позитивна стратешка одлука за иднината на државата и креирање на клима за инвестиции. Па вакво разобличување на уште една нивна лага на ваков европски канал досега немало. Луѓето кои што беа против НАТО, кои што беа против Преспанскиот договор, луѓето кои што ќе го поништуваа Преспанскиот договор и ќе го враќаа името, сега го фалат членството во НАТО“, рече Филипче.

Најново

Регион3 минути

Србија се приклучува на вселенската програма на НАСА

Србија ги потпиша договорите „Артемис“ во четврток, со што стана 69-та држава што ја потпиша оваа меѓународна иницијатива за истражување...

Култура5 минути

Објавена програмата на 38. Поетска ноќ во Велестово

На 38. Поетска ноќ во Велестово ќе настапат дваесетина поети, музичари и уметници од шест земји (Ирска, Хрватска, Србија, Црна...

Забава10 минути

(Видео) Една од најубавите жени го откри полот на бебето, а потоа се пожали: „Понекогаш се чувствувам виновна…“

Унгарската манекенка, Барбара Палвин, и нејзиниот сопруг Дилан Спраус открија заедно во неговиот подкаст „Widmen“ дека очекуваат девојче. Двојката, која...

Македонија22 минути

УЈП со повик до граѓаните да се регистрираат на системот е-Даночни услуги

Управата за јавни приходи ги известува граѓаните дека се превземени активности за заокружување на процесот на регистрација во системот е-Даночни...

Спорт23 минути

Ибрахимовиќ им порача на Англичаните „да се погледнат во огледало“

Златан Ибрахимовиќ им порача на репрезентативците на Англија да „се погледнат во огледало“ и да се прашаат „колку се навистина...

Македонија23 минути

„Савески ја одмрзна Белата палата и му ја врати насмевката на Мицкоски со судство кое ги изгуби и оние 2% доверба“, велат од Левица

„Ослободувањето на Никола Груевски во предметот „Талир 2” и одбивањето на конфискацијата на Белата палата е далеку од чист правен...

Забава29 минути

Анџелина Џоли е подготвена за ново животно поглавје: Размислува да го напушти Лос Анџелес

Анџелина Џоли е подготвена за ново животно поглавје откако нејзините најмлади близнаци, Вивиен и Нокс, го прославија својот 18-ти роденден....

Македонија35 минути

(Фото) Нова спортска зона во Кисела Вода: Калистеник парк и терен за одбојка на песок

Општина Кисела Вода го доби првиот калистеник парк и терен за одбојка на песок. „Особено ме радува што уште еден...

Забава41 минута

(Фото/Видео) Кара Делевин позираше без гаќички, а потоа порача: „Забавно е“

Кара Делевин е ѕвездата на новото издание на списанието „Плејбој“. Моделот одлучи да се разголи за оваа пригода, и позираше...