Контакт

Македонија

(Видео) Фрчкоски: Нова бомба, трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Објавено пред

Додека владата на Мицкоски трупа нови долгови – 4 милијарди евра на грбот на народот, спроведува криминални тендери на најјако. Денеска АКТ објавува нова бомба, нов скандал. Да видат граѓаните, дека дигитална трансформација на министерот Стефан Адноновски е всушност трансформирање на тендери, истакна Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор на СДСМ.

„Фирмите се трансформираат ама актерите и шемите остануваат исти.

А парите? Е парите најмногу се трансформираат, од илјадници во милиони евра.

АКТ ги фати на дело.

Ова е продолжение на скандалот кој веќе го објавивме – тоа се тендерите на фирмата „Матео Дизајн“, на сопругот на државната секретарка Клинчарова, Мартин Клинчаров вредни 50 илјади евра.

Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет за овој случај, и тука застана“.

ДКСК застана ама АКТ не застанува, вели тој.

„Затоа што и тендерите во Министерството за дигитална трансформација не застануваат.

АКТ денеска обелоденува како оваа семејно-тендерска мрежа не само што продолжила, туку драматично се покачила, во вредност, во пари.

1,5 милиони евра!

Да добро ме слушнавте, 1,5 милиони евра, народни пари.

Бидејќи директното доделување на државни пари кон сопругот на Клинчарова станало премногу ризично по отворањето на првата афера, екипата вовела новитет.

Андоновски склучува три нови милионски договори со фирмата „Нома систем солушнс“, подружница во Скопје“.

Станува збор за, како што рече, тендери за одржување на Системот за управување со документи вреден, софтвер за регистар на имот и софтвер за испити.

„1,5 милиони евра.

Клучното прашање е кој стои зад оваа фирма?

Како управител на фирмата се јавува извесен Владимир Симовски.

Истиот тој Владимир Симовски е поранешен директен бизнис партнер и косопственик токму со Мартин Клинчаров (сопругот на државната секретарка) во фирмата „СВАГ ФУД ДОО Скопје“.

За скандалот да биде уште поочигледен, сопственички удел во оваа компанија има и фирмата „Матео Дизајн“, која е во сопственост токму на сопругот на Клинчарова.

Трансформацијата во министерството на Адноновски кон „Нома солушнс“ и партнерот на Клинчаров е со една и единствена цел – да продолжат семејно-тендерските врски и да се испумпаат државните пари кон луѓе блиски.

А сето тоа да се сокрие од очите на јавноста по избувнувањето на првиот скандал!

Нема криење од АКТ нема бегање од одговорност“.

Ја повика Државната комисија за спречување на корупцијата.

„Откако заспавте и сѐ уште не го затворивте првичниот предмет кој го оформивте пред повеќе од една година, еве ви идеална прилика истиот да го дополните со овие факти и докази!

Бараме итно проширување на истрагата, и следење на секој денар кој се слева на сметките на овие поврзани субјекти.

А од министерот Андоновски, кој дозволи неговото министерство да функционира како затворен семејно-деловен круг, граѓаните не очекуваат извинувања – туку итна и оставка и одговорност!

А одговорност ќе има“.

Најново

Македонија2 минути

„Нула денари“ е најскапата лага, ова е класичен рекет, систем каде што приватни моќници го купуваат мирот и наклонетоста на Владата, велат од ЛДП за манифестациите

Изјавата на премиерот дека прославите и скапите концерти низ државата ја чинеле власта „нула денари“ бидејќи биле платени од „општествено...

Култура25 минути

Белград во знакот на македонската ликовна уметност

Две изложби поддржани од Министерството за култура и туризам, го обележаа почетокот на новата културна сезона во Белград. Најпрво, со...

Свет32 минути

(Видео) Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе исплати „дивиденда“ од 5.000 долари на секој возрасен граѓанин на Соединетите Американски Држави,...

Македонија42 минути

Мицкоски се смета за елита затоа што има часовници од 60.000 евра и скапи одела, останатите ги смета за „талог“, велат од СДСМ

Сите коишто се противат на криминалната власт се „талог“. Секој што е за Европа, демократија, слобода на говор и подобар...

Свет48 минути

Руски научници развија материјал што го уништува вирусот ХИВ

Руските научници користеа соединенија со катјони на ретки земји како основа за лек ефикасен против ХИВ, како и соединенија за...

Спорт56 минути

Олимпијакос го отпушти Мендилибар

Фудбалскиот клуб Олимпијакос се раздели со тренерот Хозе Луис Мендилибар. Отказот е последица на лошиот старт во грчкото првенство и...

Регион57 минути

54-годишна Гркинка роди дете од ембрион замрзнат пред 22 години, откако го загуби својот 21-годишен син

54-годишна Гркинка роди дете од ембрион замрзнат пред 22 години, откако го загуби својот 21-годишен син, кого го роди и...

Спорт1 час

Зверев рутински до третото полуфинале на Ју-ес Опен

Германскиот тенисер Саша Зверев е последниот полуфиналист на Отвореното првенство на САД. Саша рутински го победи Холанѓанецот Ботик ван де...

Македонија1 час

Сончево и топло, попладне со услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд

Времето денес, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во...