Контакт

Македонија

(Видео) Костадинова: Ќе поднесеме иницијатива за враќање на стариот ценовник на ПОЦ, за конечно ослободување од погубните политики на Герасимовски

Објавено пред

Катерина Костадинова, советник во Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, на денешната прес-конференција рече дека СДС и Герасимовски спроведуваат легален рекет на центарци.

Преку новите поскапувања на паркингот за жителите на Центар, според неa, тие направија граѓаните да бидат тугинци во своите маала, во сопствените домови.

„Имено, според новиот правилник на ПОЦ, веќе не е важно колку автомобили поседува една личност, туку колку автомобили се регистрирани на иста адреса.

Па така, за возила во различна сопственост, на едно тричелно семејство на иста адреса, за да паркираат 3 возила пред својот дом, ќе треба да платат легален рекет на општината од 24.000 денари годишно или за секое следно возило уште плус 18.000 денари.

Покрај комуналните давачки, Герасимовски на центарци ни испорача кирија за тротоарот и сокаците пред сопствените живеалишта“.

Ова, оцени таа, не е мерка за граѓаните, туку е мерка за спас на СДС.

„Центар и џебот на граѓаните ги претвораат во „гума за спас“ на партија пред колапс.

Не смееме да дозволиме парите на центарци да бидат потрошени за финансирање на мегаломански тендери кај фирми на лични пријатели на Венко Филпче и партиски членови на Социјалдемократскиот сојуз“.

Не смееме да дозволиме, додава Костадинова, СДС да ја повлече и Општина Центар во сопствената пропаст.

„Па затоа, а и поради бројните реакции на граѓаните, ќе поднесеме иницијатива за враќање на стариот ценовник на ПОЦ, како прв чекор до конечно ослободување на центарци од погубните политики на Герасимовски и СДС“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Румен Радев: Немам што повеќе да му кажам на Мицкоски

Објавено пред

Политичкото раководство на Република Северна Македонија прави сè што е можно за да го одложи членството на неговата земја во Европската Унија, изјави бугарскиот премиер, Румен Радев, пренесува „БНР.бг“.

Во врска со палењето на два дипломатски автомобили пред бугарската амбасада во Скопјe, тој рече дека не може да има средба меѓу него и македонскиот премиер бидејќи проблемот не е билатерален: „Мицкоски има проблем со ЕУ“.

„Политичкото раководство не само што не ги казнува ваквите палежи, туку нивните сторители дури се охрабруваат и користат во изборните кампањи“, рече бугарскиот премиер. Тој истакна дека сè додека нема јасно утврдени принципи на владеење на правото и нема последици за сторителите на вакви недостојни дела, нема што повеќе да му се каже на премиерот на Македонија.

Според Румен Радев, Северна Македонија мора да ја убеди ЕУ дека ги почитува човековите права и дека може да ја гарантира безбедноста на сите дипломатски мисии на нејзина територија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Над 79.000 деца не посетуваат градинка, се предлагаат ваучери за приватни установи

Објавено пред

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заменик министерот Ѓоко Велковски, претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер, ги изнесоа клучните пораки за системско зајакнување на предучилишното образование и грижа и проширување на опфатот на децата во предучилишно воспитание и образование.

На конференцијата насловена – „Ран почеток, трајни придобивки – градинка за секое дете!“, беа презентирани наоди и препораки од анализата за иновативни модели на финансирање на предучилишното воспитание и грижа.

Северна Македонија може да го забрза проширувањето на пристапот до градинка ако ги искомбинира јавните инвестиции со поддршка на приватните градинки и работодавачите, при што ќе обезбедат финансиски достапни и инклузивни услуги, покажува новата анализа поддржана од УНИЦЕФ која беше претставена денеска.

Наодите истакнуваат итност, но и можности во ситуацијата: повеќе од 79.000 деца на возраст од 0 до 6 години не се запишани во некој облик на градинка, а за да се постигне националната цел од 65 проценти запишани деца во градинка до 2032 година, потребни се околу 19.000 дополнителни места.

Побарувачката веќе ја надминува понудата, па така, во 2025 година имало речиси 5.000 деца на листите на чекање. Опфатот по општини значително варира, од висок процент на запишани деца во одредени подрачја, до помалку од 10 проценти или никаков упис во други. Најранливите деца, како децата Роми, децата со попреченост и оние што живеат во сиромаштија, и понатаму имаат најмал пристап до ваквите услуги.

