Контакт

Македонија

(Видео) Кузеска: Платформата „Твоја држава, твоја шанса“ има цел да ги задржи младите во државата

Објавено пред

Со „Скопската иницијатива“ и платформата „Твоја држава, твоја шанса“ СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување, изјави Богданка Кузеска, портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ.

„Етапа заснована на вредностите на социјалдемократијата, борбата за подобар животен стандард, борба против корупцијата и за европска иднина за Македонија. Програмската платформа „Твоја држава, твоја шанса“ во конечната форма е јавно достапна и објавена. Тоа е визијата на СДСМ за модерна, праведна и европска држава во која институциите работат за граѓаните, трудот е вреднуван, а младите имаат причина да останат и да ја градат својата иднина дома“, рече Кузеска.

СДСМ смета дека најголемиот предизвик за младите денес не е само економската несигурност, туку чувството дека системот не е праведен. Токму затоа, вели Кузеска, централно место во платформата има борбата против корупцијата и воспоставувањето систем во кој институциите функционираат без политичко влијание, а законот важи еднакво за сите.

„Нов антикорупциски закон, темелен ветинг на сите избрани и именувани функционери, целосна проверка на потеклото на имотот, нови институциите за борба против корупцијата, дигитализација на услугите и воспоставување механизми што ќе спречат партизација и злоупотреба“, појасни Кузеска.

Таа додаде дека платформата нуди решенија за економските предизвици со кои се соочуваат граѓаните: поголеми плати и пензии, заштита на работничките права, фер и правично оданочување, поддршка на домашното производство, подобра социјална заштита, образование, поддршка на земјоделците.

Преку „Скопската иницијатива“, вели Кузеска, СДСМ ја потврди својата улога како обединувачки фактор на поширокото прогресивно движење во регионот и Европа, кое се спротивставува на корупцијата, авторитарноста и антиевропските политики.

„Европа не е апстрактна политичка цел, туку подобар живот дома, повисоки плати, владеење на правото и повеќе шанси за секој човек. Македонија не смее да остане заглавена во национализам, популизам и политички манипулации кои ја оддалечуваат од европската иднина. Наместо поделби, СДСМ нуди визија за обединување околу државните интереси, економски развој и европски вредности преку поширок Фронт за вистина и правда. Фронтот за вистина и правда не е партиски проект туку широко надпартиско – општествено движење отворено за сите граѓани, организации, интелектуалци, професионалци, синдикати и општествени чинители“, рече Кузеска.

Најново

Македонија16 минути

Утре, сончево и топло, попладне со изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи

Утре, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне...

Македонија34 минути

Герасимовски: Не со манипулации, туку со факти, новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 м²

Обидот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија политички да ја манипулира јавноста преку неточни и нестручни толкувања на урбанистичките планови...

Црна хроника43 минути

Татко физички и психички ги малтретирал малолетните деца во Кисела Вода

Синоќа во 21:10 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со М.И.(42) од...

Свет1 час

Трамп верува дека Путин е подготвен за договор за прекин на војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп денес во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за договор...

Црна хроника1 час

Внукот го претепал и му се заканувал на 74-годишниот дедо: му барал пари а не ги добил

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ш.А. (20) од Кочани. Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“....

Македонија1 час

Општина Чаир: Фестивалот „Фолклорните вечери на Чаршијата“ ги обедини културите во срцето на Скопје

Во Старата чаршија се одржа 21. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорните вечери на Чаршијата“, манифестација која собра фолклорни ансамбли...

Македонија2 часа

(Видео) СДСМ и ДПМНЕ го отворија патот за нова бетонизација на Водно, велат од Левица

Седницата на Советот на Општина Центар уште еднаш покажа дека кога се во прашање интересите на градежните лобија и урбаната...

Економија2 часа

Божиновска: Со приклучувањето кон Вертикалниот гасен коридор, земјата станува и важна транзитна точка во регионот и Европа

Македонија влегува во Вертикалниот гасен коридор – по интезивна активност на Божиновска и МЕРМС, стануваме дел од клучната европска гасна...

Македонија2 часа

ВМРО-ОКГ намерно го кочи Изборниот законик за да го одбегне она што следува после, велат од СДСМ

Според опозициската СДСМ; ВМРО-ОКГ, како што велат, намерно го турка Изборниот законик со спорни одредби за изборна гражба, за да...