Контакт

Македонија

(Видео) Мециновиќ: Уставниот суд сака да го потврди авторитаризмот на власта преку Изборниот законик – не е грев да бараш рамноправност

Објавено пред

На денешната седница на Уставниот суд, на која се разгледуваше Иницијативата на Левица за оценување на уставноста на членот 76-д од Изборниот законик, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, предупреди дека евентуалното отфрлање на Иницијативата би значело легализирање на нерамноправните услови за учество на изборите и опасен преседан за политичкиот плурализам. Тој кажа дека отфрлањето на Иницијативата е извесно и очигледно според интенцијата од расправата на седницата на Уставниот суд:

„Најголемата опасност денес е Уставниот суд да ни потврди дека може да имаме нерамноправни услови за настап на изборите. Можно е денес да го погази начелото на рамноправност на политичките субјекти и начелото на политичкиот плурализам во Република Македонија”, потенцираше Мециновиќ.

Мециновиќ истакна дека проблемот не е во финансирањето, туку во тоа што на Левица ѝ е оневозможен еднаков пристап до медиумскиот простор за време на изборната кампања.

„Левица не бара финансии. Левица бараше и бара рамноправен пристап до медиумскиот простор, до рекламирањето на телевизиите, порталите и билбордите. Тоа не е грев, туку треба да се запрашаме зошто имаме власт која пробува својот авторитаризам да го наметне како норма”, објасни пратеникот од Левица.

Според него, доколку Уставниот суд ја потврди спорната законска одредба, ќе се создаде преседан што во иднина може да биде применет против секој политички субјект кој ќе го наруши комодитетот на големите партии.

„Веќе имавме преседан на минатите избори. Ако денес го потврдиме тој преседан, тоа значи дека секоја идна партија што ќе сака да им ги помати сметките на партиите на олигархијата ќе може да добие ваков третман. Тоа не треба да им биде прифатливо ниту на медиумите, ниту на политичките чинители, ниту на граѓанскиот сектор”, алармираше пратеникот.

Во своето обраќање, Мециновиќ ги критикуваше и аргументите што беа изнесени за време на расправата во Уставниот суд:

„Слушнавме апсурдни аргументи дека постои опасност од укинување на одредбите затоа што не се знаело дали партиите ќе се договорат. Уставниот суд политичка одлука ли носи? Опасноста од политички исход не може да биде пред оценувањето на уставноста, што е главната работа на овој Суд.”, кажа Мециновиќ.

Тој нагласи дека Левица на последните избори не добила ниту денар државно финансирање за платено политичко рекламирање и дека суштината на спорот е еднаквоста во изборниот натпревар.

„Јас како кандидат добив нула денари на минатите избори. Не се работи за финансирањето, туку за тоа зошто нашата политичка платформа не смее да има исти правила како ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Зошто ние не можеме да ги претставиме своите идеи под исти услови како другите политички партии?“, праша тој.

На крајот, Мециновиќ порача дека борбата за фер избори е борба за демократијата и политичкиот плурализам во државата.

„Демократијата одново и одново се освојува. Таа не е нешто што еднаш ќе го добиеме и засекогаш ќе ни остане. Авторитарните власти, како оваа власт на ВМРО-ДПМНЕ, ќе пробуваат дел по дел да воведуваат нови правила за тие да останат во удобна положба, а идеите што им се спротивставуваат да не можат да се натпреваруваат на ист терен.“

Најново

Спорт1 час

Луис де ла Фуенте: Генерација на пример, целиот труд се исплатеше

Селекторот на Шпанија, Луис Де Ла Фуенте, изјави дека е преполн со гордост откако неговиот тим го освои Светското првенство....

Спорт1 час

Скалони: Дадовем се од себе, Шпанија едноставно беше подобра

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, спортски го прифати поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство и отворено призна дека...

Спорт2 часа

Родри: Ако работиш напорно и веруваш, животот ќе те награди

Капитенот на Шпанија, Родри, беше пресреќен откако ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство и ја освои втората титула...

Спорт2 часа

Меси во солзи по поразот во финалето

Најдобриот Аргентинец, Лео Меси, тешко се справи со оразот во финалето на Светското првенство, во дуелот против Шпанија (1:0). Иако...

Спорт2 часа

Родри е МВП на Светското првенство

Пред доделувањето на медалите, ФИФА ги прогласи најдобрите на 23-то Светско првенство. Сите индивидуални награди, со исклучок на онаа за...

Спорт2 часа

(Видео) Тепачка на теренот веднаш по завршувањето на финалето – Паредес доби црвен картон

Победата на Шпанија во финалето на Светското првенство беше засенета од тепачката што избувна веднаш по последниот свиреж на судијата,...

Спорт3 часа

(Видео) Шпанија ја освои светската титула, Аргентина не заслужи ништо повеќе од пораз

Фудбалската репрезентација на Шпанија ја освои титулата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Шпанците во финалето ја победија...

Спорт5 часа

Меси собори два рекорди на Светскiте првенства

Финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина само што започна, а Лионел Меси влезе во историјата. Аргентинскиот капитен постави...

Црна хроника6 часа

Маж од Струмица им подлегна на повредите по пожарот во неговата куќа

Седумдесетгодишен жител на Струмица починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, неколку дена откако бил повреден во пожар во...