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани истакна дека Министерството работи на проширување на капацитетите преку изградба и реконструкција, но и модели на згрижување како што се групи за згрижување деца во други просторни услови и центри за ран детски развој. А во насока на поголем пристап до предучилишно образование и поддршка на приватните даватели на услуги.

„Во соработка со проектот на Светска банка за подобрување на социјалните услуги и со УНИЦЕФ, ќе предложиме модел за ваучери со кои децата од ранливи семејства и децата кои се на листи на чекање би можеле да добијат можност за запишување во приватни градинки. Овој пристап, доколку покаже добри резултати во практиката, може да стане трајна политика која ќе придонесе за побрзо зголемување на опфатот“, рече министерот Лимани.

Во своето обраќање пред присутните, претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер истакна:

„Образованието и грижата во раното детство се меѓу најважните инвестиции во детскиот развој, подготвеноста на децата за школување и долгорочниот човечки капитал. Зголемувањето на бројот на места во градинките е од суштинско значење, но ќе даде резултати само ако пристапот е рамноправен, инклузивен, финансиски достапен и со добар квалитет. Ако не осмислиме систем што ќе ги опфати најранливите деца, постои ризик да ги продлабочиме токму тие нееднаквости што се обидуваме да ги намалиме. Целта не е само повеќе места во градинките, туку подобри можности за секое дете, во секоја заедница.“

Анализата покажува дека сегашниот систем, којшто во голема мера се потпира врз јавни средства, не може доволно брзо да ја задоволи побарувачката. Само 7 проценти од запишаните деца се запишани кај приватни градинки, а многу се ретки примерите кога работодавачите организираат вакви услуги за децата на вработените. Проширувањето на јавната инфраструктура би траело со децении и би барало инвестиции поголеми од 100 милиони евра, како и значително поголема работна сила.

Поефикасен начин за зголемување на опфатот е проширувањето на јавната инфраструктура да се комбинира со воведување кофинансирање на приватните градинки и работодавачите. Во анализата се предлага до 2032 година да се отворат приближно 13.500 нови места во приватните градинки и 5.300 места во јавните градинки, со модел на кофинансирање кој ќе овозможи услугите да бидат достапни за сите семејства, вклучувајќи ги и најранливите.

За да се обезбеди поголема правичност во пристапот до градинка, анализата предлага и конкретни мерки како што се ослободување од плаќање за најранливите семејства, варијабилен надоместок врз основа на приходот на родителите, поддршка за превоз и за запишување на најранливите, со што новите места ќе станат реална можност за сите деца, вклучително и за оние кои се во ризик од исклученост. Дополнителната помош за децата со попреченост би се состоела од практични мерки како подобрување на пристапноста на објектите и доделување наменски средства на општините за да им овозможат целосно учество на децата со попреченост во квалитетно предучилишно образование.

Учесниците на настанот се согласија дека проширувањето на пристапот до образование и грижа во раното детство не е само прашање на инфраструктура, туку бара поширока трансформација на системот. Подобрата координација меѓу централната и локалната власт, градинките и работодавачите, заедно со одржливото инвестирање во квалитет, работна сила и инклузија, ќе бидат пресудни за тоа секое дете да добие најдобра шанса на почетокот на својот живот.

Настанот го заокружи заменик министерот Велковски, кој во завршните зборови на конференцијата порача:

„Побарувачката за места во градинките расте, а наша обврска е да одговориме со конкретни решенија. Затоа инвестираме во нови капацитети кои ќе овозможат згрижување на дополнителни 3.515 деца низ државата. Но, вистинскиот успех нема да се мери само со бројот на нови места, туку со тоа колку сме успеале да обезбедиме пристап за секое дете, особено за оние кои најдолго биле надвор од системот“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Директорот на БЈБ Јанев: Македонската и италијанската полиција ги продлабочуваат партнерството и заедничката борба против современите безбедносни закани

Објавено пред

Со поддршка на проектот EU4FAST-WB, координиран од програмската канцеларија EMEA за Европа, Блискиот Исток и Африка при Централната дирекција за криминалистичка полиција на Министерството за внатрешни работи на Италија, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, заедно со македонска делегација, во изминатите два дена реализираше работна посета на Италијанската државна полиција.

