Контакт

Македонија

(Видео) „Мицкоски објавува анкети со пад на довербата од 40% и не убедува дека народот живее подобро и сака да го викаат талог“, вели Младеновска

Објавено пред

„Кој видел вакви анкети како што објавува Мицкоски? Платени 400 илјади евра. Прво објавија рејтинг на ВМРО од 19,3 проценти. Од околу 32 проценти на изборите, сега на 19 проценти. Тоа е признание за пад од преку 40% на довербата од сопствените гласачи. Својот пад го објавија ама не ги објавија точните бројки за СДСМ. Морале, затоа што СДСМ ја враќа довербата на народот“, вели Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

„Потоа објавија дека граѓаните подобро живеат. Велат дека 57,5 проценти од граѓаните биле задоволни од квалитетот на живот.

Народот едвај врзвува крај со крај, работниците имаат најниски плати во Европа и во регионот, нема пари за 600 евра минимална плата, нема пари за пензии, за земјоделци, цените се до плафон.

Две минимални не ја покриваат ниту скратената владина кошничка. Со кирија, синдикалната кошничка оди над 90.000 денари. Горивото е до плафон и македонските граѓаните можат најмалку да купат од целиот регион.

Втор ребаланс за четири месеци се прави, трет во најава затоа што има огромна дупка во буџетот од 900 милиони и за пензии од 1 милијарда!

Нови долгови од 4 милијарди за само две години! Анкетата, исто како бајките на Мицкоски, трета економија во Европа, први во туризам, лидери во авиосообраќај, пензии покачени за 16 пати.

Потоа објавија и друго. Народот велат бил задоволен што за Гета платиле 5,53 милиони евра. Во истата анкета, прашање за кампањата по рецепт на Ванчо Михајлов – “талог”. Анкетата вели 41 процент од граѓаните сакаат да ги викаат талог.

Дали некој некогаш видел ваква анкета? Народот сакал да го викаат „талог“! Народот се радувал кога плаќа за Гета и провизија на арамијата.

Граѓаните сами нека ја оценат оваа анкета. Мицкоски и бандата повеќе не знаат што прават“, изјави Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

Најново

Спорт2 часа

Кејн: Роналдо, јас, Златната топка… Сценарио од најлудите соништа

Капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн, подготвен е да стане рекордер по број на настапи за националниот тим, а пред...

Свет2 часа

Маск вложува 60 милиони евра во германска технологија за центри за вештачка интелигенција во вселената

Компанијата „Спејс Икс“ на Илон Маск потпиша договор вреден 60 милиони евра со германската компанија „Сингулус технолоџис“ за набавка на...

Спорт2 часа

„Инфантино треба да биде испратен во психијатриска установа“

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го нападна својот наследник Џани Инфантино, нарекувајќи го диктатор, велејќи дека можеби ќе му...

Спорт2 часа

САД го сакаат Гвардиола за селектор

Фудбалската асоцијација на Соединетите Американски Држави го гледа Пеп Гвардиола како идеален наследник на Маурисио Покетино, ја пренесе „Атлетик“, обајавата...

Свет2 часа

Трамп: Го победивме Иран, но сакаме целосна победа

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска прогласи победа на Соединетите Американски Држави во војната против Иран, која трае повеќе од осум...

Забава3 часа

Не ги оставајте прозорците подотворени во зима: како правилно да го проветрувате домот

Оставањето на прозорецот подотворен на кип изгледа како практичен начин постојано да влегува свеж воздух во просторијата. Меѓутоа, во зима...

Свет3 часа

Осудена на 100 удари со камшик бидејќи родила дете надвор од брак: „Не го заслужувам ова“

Кениската државјанка Естер Ванџа Мутони, која работела како домашна помошничка во Саудиска Арабија, е осудена на 100 удари со камшик...

Забава4 часа

На четири хороскопски знаци им претстои подобар период – проблемите остануваат во минатото

Според астролошките прогнози, четири хороскопски знаци влегуваат во поповолен период во кој би можеле да ги надминат проблемите, да ја...

Регион4 часа

Пленковиќ ја предупреди Црна Гора: Нема затворање на преговорите со ЕУ без договор за границата

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ порача дека Црна Гора нема да може да ги затвори пристапните преговори со Европската Унија доколку...