Контакт

Македонија

(Видео) Манасиевски: Филипче нема право да глуми борец за јавното здравје, тој бил директно вклучен во труењето на граѓаните со години

Објавено пред

Венко Филипче се обидува да се претстави како најголем заштитник на јавното здравје, додека во периодот кога тој беше министер за здравство, институциите пријавувале бројни случаи на неисправна вода, а Филипче како министер не постапувал, кажа на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Се поставува легитимното прашање. Кој знаел, кој одлучил да не ги информира граѓаните и зошто тие информации останале скриени?

2021-та година, ова се неколку испитувања, водите не биле безбедни во Студеничани, Зелениково и Петровец. Ова се документи кои стигнале до Министерството за здравство, а Венко Филипче не ги известил граѓаните. Тука конкретно освен пронајдокот на бактеријата Ешерихија Коли има и пронајдоци на зголемен број на колиформни бактерии исто како во Гостивар. Но, вие граѓаните тоа не сте го знаеле и никој не ве известил. Социјалдемократскиот сојуз говорат за Крушево. Исто од Јавната здравствена установа, Центар за јавно здравје Прилеп, 2019-та година. Станува збор за повеќе испитувања, наоди во коишто се вели дека мострите кои се земени не биле исправни, односно водата не била за користење, односно не била за пиење. И тоа се неколку повеќе вакви документи кои се дел од 2019-та, некои 2018-та, сето ова време додека Венко Филипче е министер за здравство, а Социјалдемократскиот сојуз се на власт“.

Како што посочи Манасиевски токму во Скопје била земена мостра во Аеродром во бушен бунар чешма, која покажала дека не одговара на Правилникот за безбедност на вода токму поради зголемен број на колиформни бактерии.

„Истото она што се случува во Гостивар. Граѓаните завршувале по болници, не знаеле што им е, но Филипче знаел.

Наместо денес да дели лекции и да шири политички обвинувања, Филипче најпрво треба да им даде одговор на граѓаните зошто не постапувал по пријавите на институциите додека тој бил на чело на Министерството за здравство“.

Манасиевски потенцира дека очекуваат надлежните органи целосно да го расчистат случајот и да утврдат дали имало пропусти и очекуваат одговорност.

„Граѓаните ја заслужуваат вистината, а не селективна загриженост која се појавува само кога Филипче е во опозиција“.

Најново

Спорт18 минути

(Видео) Реал испишти 0:2 во Елче, па победи во 92-та минута

Реал Мадрид успеа да извлече победа во шестото коло од Ла Лига. Тимот на Жозе Мурињо го победи Елче со...

Спорт45 минути

(Видео) Лига куп: Рутински победи на Ливерпул и Арсенал

Ливерпул и Арсенал изборија пласман во осминафинбалето, во Лига купот на Англија. Ливерпул го победи Тотенхем со 3:1, додека Арсенал...

Свет1 час

Ник Рајнер е обвинет за убиство на своите родители: нема да се соочи со смртна казна

Канцеларијата на окружниот обвинител на Лос Анџелес во вторникот објави дека нема да бара смртна казна за Ник Рајнер, синот...

Забава1 час

(Фото/Видео) Овојпат без сопругот: повторно привлече внимание со длабокото деколте

Пенелопе Круз е вистинска инспирација кога станува збор за елегантна мода, а нејзиното најново појавување ги освои дури и најстрогите...

Европа1 час

Русија сака да ги обнови преговорите со Украина; Лавров: Имаме што да кажеме

Русија е подготвена да ги продолжи преговорите за војната во Украина, изјави во вторникот рускиот министер за надворешни работи Сергеј...

Спорт2 часа

(Видео) Димитриевски одличен, Валенсија прв пат победи во новата сезона

Фудбалерите на Валенсија победија како гости кај Алавес со 1:0 во натпреварот од шестото коло на Шпанското првенство. За тимот...

Спорт2 часа

Хамес Родригез се повлече од националниот тим

Хамес Родригез одлучи да ја заврши својата репрезентативна кариера на 35-годишна возраст. Долгогодишниот капитен на Колумбија ја објави одлуката во...

Европа2 часа

Лукашенко сака да си ги врати парите: за возврат, САД бараат ослободување на затворениците

Белорускиот претседател Александар Лукашенко доби ветување од САД дека Вашингтон ќе побара од американските банки да одмрзнат десетици милиони евра...

Македонија2 часа

Апасиев ја објави отфрлената пријава за закана: „Да собираме пари за погреб на Апасиев“, „смрт“, „бензин и кибрит“ за Обвинителството биле политички говор

Претседателот на Левица и пратеник Димитар Апасиев објави дел од списите од предмет во кој, како што наведува, пријавил повеќе...