Контакт

Македонија

(Видео) Кузеска: Мицкоски е дилетант кој нема капацитет да води Влада

Објавено пред

Цените растат, платите не – Мицкоски е дилетант кој нема капацитет да води Влада, обвини портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Според неа, се потврдило сѐ она што СДСМ го говорелои за што предупредувало, за жал, како што рече, на директна штета на стандардот на граѓаните.

„Мерката на Мицкоски не даде ефект. Само еден ден по прес-конференцијата на Мицкоски има ново покачување на цената на дизелот, кој сега изнесува 95,5 денари за литар. Мицкоски е дилетант кој нема капацитет да ја води Владата. Или ова го прави намерно заради заштита на приватни бизниси. Или можеби и едното и другото. Проблемот за граѓаните е веќе тука – активирана е спиралата на раст на цените на храната. Маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, овошјето и зеленчукот над 100 денари за килограм, месото е веќе покачено. Сѐ е поскапено, цените растат, а платите не мрдаат“, рече таа.

Кузеска додаде дека Мицкоски одбил да ја покачи минималната плата на 600 евра.

„Наместо мерки – Мицкоски прави дефокус, Дубаи, Зграда 42 спрата, Харис Џиновиќ, Башановиќ, што ли не измислија. „Началникот“ Латас е повторно во акција – дефокус наместо леб. Граѓаните не можат да живеат од дефокус. Дефокусот не ги полни фрижидерите, не носи храна на масата, не носи пари во семејните буџети. Дури Мицкоски зборува дека граѓаните „станале милионери“ и дека заштедиле, 200 илјади дневно, 1,5 милиони евра неделно“, рече Кузеска.

Според неа, Мицкоски се однесува како уредник на жолт печат, со навреди и дефокус, наместо со решенија.

Таа го повика да ги прифати мерките на СДСМ – намалување на ДДВ на горивата на 5%, намалување на акцизите за 4 денари, 0% ДДВ за основните прехранбени производи и преполовување на патарините.

Најново

Македонија49 минути

Герасимовски: Нема цензура, туку политички театар, ЗНАМ и Левица глумат жртви и ја манипулираат јавноста

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги отфрли обвинувањата од „ЗНАМ“ и советникот на Левица, Куцуловски, дека имало цензура на...

Спорт58 минути

Тотенхем во историска криза: Четири кола, нула победи и нула голови

Тотенхем по четири рунди во Премиер лигата е единствениот тим што не успеал да постигне гол. Вечерва, Тотенхем одигра 0:0...

Спорт1 час

(Видео) Милан со блиц криг до бод против Лацио

Лацио и Милан одиграа 2:2 во четвртото коло на Серија А на „Олимпико“. Домашниот тим имаше предност од два гола...

Македонија2 часа

(Видео) Подметнат е пожарот во Шутка: доаѓаат со тротинети, потураат течност, палат и си одат

Безбедносна камера снимила две момчиња кои, според снимката, доаѓаат со електрични тротинети пред неколку дуќани во Шуто Оризари, го потпалуваат...

Спорт3 часа

(Видео) Попладне на гостинските тимови во Премиер лигата

Воведните пет натпревари од четвртото коло од Премиер лигата, минаа во знакот на гостинските тимови, не им дозволија победа на...

Спорт4 часа

(Видео) Фрајбург го растури Менхенгладбах, сигурни победи на Дортмунд и Ајнтрахт

Пет натпревари од 3. коло од Бундеслигата беа одиграни попладнево, а натпреварите беа одбележани со голови, пресврти, но и убедливи...

Македонија4 часа

Досега регистрирани 138 шумски пожари во државава, до крајот на јули штетата изнесува четири милиони евра

Јавното претпријатие „Национални шуми“ досега има регистрирано 138 шумски пожари. Заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов вели дека...

Спорт4 часа

Фантастична круг и пол позиција за Ландо Норис

Возачот на Мекларен, Ландо Норис ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за Големата награда на Шпанија, која се...

Македонија4 часа

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата „Конрад Аденауер“

Економскиот напредок на Македонија, ефективното владеење на правото и подобрата комуникација со граѓаните биле во фокусот на тридневниот настан, организиран...