Контакт

Македонија

(Видео) Филипче: Глигоров има историски заслуги за независноста по мирен пат

Објавено пред

Првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, има историски заслуги за тоа што државата ја стекна својата независност по мирен пат, без војна, жртви и разорувања, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на свеченоста по повод 35 години независност, во организација на СДСМ, „Македонија е сè што имаме“.

Филипче истакна дека историската улога на Глигоров, особено во еден од најтешките периоди на Балканот, сè уште не е доволно вреднувана во неговата татковина.

„Што направивме со државата што ја добивме пред 35 години по мирен пат без жртви и без разорувања, за што историски заслуги има нашиот претседател Киро Глигоров. Да имаме сопствена самостојна држава по мирен пат, по ужасните војни и крвав распад на Југославија што ги погоди сите републики, неговата заслуга сè уште и по три и пол децении не е вреднувана во неговата татковина како што е вреднувана од светот“, рече Филипче.

Тој потсети дека Глигоров припаѓаше на генерацијата македонски државотворци која учествуваа во создавањето на темелите на современата македонска државност, а потоа ја предводел земјата во процесот на осамостојување.

„Во една личност се споија две македонски епохи. Генерацијата што ја создаваше македонската државност во рамките на федерацијата и генерацијата што требаше да ја изведе Македонија од федерацијата и да ја внесе во светот како самостојна држава“, истакна Филипче.

Големината на Глигоров се гледа токму во неговата способност да ја сочува Македонија од војната која беснееше во регионот.

„Глигоров во тие пресудни години имаше нешто што политиката многу лесно го губи, а тешко го стекнува. Чувство за мерата на сопствената држава. Знаеше колку сме големи. Знаеше каде и како живееме. Знаеше кои се опасностите. И што е уште поважно, знаеше дека државничката храброст понекогаш се состои во тоа да спречиш трагедија, додека околу тебе политичките партии се натпреваруваат кој погласно ќе зборува за херојство и патриотизам“, рече претседателот на СДСМ.

Филипче потсети дека во периодот кога во регионот беснееле војни, Македонија успе да го помине најопасниот дел од распадот на Југославија без војна на својата територија.

„Мирот често изгледа лесно остварлив само откако некој мудар ќе го обезбеди“, рече Филипче, додавајќи дека обидите да се омаловажи улогата на Глигоров не се насочени само против него, туку и против историскиот чин на мирното стекнување на македонската државност.

„Сите знаеме и видовме дека војната остава зад себе жртви, урнатини, долгогодишни страдања и сиромаштија. Мирот остава живи луѓе кои следното утро одат на работа, деца што одат на училиште и градови што не треба повторно да се градат. Тоа е една од најголемите, а најмалку спектакуларни победи во современата македонска историја“, нагласи Филипче.

Тој додаде дека суштината на државничката политика на Глигоров била човекот и зачувувањето на државата.

„Еден човечки живот вреди повеќе од сето тоа оружје што го однесе и употреби ЈНА. Доволно беше само еден инцидент за да експлодира тоа оружје и во Македонија, бидејќи имаше и такви идеи. Тоа беше суштината на разбирањето на Глигоров за спас на државата. Државата постои за да ги сочува луѓето“, рече Филипче.

Филипче се осврна и на меѓународното признавање на Македонија и приемот во Обединетите нации, оценувајќи дека Глигоров знаел да носи тешки одлуки кога тоа го барал повисокиот државен интерес.

„Глигоров ја прифати цената на компромисот затоа што го гледаше поголемиот државен интерес, меѓународната правна сигурност и опстанокот на државата“, рече Филипче.

На крајот, претседателот на СДСМ порача дека времето сè појасно ја потврдува историската големина на првиот претседател на независна Македонија.

„Долго време Киро Глигоров беше човекот кому дел од Македонија не сакаше да му ги признае заслугите, а историјата сè појасно му ги признава. Ние денес не го браниме претседателот Глигоров. Неговите заслуги се толку големи што тој и покоен самиот се брани со своите дела“, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Најново

Македонија2 минути

Стојкоски на UN Forum of Mayors 2026 во Женева: Ѓорче Петров пример за успешна меѓународна соработка

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, учествува на Форумот на градоначалници на Обединетите нации – UN Forum of Mayors...

Европа23 минути

(Видео) Британскиот премиер: Русија влијаеше на Брегзит; слични работи се случуваат и во други земји

Британскиот премиер Енди Бернам изјави дека е „јасно“ оти Русија влијаела врз референдумот за излегување на Обединетото Кралство од Европската...

Забава26 минути

(Фото/Видео) Девојката на Бред Пит е вистинска магија – се гледа дека тој „цвета“ покрај неа

Инес де Рамон, девојката на Бред Пит, повторно ги освои симпатиите од светот. Таа зачекори на црвениот тепих во волшебна,...

Европа29 минути

Три напади со нож за четири дена: Полска испрати 20.000 полицајци во училиштата

Денес во Полска започна голема полициска операција за да се обезбеди сигурноста на учениците, по три напади со нож во...

Македонија42 минути

Био Ентерпрајз доби признание од „Макпрогрес“ за помошта при пожарот во фабриката „Винчини“

Био Ентерпрајз, компанија од групацијата ФЕРО ИНВЕСТ / ЦЕНТРАЛ ИНВЕСТ, доби плакета за благодарност од „Макпрогрес“ за помошта што ја...

Црна хроника45 минути

Кривична против ексдиректор на Шумско стопанство – Свети Николе: склучувал договори без спроведена постапка и утврдени критериуми

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против 62-годишниот Б.И. Свети Николе поради постоење основи на сомнение...

Црна хроника52 минути

Тешко повреден 44-годишник од Неготино: управувајќи четирицикл изгубил контрола и паднал

Вчера во 13:50 часот во СВР Велес пријавено е дека на некатегоризиран пат во близина на село Челавец, демиркаписко, 44-годишниот...

Забава56 минути

Трикови за рамен стомак без вежбање – да, тоа навистина постои

Сакате рамен стомак, но не сте љубител на вежбањето? Не грижете се – постои решение и за вас. Сè поголем...

Црна хроника1 час

Малолетничка физички нападната од вработена згрижувачка во СОС „Детско село“

Денеска во 01:30 часот во СВР Скопје, од Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје било пријавено...