Контакт

Македонија

(Видео) Кузеска: Мицкоски не се откажува од изборен грабеж, гласањето по пошта е само новиот обид за манипулација

Објавено пред

Мицкоски и ВМРО немаат намера да се откажат од обидите за манипулација и злоупотреби со над 200.000 гласови од дијаспората.

Откако сфати дека не може да го протнешверцерскиот начин за електронско гласање на дијаспората без никака контрола, сега се обидува со некакво гласање по пошта, истакна на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка и членка на ИО на СДСМ.

„И повторно без никаква контрола и гаранција за почитување на слободната волја на граѓаните – нов модел и можност за изборни манипулации и нерегуларности.

Не му е важна на Мицкоски реформската агенда – тоа му е само изговор. Важен му е само изборниот грабеж.

Позициите на СДСМ за Изборниот законик не се радикалистички како што сака Мицкоски да ги прикаже. Радикалистички е начинот на кој тој сака да го спроведе изборениот грабеж“.

СДСМ, нагласи таа, не е против дијаспората да гласа, дијаспората гласа и сега.

„Тоа е лага на ВМРО. Но, сме против начин на гласање кој не обезбедува сигурност, транспарентност и заштита на изборната волја.

Предлогот електронското гласање да се замени со гласање по пошта, без Државната изборна комисија да има можност со консензус да ги утврдува правилата и механизмите на контрола, не ја подобрува демократијата во изборниот процес.

Тоа создава нови ризици за нерегуларности, злоупотреби и изборни манипулации.
Опасно и загрижувачки е тоа што ВМРО категорично одбива ДИК, со консензус, да ги регулира процедурите за гласањето на дијаспората.

Од што се плаши власта“

Ако навистина нивната цел е фер и демократски изборен процес, додава Кузеска, тогаш зошто бегаат од механизам што обезбедува контрола, доверба и согласност меѓу сите политички чинители?

Вистината, како што напоменува е дека нивната цел не е подобар изборен процес, туку отворање простор за изборен инженеринг и манипулација.

„СДСМ нема да дозволи изборен грабеж, ние имаме обврска да го заштитиме гласањето и овие игри на ВМРО не ги прифаќаме.

Власта треба да се откаже од овие намери, да се повлече и да се достави предлог ДИК со консенсуз да може да го регулира гласањето на дијаспората“.

Најново

Македонија16 минути

Исполнет уште еден чекор за зонско паркирање во Автокоманда, објави Стефковски

Исполнет е уште еден чекор за зонско паркирање во Автокоманда, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „Денес на...

Свет20 минути

Хутите нападнаа седиште на нафтен гигант, брод потона во Ормутскиот теснец

Конфликтот на Блискиот Исток дополнително ескалира. Јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран, го нападнаа седиштето на саудискиот нафтен гигант „Арамко“,...

Свет28 минути

„Покривот на Европа“ изгуби повеќе од еден метар во висина за една година

Највисокиот врв во Европа изгубил повеќе од еден метар во висина во текот на изминатата година. Мон Блан во Франција...

Спорт1 час

(Видео) Ливерпул демонстрираше сила кај ЛАСК, Феенорд го победи Комо

Феенорд и Ливерпул со победи го отворија вториот ден од второто коло во Лигата на шампионите. Феенорд на домашен терен...

Свет1 час

Си-ен-ен: Новата портпаролка на Трамп лажно се претставува како адвокат, тоа е казниво

Работата на портпаролот е да ги обликува вестите, а не да стане вест. Новата портпаролка на Белата куќа, Кејти Закарија,...

Македонија1 час

Митева: Во Клиничката болница Штип е воспоставен мултидисциплинарен кабинет за дојка

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, по повод Розовиот октомври – месец посветен на подигнување на свеста за борбата против ракот...

Спорт1 час

Винисиус ќе го пропушти Ел Класико

Винисиус Жуниор нема да игра во Ел Класико против Барселона. Дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација (RFEF) го казни со...

Македонија1 час

Апасиев се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, пратеникот Димитар Апасиев, денеска во својот кабинет...

Свет2 часа

Зеленски за САД: Губиме силен партнер, но не по наша вина

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се чувствува предаден од потезите на американскиот претседател Доналд Трамп во однос на Русија....