Контакт

Македонија

(Видео) Кузеска: Само СДСМ гласаше за минимална плата од 600 евра

Објавено пред

Во Собранието се гласаше за минимална плата од 600 евра на предлог на СДСМ. Пратениците на руската партија Левица не беа во салата. Не дадоа ниту еден глас. Токму на Светскиот ден на пристојна работа, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа кажа дека „за“ не гласале ниту ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, а во салата ги немало ни пратениците на ДУИ.

„За повисока плата гласаа само пратениците на СДСМ и коалицијата. Тоа не е некаква процедура. Тоа е доказ. Што стои во Програмата на Левица? Еве, во програмата на Левица велат дека стојат на страната на обесправените. Дека работничките права се безвредни и дека тие ќе ги бранат. Дека се единствената автентична партија за која унапредувањето на трудот е апсолутен приоритет. Пред избори ветуваа минимална плата на ниво од две третини од синдикалната потрошувачка кошница. Медијална плата. Исплата од први до седми. Дупла дневница за викенд и празник. Укинување на привилегијата за плати над 10.000 евра. Кога дојде закон за 600 евра минимална плата, Левица не гласаше“, рече Кузеска.

Таа вели дека оправдувања нема и побара од Левица да и кажат на јавноста зошто не гласале за законот.

„Левица е анти-ЕУ, анти-НАТО, анти-Америка. Руска партија, во земја каде Америка е стратешки партнер и каде околу 80 проценти од граѓаните го поддржуваат и НАТО и Европската Унија. Партија за ништо. Како таква партија да биде дел од влада што тврди дека оди кон Европа? Не може. Освен ако не ѝ треба на арамијата. За алиби. За да ги ситни опозициските гласови. За да му даде “ракавица в лице” кога ќе му снема пари за тендери, а да му даде алиби за избори. Второто прашање е потешко. Зошто партија што нема врска со СДСМ бара смена на раководството на СДСМ? И тоа заедно со претходни функционери што го донесоа катастрофалниот резултат во 2024, кога СДСМ ја загуби власта. Уште потешко. Луѓе од СДСМ што до вчера беа за НАТО, за Америка и за ЕУ седнаа на маса со луѓе што се против сè тоа. Со партија што НАТО го нарекува убиец“, рече Кузеска.

Таа вели дека Левица не е опозиција и кажа дека СДСМ гласале за плата за работниците и порача дека власта ќе се врати во рацете на народот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Забава13 минути

(Фото) Имаат над 50 години, а сепак изгледаат како да се во своите дваесетти: Овие славни дами му пркосат на времето

Без разлика дали станува збор за добра генетика, дисциплина или специфични ритуали за нега на себе, овие познати жени пронашле...

Европа22 минути

Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива

Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива за периодот од декември оваа година до мај следната година, се наведува во...

Регион33 минути

Српски ловци придружуваа авион на „Виз ер“ по уште една закана за бомба

Два борбени авиона на српското воено воздухопловство пресретнаа авион на „Виз ер“, кој летал од Брисел кон Софија, откако пристигнала...

Свет45 минути

Шефицата на Европската централна банка си заминува: два кандидати во трка за нејзин наследник

Шпанецот Пабло Ернандес де Кос и Холанѓанецот Клас Нот се двајцата кандидати за позицијата нов претседател на Европската централна банка...

Забава1 час

Финансиска пресвртница: Овие 3 хороскопски знаци ќе доживеат таков прилив на пари, што ќе ги решат сите свои проблеми

За три хороскопски знаци доаѓа крај на сиромаштијата, што се совпаѓа со Младата месечина во знакот на Шкорпија. Зголемувања на...

Забава1 час

(Фото/Видео) „Најсекси пензионерката“ има тело од соништата: Позираше во минијатурно бикини во петтата деценија

Алесандра Амбросио повторно престојува на Бали – истото место каде што Бак Палмер неодамна ја побара за жена. Промената на...

Забава1 час

(Фото/Видео) Контроверзната манекенка ги „заборави“ панталоните

Кара Делевињ претвори еден преголем црн блејзер со масивна, скулптурална јака во вистински моден спектакл – нешто што само таа...

Култура2 часа

Викендов на СФФ2026: Фокус на слободата на говорот, европски краткометражни филмови, психолошки драми и регионални соработки

Скопје Филм Фестивал 2026 носи богат и возбудлив филмски викенд. Во сабота, гледачите може да очекуваат филмска агенда фокусирана врз...

Култура2 часа

Амбасадата на Грција го најавува концертот на Maria Kostraki – Mosaico Mediterraneo

Амбасадата на Грција во Скопје со задоволство го најавува концертот на ансамблот Maria Kostraki – Mosaico Mediterraneo, којшто ќе се...