Контакт

Македонија

(Видео) Кузеска: Бараме да се испитаат сите финансиски текови помеѓу Алфа ТВ и Алта банка

Објавено пред

Бараме да се испитаат сите финансиски текови, сите врски помеѓу Алфа ТВ и Алта банка, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„По падот на режимот на Орбан, новиот премиер Питер Маѓар презема акции и ја ослободува земјата од корупција и од орбановата пропагдандна машинерија. Додека орбановите пропагдни телевизии, меѓу кои и ТВ2 признаваат јавно дека објавувале лажни вести за опозицијата се највува одговорност за криминалните шеми во медиумите и укинување на фрекфенциите. Падот на Орбан ја загрозува целата добро позната медумска пропагданна шема на оската Орбан-Мицкоки-Вучиќ за контрола на медиумите и политичка пропаганда.Во Македонија, над 40% од медиумите се дел од оваа орбанова мрежа а како главна пропагандна алатка е токму Алфа ТВ. По рецептот на Вучиќ, и во Македонија, исто како во Србија моментално, започната е операција за спас на Алфа ТВ и нови извори за финансирање“, рече Кузеска.

Таа кажа дека свиркачи до СДСМ доставиле информации според кои целиот процес го координирал Александар Николоски, по директна насока на Мицкоски.

„Мицкоски за да избегне директни средби со Вучиќ контактира лично со Милош Вучевиќ човек од најголема доверба на Вучиќ. Договорено е исто сценарио во Србија и во Македонија. Во Србија, тоа веќе се прави, сопствениците на Еуроњуз ги купуваат слободните медиуми како N1, Nova S и уште десетина регионални медиуми за 30 милиони евра. Во Македонија, планот е преку нови фирми регистрирани кај нас да се преземат концесијата, опремата и студијата на Алфа ТВ, а целиот финансиски механизам да оди преку Алта банка. Алфа Скоп, фирмата сопственик на Алфа ТВ е блокирана сметка, должи 100.000 евра и веќе е пред стечај. Нашите инфромации говорат дека Ивона Талевска од пред неколку денови е назначена за координатор на Еуроњуз за Македонија преку преставиштвото на Еуроњуз во Србија“, рече Кузеска.

Таа вели дека во тек е регистрирање на фирми во Македонија кои ќе ја преземат едната фирма носител на концесијата и друга фирма што ќе ја преземе фирмата носител на опремата и студиото лоцирано во Визбегово и дека ќе се инвестира во нова опрема.

„Дополнително, се формира и маркетинг агенција која формално би работела ПР и маркетинг за Алта банка, а преку нејзиниот буџет би се финансирале новинари, аналитичари, апологети и медиумска пропаганда во корист на ВМРО-ОКГ. Алта банка станува нов финансиски центар за медиумската мрежа на орбановите медиуми во Македонија. Веќе објавувме, Алта банка е диркетно поврзана со СНС на Вучиќ, и во ВМРО на Мицкоски.СДСМ веќе објави детали за нивните бизнис, деловни, и партиски релации. Дури и за начинот како е влезена Алта банка во Македонија, каде клучна игра одигра гувернерот Славески.Во Управниот одбор на банката се појавуваше Маја Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО.Во менаџерскиот тим исто така луѓе блиски до ВМРО.Со одлука на Владата на Мицкоски, токму Алта банка го купи и пакетот акции со кои државата управуваше како конфискуван имот поврзан со Сашо Мијалков“, рече Кузеска.

Таа вели дека СДСМ веќе поднело кривична пријава до Јавното обвинителство поради, како што рече, сериозни сомнежи за организирана шема на перење пари, даночно затајување и фалсификување деловни книги поврзани со Алфа ТВ.

„Постојат основани сомнежи дека преку мрежа на фиктивни маркетинг договори и „shell“ компании биле префрлани околу 2,85 милиони евра од странство кон Македонија, кои потоа завршувале во Алфа ТВ. Сега се прави нови шема, за која Јавното обвинителство и Финансиската полиција и сите надлежни институции итно да постапат. Дали преку фиктивни маркетинг договори повторно ќе се финансира партиска пропаганда? Бараме да се испитаат сите финансиски текови, сите врски помеѓу Алфа ТВ, Алта банка и структурите блиски до власта и да ја информираат јавноста“, рече Кузеска.

Најново

Свет8 минути

Писториус: Германија ќе ја снабди Украина со пресретнувачки ракети

Германија ќе ја снабди Украина со итно потребни пресретнувачки ракети PAC-2 за системите „Патриот“ од залихите на Бундесверот, изјави денес...

Црна хроника43 минути

Пијан охриѓанец возел електричен тротинет, паднал и завршил со тешки повреди

Синоќа во 23:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Марко Нестороски“ во Охрид, Ј.Т.(29) од Охрид, управувајќи  електричен...

Свет1 час

Путин и Трамп разговарале по телефон за прекин на војната во Украина и плановите на Москва за Европа

Претседателот на САД Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин денес разговараа по телефон, а разговорот беше „конструктивен“ и траеше...

Македонија2 часа

Регистрирани 26 пожари на отворено, шест се активни, соопшти ЦУК

Денеска до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 26 пожари на отворен простор, од кои 6 се активни, 4 се под...

Забава2 часа

Памела Андерсон се присети на минатото: „Докторот ми рече дека имам најмногу 10 години живот“

На глумицата Памела Андерсон ѝ беше дијагностициран хепатитис Ц кон крајот на 1990-тите. Во тоа време, немаше лек за состојбата,...

Македонија2 часа

Мицкоски на прославата за 35 години независна Македонија, исто како на Илинден – го нарекува народот „талог“, велат од СДСМ

На прославата за 35 години независна Македонија, Мицкоски побара „да не се делиме“, па веднаш се закани дека ќе „расчистува...

Забава2 часа

Зошто сливите треба почесто да бидат на вашето мени

Сливите не се само вкусно и сочно овошје, туку можат да имаат и голем број здравствени придобивки. Тие се богати...

Македонија3 часа

Утре, сончево и топло, попладне со услови за дожд, ветер и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за...

Црна хроника3 часа

Пијан кавадарчанец ја вознемирувал поранешната сопруга

Полициски службеници од ОВР Кавадарци во текот на вчерашниот ден во 15:20 часот го лишија од слобода Л.А.(52) од Кавадарци....