Контакт

Македонија

(Видео) Кузеска: Мицкоски штом отвори уста – лаже, дури и неговата портпаролка го демантираше на прес конференција

Објавено пред

„Уште еднаш се потврди, арамијата Мицкоски штом отвори уста – ги лаже граѓаните. Дури и неговата портпаролка на Владата го демантираше на прес конференција. Тоа вчера сите го видоа. Не се „0 денари“ како што лажеше Мицкоски, за прославата на независноста потрошени се над 5 милиони евра, народни пари. Се потврди се она што претседателот Филипче и СДСМ го говорат од самиот почеток“, кажа Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ.

„Преку АД Државна Лотарија, која е 100% државна компанија, над 5 милиони евра се потрошени а никој не знае каде и за што. Откако призна дека не се „0 денари“ туку над 5 милиони евра, Мицкоски сега треба да излезе и јавно да објави каде завршија парите на граѓаните.

Кои компании добиле милиони евра народни пари, врз основа на кои критериуми? Како била избрана Комисијата од 3 члена во АД Лотарија која требала да одлучува за избор на фирма за прославата? Особено што претседателот таа комисија се јавува и како автор на оркестрациите и аранжманите на концертот.

Врз основа на кои критериуми се договарани фирми – ќерки да добијат милиони евра народни пари преку Државна лотарија? Колку милиони евра се потрошени за провизии и проценти? Ова е една голема проневера на пари, арамиски концепт на владеење на Мицкоски и неговата Организирана криминална група.

Се лажат граѓаните дека чинело „0 денари“, се кријат информации, се манипулира додека милионски суми завршиле во нечии џебови. Мицкоски веднаш да ги објави сите исплати, граѓаните коишто платија 5 милиони евра нивни пари да знаат кој, колку пари добил и за што“, изјави Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ.

Најново

Економија6 минути

Серафимовски: Со 9,5 милиони евра ги намалуваме трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски утринава ги додели првите картички за зелена нафта во Свети Николе, а...

Економија9 минути

СДСМ: Ребалансот на Буџетот е затоа што нема пари за плати и пензии до крајот на годината

Владата подготвува нов ребаланс на Буџетот поради недостиг од средства за исплата на плати, пензии и покривање на тековните трошоци...

Свет17 минути

Јужна Кореја го повлекува амбасадорот од Украина по дипломатски спор со Киев

Јужна Кореја соопшти дека го повлекува својот амбасадор од Украина, по дипломатскиот спор што избувна меѓу двете земји откако украинскиот...

Регион28 минути

Бугарија ги кани Русија и Украина на иста маса во врска со Црното Море

Бугарија предложи преговори меѓу шесте земји што граничат со Црното Море со цел да се постигне договор за мораториум на...

Македонија38 минути

Шасивари на Меѓународниот самит за правда во Истанбул 

Министерот за правда, Јетон Шасивари, учествува на Меѓународниот самит за правда „Истанбул 2026“, кој се одржува на 8 и 9...

Македонија43 минути

(Видео) Петрушевски: Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција

Пратеникот и заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изјави дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, со своите изјави за...

Македонија47 минути

До крајот на неделава пристигнува првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери; Ѓорѓиевски се пофали: Испишуваме ново поглавје во јавната хигиена

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакна дека специјализираните возила за ЈП „Комунална хигиена“ веќе се предадени на градот и...

Македонија57 минути

Муцунски за Коридорот 8 во Софија: Поврзаноста е стратешки инструмент за безбедност, отпорност и економски развој

Денеска во Софија, на покана на министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова-Чамова, министерот за надворешни работи и...

Македонија1 час

Исмаил: СДС не предлага 600 евра минимална плата, туку субвенционирање на газдите со народни пари

Пратеникот и потпретседателот на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, реагира на обидите на СДС да ја претстават Левица како против...