Контакт

Македонија

(Видео) Кузеска: СДСМ бара итна истрага зошто Славески незаконски го кочи изборот на вицегувернери

Објавено пред

Скандалот со блокираниот избор на вицегувернери во Народната банка отвора сериозни прашања за работењето на Трајко Славески и за состојбите во оваа клучна институција, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа прашува зошто се кочи изборот на вицегувернери и дали Трајко Славески намерно ја блокира постапката?

„Мандатот на двете вицегувернерки е истечен уште од лани, изборот е законски регулиран со прецизни рокови кои се истечени а се уште нема избор. Прекршен е член 55 став 1 од Законот за Народна банка и рокот од 22 декември 2025 година е изминат. Ова доцнење отвора и дополнителна дилема: Дали одлуките на Советот на Народната банка во вакви услови се целосно легитимни и функционални?“, вели Кузеска.

СПоред неа, кога клучни позиции не се пополнети, се доведува во прашање фукционирањето на Народната банка.

„Трајко Славески има директна одговорност за оваа состојба. Ова не е првпат Славески да носи политики на штета на граѓаните. Да потсетиме: Славески беше против зголемување на минималната плата, директно спротивставувајќи се на интересите на работниците. Како претседавач на Советот на Град Скопје во изминатите четири години, беше дел од хаосот во главниот град – нефункционалност, застој на проекти и целосен институционален распад. Истиот тој човек денес управува со Народната банка. Дали ова доцнење е резултат на неспособност или на свесно партиско калкулирање?“, праша Кузеска и додаде дека СДСМ бара, итна истрага за причините.

Најново

Македонија47 минути

Герасимовски: Нема цензура, туку политички театар, ЗНАМ и Левица глумат жртви и ја манипулираат јавноста

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги отфрли обвинувањата од „ЗНАМ“ и советникот на Левица, Куцуловски, дека имало цензура на...

Спорт56 минути

Тотенхем во историска криза: Четири кола, нула победи и нула голови

Тотенхем по четири рунди во Премиер лигата е единствениот тим што не успеал да постигне гол. Вечерва, Тотенхем одигра 0:0...

Спорт1 час

(Видео) Милан со блиц криг до бод против Лацио

Лацио и Милан одиграа 2:2 во четвртото коло на Серија А на „Олимпико“. Домашниот тим имаше предност од два гола...

Македонија2 часа

(Видео) Подметнат е пожарот во Шутка: доаѓаат со тротинети, потураат течност, палат и си одат

Безбедносна камера снимила две момчиња кои, според снимката, доаѓаат со електрични тротинети пред неколку дуќани во Шуто Оризари, го потпалуваат...

Спорт3 часа

(Видео) Попладне на гостинските тимови во Премиер лигата

Воведните пет натпревари од четвртото коло од Премиер лигата, минаа во знакот на гостинските тимови, не им дозволија победа на...

Спорт4 часа

(Видео) Фрајбург го растури Менхенгладбах, сигурни победи на Дортмунд и Ајнтрахт

Пет натпревари од 3. коло од Бундеслигата беа одиграни попладнево, а натпреварите беа одбележани со голови, пресврти, но и убедливи...

Македонија4 часа

Досега регистрирани 138 шумски пожари во државава, до крајот на јули штетата изнесува четири милиони евра

Јавното претпријатие „Национални шуми“ досега има регистрирано 138 шумски пожари. Заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов вели дека...

Спорт4 часа

Фантастична круг и пол позиција за Ландо Норис

Возачот на Мекларен, Ландо Норис ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за Големата награда на Шпанија, која се...

Македонија4 часа

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата „Конрад Аденауер“

Економскиот напредок на Македонија, ефективното владеење на правото и подобрата комуникација со граѓаните биле во фокусот на тридневниот настан, организиран...