Контакт

Македонија

(Видео) Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

Објавено пред

„Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога ќе имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата. Изборниот законик освен што треба да се донесе поради барање на политичките партии треба да се донесе и поради вметнување на препораките и забелешките од ОБСЕ и ОДИХР, но тој треба да се донесе и затоа што е дел од Реформската агенда, во која ние како држава сме лидери во регионот“, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Девет од десет реформи се исполнети, а таа една што останува е директна вина на коалицијата на СДС, Левица и ДУИ.

Ова е директен показател дека ако имаат можност, опозиционерите во Македонија ќе го блокираат државниот напредок.

СДС, Левица и ДУИ не ги интересира успехот на Македонија, не им е до нов Изборен законик, туку сакаат да се претстават како жртви, и на следните избори да се претстават како оштетени, со тоа што нема да биде донесен Изборниот законик.

Ваквите задкулисни игри кои ги води опозицијата нема да поминат и тие се разобличени.

СДС, Левица и ДУИ, се директните виновници за тоа што помина рокот за носење на Изборниот законик, со кој ние како држава би добиле повеќе средства од Планот за раст. Доколку не се вразумат, на следните избори ќе одиме повторно со стариот Изборен законик“, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Најново

Свет39 минути

Трамп ќе го засили економскиот притисок врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека засега е подготвен да го засили економскиот притисок врз Иран, наместо да нареди нова...

Свет1 час

Ескалира дипломатскиот судир меѓу Шпанија и Италија поради граничните контроли и мигрантите

Односите меѓу Шпанија и Италија сериозно ескалираа откако двете членки на Европската Унија меѓусебно си воведоа гранични контроли, а последиците...

Регион2 часа

Хрватска е поскапа од Грција, Италија, Турција и Шпанија

Холандски портал проанализира огромен број пакет-аранжмани за летување на Медитеранот. Бројките јасно ја покажаа исплатливоста на поместувањето на годишниот одмор...

Македонија2 часа

Мерџаноски: Стабилна е состојбата на момчето повредено во Турција, започната е физикална терапија

Стабилен е младиот пациент кој се здоби со сериозна повреда на рбетот во Кушадаси, изјави за медиумите директорот на Клиниката...

Црна хроника2 часа

Трагедија во Ресенско: мотоциклист излета од патот и загина

Четириесет и четиригодишен жител на селото Љубојно загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утринава во Ресенско, соопшти...

Забава2 часа

Истражување: Некои бои на облеката привлекуваат комарци повеќе од другите

Летните вечери често носат борба со комарците, а новото научно истражување од Универзитетот во Вашингтон, објавено во списанието „Нејчр Комјуникејшнс“,...

Црна хроника3 часа

Приведен 17-годишник во Скопје: нападнал полицаец кој му укажувал помош

Седумнаесетгодишник од скопско бил приведен откако физички нападнал полициски службеник кој се обидел да му помогне, соопшти Министерството за внатрешни...

Забава3 часа

Не поднесуваат лажна љубезност: хороскопски знаци кои не можат да скриат кога некој им оди на нерви

Некои луѓе лесно ги кријат емоциите, но кај други уште во првите неколку секунди се гледа што мислат за соговорникот....

Спорт3 часа

Влаховиќ е блиску до трансфер во Бешикташ

Српскиот фудбалски репрезентативец Душан Влаховиќ се наоѓа пред конечна одлука околу тоа каде да ја продолжи кариерата. Бешикташ во моментоцв...