Контакт

Македонија

(Видео) Кузеска: Изборниот законик – уште една лага и манипулација на Мицкоски

Објавено пред

Христијан Мицкоски и ВМРО-OКГ повторно се обидуваат да ја излажат јавноста. Овој пат преку Изборниот законик и прашањето за гласањето на дијаспората, кажа на денешната прес-конференција Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ.

„Ние од СДСМ сме јасни: дијаспората има право да гласа. Тоа право го имала и досега и дијапората гласа со постојниот модел.

Ние не сме против тоа право. Ние сме против неконтролирано и неконтролирано гласање кое отвора простор за масовна изборна кражба“.

Кузеска прашува зошто во Македонија граѓаните гласаат со отпечаток од прст, спреј, идентификација и строги контроли, а за дијаспората се предлага електронско гласање без никаква реална контрола.

„Дали тоа е демократски? Дали тоа е фер?

Мицкоски знае многу добро зошто го турка ова решение.

ВМРО-ОКГ има историја на кражба на избори.

Пред десетина години видовме како се крадеа гласови, како се организираа паралелни структури и како се користеа сите можни механизми за манипулација.

За нив кражбата на пари и кражбата на гласови е исто и во едниот и во другиот случај станува збор за криминал.

Сега, кога веќе не им поминуваат лажините афери и дефокуси, се обидуваат преку Изборниот законик да си обезбедат нов механизам за манипулација“.

Електронското гласање без контрола или гласањето преку пошта без соодветни гаранции, според Кузеска е исто така опасно.

Разликата, вели таа, е само во методот.

„Но, најважно од сè е следново:

Изборниот законик за Мицкоски не е цел, туку изговор.

Тој и неговата криминална група не сакаат да го донесат овој закон за да имаат алиби зошто не ја исполнуваат Реформската агенда.

Тие свесно го блокираат процесот за да можат да кажат дека „опозицијата не дозволува“. А вистината е дека тие не сакаат ЕУ.

Затоа што ЕУ значи независно судство, европско обвинителство и крај на неказнивоста. А токму тоа Мицкоски и неговата банда најмногу го плашат.

Затоа и го влечат ова прашање. Затоа и не сакаат вистински консензус. Затоа и продолжуваат со манипулациите“.

СДСМ, нагласува таа, нема да дозволи изборен грабеж, ниту со електронско гласање, ниту со гласање преку пошта без контрола.

„Нема да дозволиме некој да гласа наместо другите, ниту во Македонија, ниту од дијаспората.

Ќе продолжиме да се бориме за фер и демократски избори, за реформи и за европска Македонија.

Сè друго е само продолжение на истата стара игра – игра на изолација, манипулација и заштита на криминалот“.

Најново

Свет4 минути

Ник Рајнер обвинет за убиството на своите родители: му се заканува смртна казна

Голема порота го обвини Ник Рајнер за убиствата во декември на неговите родители, холивудскиот режисер и актер Роб Рајнер и...

Забава11 минути

(Фото) Убавици од реалити шоу, модели – сите ја загубија битката со Георгина: поранешните девојки на Кристијано Роналдо

Познатиот фудбалер Кристијано Роналдо го кажа своето судбоносно „да“ на Георгина Родригез во Португалија на интимна церемонија. Јавноста дозна дури...

Забава25 минути

(Фото) Безвременскиот дизајн се врати и е поубав од кога било

Секое лето носи неколку парчиња кои одеднаш се наоѓаат во центарот на вниманието, а оваа сезона, меѓу нив се издвојуваат...

Забава35 минути

(Фото/Видео) Повторно се соблече и покажа зошто е една од најубавите жени на светот

Моделот и претприемачка Хејли Бибер повторно ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм, каде што објави серија фотографии кои брзо собраа...

Култура48 минути

Шест незаборавни џез вечери на „Охридско лето“

Првото издание на новата програма „Џез вечери“ во рамките на фестивалот „Охридско лето“, ќе се одржи од 13 до 16...

Македонија52 минути

Без струја денеска делови од општините Илинден и Сарај

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 06.00 до 13.00 часот,...

Култура54 минути

Пијаното под рацете на Сихенг Сонг постигна волуменозност на мал оркестар

Претходната ноќ на фестивалот „Охридско лето“ долго ќе се памети зашто беше вистински празник за пијаното. Во возвишениот амбиент на...

Македонија57 минути

Променливо облачно време со сончеви периоди: наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе...

Македонија1 час

Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска поради поврзување на нова водоводна мрежа ф-100 мм на улицата Мирослав Крлежа...