Во рамки на посетата беше спроведена сеопфатна и интензивна работна агенда, исполнета со низа состаноци со раководствата и експертските тимови на Италијанските карабинери, службите надлежни за борба против тероризмот и современите безбедносни закани, сајбер безбедноста и сајбер истрагите, заштитата на децата во дигиталниот простор и критичната инфраструктура, граничните работи и миграцијата, безбедноста на градот Рим, меѓународната полициска соработка и размената на информации, како и со ИТ-дирекцијата задолжена за дигиталната безбедност и функционирањето на европските системи EES и ETIAS.

На средбите се разговараше за организацијата и начинот на функционирање на службите, нивната филозофија на работа и предизвиците со кои се соочуваат, како и за заедничките безбедносни закани и можностите за натамошно продлабочување на соработката. Заеднички беше оценето дека македонската и италијанската полиција веќе имаат воспоставено цврсти партнерски односи, засновани на меѓусебна доверба, професионалност и отвореност.

Во таа насока беа дефинирани идните приоритети и беше подготвена рамка за понатамошно унапредување на соработката преку побрза и непосредна размена на сознанија и информации, спроведување заеднички операции, организирање специјализирани обуки и тренинзи, работилници и студии на случаи, како и заедничко проучување и спротивставување на феномените на тероризмот, организираниот криминал и мафијашките структури.

Италијанската полиција поседува значајно искуство и експертиза, особено во борбата против мафијата, финансиските истраги, откривањето и конфискацијата на нелегално стекнат имот, како и во справувањето со тероризмот и насилниот екстремизам. Овие знаења и искуства ќе продолжат континуирано да се пренесуваат на македонските полициски истражители, придонесувајќи кон зајакнување на капацитетите и унапредување на безбедноста на Македонија, Италија, регионот и Европа.

„Со особена гордост можам да истакнам дека македонската полиција останува силен, доверлив и рамноправен партнер на Италијанската државна полиција. Основите што ги зацврстивме за време на оваа посета претставуваат дополнителен импулс за продлабочување на нашите односи и сум уверен дека како партнери ќе продолжиме заеднички да делуваме во сите области во кои се поклопуваат нашите заеднички цели, вредности и визии за безбедна и стабилна иднина“, истакна директорот на БЈБ, Александар Јанев.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Румен Радев: Немам што повеќе да му кажам на Мицкоски

Политичкото раководство на Република Северна Македонија прави сè што е можно за да го одложи членството на неговата земја во...

Македонија35 минути

Над 79.000 деца не посетуваат градинка, се предлагаат ваучери за приватни установи

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заменик министерот Ѓоко Велковски, претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер, ги изнесоа...

Култура39 минути

Бурхан Шабан во Скопје – концерт на еден од најзначајните интерпретатори на духовна музика на Балканот

Македонската публика ќе има можност да присуствува на концерт на Бурхан Шабан, истакнат уметник, хафиз и еден од најпрепознатливите изведувачи...

Култура45 минути

Премиера на новата претстава „Интервју“ на сцената на Турски театар

На 19 јуни (петок), со почеток во 20:00 часот, на сцената на Турски театар ќе се одржи премиерата на претставата...

Забава1 час

(Видео) Изнајмија куќа на плажа, ангажираа хрватска ѕвезда: Се појави снимка од прославата, Ноле и Јелена танцуваат како никогаш досега

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа колку е внимателен како сопруг, организирајќи ѝ на својата поубава половина, Јелена Ѓоковиќ,...

Македонија1 час

Директорот на БЈБ Јанев: Македонската и италијанската полиција ги продлабочуваат партнерството и заедничката борба против современите безбедносни закани

Со поддршка на проектот EU4FAST-WB, координиран од програмската канцеларија EMEA за Европа, Блискиот Исток и Африка при Централната дирекција за...

Македонија1 час

„На пензионерите треба да им се даде можност за вработување доколку сакаат и се работноспособни“, порача Мемов

Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов учествуваше на Тркалезната маса – работна сесија – „Недостигот на работна сила: Од...

Забава1 час

(Фото/Видео) Таа секогаш има причина да се соблече: Божицата на провокацијата ги откри и градите и задникот

Емили Ратајковски повторно го запали интернетот со серија објави во кои позира во бикини, но во некои провокативни фустани. Не...

Црна хроника2 часа

11 лица се уапсени во Скопје, Тетово, Кичево и Струга: кај нив била пронајдена дрога

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода 11 лица кај кои била...