Контакт

Македонија

(Видео) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

Објавено пред

Македонија денеска ја започнува новата учебна година со поразителни бројки – 3.000 помалку првачиња, 433 паралелки помалку и 26 затворени училишта, најтажен почеток на школска година во државата, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

„Денеска почнува новата школска година и би рекол дека потажен почеток на школската година досега оваа држава немала. Имено, 3.000 помалку деца запишани во прво одделение, 433 паралелки помалку, 26 затворени училишта. Нема поголем и подобар показател за лошите политики на Владата, предводена од Христијан Мицкоски, од оваа бројка“, рече Филипче.

Тој посочи дека минатата година во прво одделение биле запишани 17.900 деца, а оваа година само 14.900.

„3.000 деца помалку, 3.000 семејства. Што се случило со тие луѓе? Сигурно не е тоа резултат само на демографските движења, тие луѓе едноставно се иселиле. Зошто? Поради тоа што не ја гледаат иднината во земјава. Гледаат дека нема мерки, дека ништо не се случува, дека нема напредок, дека нема добри економски политики, дека нема поддршка за граѓаните, посебно за младите брачни парови и нормално луѓето си ја гледаат и иднината надвор од земјава“, рече Филипче.

Претседателот Филипче нагласи дека ваквата состојба е последица и на сè потешкиот животен стандард, растот на трошоците, отсуството на мерки за поддршка на граѓаните и изолацијата на земјата поради криминалните политики на власта.

„Укажувавме повеќе пати за лошите политики на оваа Влада, за жал никаков фидбек, никаков интерес. Зголемени горива за повеќе од 20% од почетокот на кризата. Никаква мерка за ниту една категорија на граѓани. Оваа власт во неколку наврати го одбиваше нашиот предлог за зголемување на минималната плата“, рече Филипче.

Тој најави дека СДСМ повторно во Собранието ќе го поднесе законот со кој минималната плата треба да се зголеми на 600 евра, со субвенционирање на придонесите за приватните компании за разликата од зголемувањето.

„Едноставно, работниците да можат да си обезбедат достоинствен живот на своите семејства. Инаку, ниту три минимални плати не можат да го достигнат трошокот на потрошувачката кошничка“, рече Филипче.

Празните училници се еден од најсилните показатели за последиците од политиките на актуелната власт, додаде тој.

„Ова е само уште еден знак, ќе повторам, ова што сега се случува денеска на 1 септември, 3.000 деца помалку во училиштата. Еден од најдобрите и најсилни показатели за лошите ненародни политики на Христијан Мицкоски и неговата банда“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Најново

Црна хроника5 минути

Две скопјанки завршиле на Ургентен со изгореници здобиени за време на семејна прослава

Две жени од Скопје, на возраст од 35 и 24 години, се здобиле со тешки телесни повреди од изгореници за...

Свет45 минути

(Видео) Невиден бран мигранти кон Шпанија: крајбрежната стража спасила 1.488 луѓе од 14 чамци

Речиси 1.500 мигранти пристигнале во саботата на шпанските Канарски Острови, што е најголем број во еден ден од 2020 година,...

Регион56 минути

Вучиќ за милијардите запленети во Унгарија: „Немојте да лажете, тоа се четири-пет милиони евра или така нешто“

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ се обиде да ја намали тежината на случајот со милијардите запленети во Унгарија, посочувајќи дека...

Македонија1 час

СДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на Мицкоски

Еден ден Мицкоски раскажува бајки и зборува за трета економија во Европа, а друг ден за банкрот ако има избори,...

Свет1 час

(Видео) Голем пресврт во истрагата за милијардите во Унгарија: некој од осомничените можеби ги открил тајните скривалишта

Унгарските истражители можеби дошле до милијардите пронајдени на повеќе локации благодарение на договор со еден од осомничените или сведочење на...

Свет1 час

Франција воведе забрана за продажба на пиротехника по насилните инциденти во училиштата

Франција привремено ја забрани продажбата на одредени пиротехнички средства по серијата инциденти во кои беа повредени наставници, директори и припадници...

Македонија1 час

(Видео) Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција рече дека фирма на сватот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, според...

Македонија2 часа

(Видео) Одлуката од 2023 не значи зделка со Алта банка – конфискуваните акции ѝ беа продадени во јануари 2026, кажа Серафимовска-Борозан

СДСМ тврди дека одлуката од јуни 2023 година за продажба на конфискувани акции во Стопанска банка Битола не била поврзана...

Спорт2 часа

Легендата на Бразил удри по Анчелоти: Доста е, спакувај се и оди си

Легендарниот Ромарио побара оставка од Карло Анчелоти, откако Бразил загуби од Јапонија (3:2) во пријателски натпревар. На еден од најдобрите...