Контакт

Македонија

(Видео) „Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години“, вели Кузеска

Објавено пред

„Се потврди тоа што СДСМ го говори последните три месеци – пари во буџетот нема. Мицкоски повторно ја задолжува Македонија. Ново задолжување од 1,3 милијарди евра усвоила Владата на седница. Со ова ново задолжување, вкупно, за само две години, оваа Влада ја задолжи државата со 4 милијарди евра. Мицкоски за две години направи 30 проценти од вкупниот јавен долг од независноста на Македонија до денес“, кажа Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ.

„Но каде одат парите? Сите пари одат во криминални партиски тендери. Како што најавуваме со месеци – во буџетот нема пари. Касата е празна. Затоа сега Мицкоски прави ново задолжување од 1,3 милијарди и го зголемува веќе постоечкиот долг од 2,5 милијарди на 4 милијарди евра.

Недели наназад владата на Мицкоски се задолжуваше со десетици и стотици милиони евра седмично. Ова не е запаметено во Македонија. Буџетскиот дефицит постојано надминува 4 % од БДП – што е незаконски, бидејќи Законот за буџети предвидува максимум 3 %. Буџетот денес е околу 7 милијарди евра – двојно повеќе од 3,5 милијарди во 2017 а ништо двојно подобро не се случило.

Од нешто прават ништо. Минималните трошоци за четиричлено семејство пораснаа за 9.000 денари за 2 години, а минималната плата само за 3.500 денари. Работниците со минимална плата живеат полошо. Што прави Мицкоски?

Одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра и повторно се обидува да ја обвини претходната влада за долгови од минатото. Секоја влада од основањето на Македонија користела кредити – тоа е нормална работа. Но ниту една влада не направила вакво нешто.

Со Мицкоски кредитите имаат само една намена: испумпување пари од буџетот за партиски криминални тендери и полнење приватни џебови.

Еден од показателите: сите претходни влади го плаќале долгот. Дури и по големата светска криза, по пандемиската криза по ковид, по почетокот на војната во Украина и енергетската криза – владата плаќаше 120 милиони евра камати. Денес оваа Влада плаќа 350 милиони евра камати.

Мицкоски ги задолжи генерациите. Ги задолжи сите што доаѓаат. Да имаше една добра работа што ја направија, еден сериозен проект или подобрување на економијата – можеби ќе можеа да зборуваат. Но нема. Не само што нема проект – нема пари за граѓаните.

Нема пари за мерки, нема пари за повисоки плати нема пари за пензии. Дури сакаат да го национализираат вториот столб. Не ја покачија минималната плата на 600 евра.

Не воведоа ниту една мерка што би го запрела огромниот раст на цените – штитеа само одредени трговци заради раст на нивниот профит.
Цените отидоа до плафон. Семејствата одвај крпат крај со крај. Младите немаат можност за нормален живот.

Ова е реалноста. Ова е цената што граѓаните ја плаќаат поради криминалните политики на Владата на Мицкоски. Доаѓа време кога оваа криминална група ќе одговара, а парите ќе им бидат вратени на граѓаните на Македонија“, изјави Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ.

Најново

Забава57 секунди

Нутриционисти: Една навика во исхраната може да биде причина за недостаток на енергија по 50-тата година

Попладневниот пад на енергијата по 50-тата година многумина го припишуваат на стареењето, лошиот сон или побавниот метаболизам. Сепак, нивото на...

Македонија18 минути

Отворена Националната младинска летна школа за социјална инклузија – 60 млади од целата држава во Дојран

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски заедно со генералниот секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO),...

Македонија29 минути

Перински не може да исплати породилно отсуство навреме, ама ќе им праќал контроли на болните – ДПМНЕ го претвора Фондот во полиција за сиромашни, оценува Левица

Додека работниците секојдневно се соочуваат со деградирачки услови за работа, ниски плати и системска негрижа за нивната безбедност, директорот на...

Македонија33 минути

Секоја деветта птица-преселница во светот е во ризик од исчезнување: заштитата на преселните патишта во фокусот на научната заедница на Глобалниот самит во Најроби

Дури 45 % од преселните видови птици се во опаѓање, секој деветти вид е загрозен од исчезнување, а меѓу најзагрозените...

Македонија38 минути

Мицкоски има милиони евра за спектакли, тендери и луксуз, но за граѓаните нуди трошки, велат од СДСМ

Цените растат, платите не ги следат поскапувањата, а семејствата секој месец живеат сè потешко. Мицкоски има милиони евра за спектакли,...

Спорт50 минути

Родри откри зошто го одбил Реал Мадрид: Не беше поради „Златната топка“

Еден од најголемите трансфери од минатото лето можеше да има сосема поинаков епилог. Родри, веднаш откако стана светски шампион со...

Македонија53 минути

Случајот со бремената пациентка, аларм за катастрофалните состојби во охридската болница, Клековски да го разреши директорот Маркоски, бара Левица

Случајот со бремената пациентка кој ја разбранува јавноста е уште еден аларм за катастрофалните состојби во охридската болница, велат од...

Забава1 час

Доделувањата на „Еми“ беа моден спектакл

Најголемите ѕвезди од телевизискиот свет се собраа во театарот „Пикок“ во Лос Анџелес во понеделник на 78-то доделување на наградите...

Македонија1 час

Работна посета на Ристески на Република Словенија – фокус на трудот и трудовата мобилност

Делегација предводена од заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески е во неколкудневна работна посета на Словенија. Во рамки на...