Контакт

Македонија

(Видео) Мицкоски пред Фон дер Лајен: Бараме процес кој ќе биде фер и заснован на јасни правила

Објавено пред

Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, на заедничката прес – конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Мицкоски кажа дека денешната средба со фон дер Лајен била отворена, содржајна и насочена кон прашањата кои директно ја определуваат нашата европска иднина.

„Разговаравме за реформите, за динамиката на пристапниот процес, но и за предизвиците кои со години го оптоваруваат нашиот пат кон Европската Унија. Нашата определба како држава е јасна и останува непроменета. Сакаме да бидеме дел од Европската Унија и посветено работиме на таа цел. Истовремено, веруваме и дека дојде време овој процес да добие посилна политичка поддршка од европските институции. Нашата европска определба никогаш не била и нема да биде спорна. Она што денес го бараме е процес кој ќе биде фер и заснован на јасни правила“, рече Мицкоски.

Премиерот кажа дека државата ги завршува обврските и спроведува реформи што се очекуваат од една земја, понекогаш навреме, понекогаш и малку со доцнење, но сепак ги завршува.

Мицкоски со фон дер Лајен разговарал и за односите со Бугарија.

„Денес отворено разговаравме и за предизвиците што ги имаме во односите со нашиот источен сосед. Нашата желба е тие прашања да се надминуваат низ дијалог, во добра волја и со заемно почитување. Исто така, на денешната средба напоменав дека очекуваме да биде вклучена и ЕУ во овој процес и не бараме од Унијата да заземе страна, бараме да помогне во создавање услови за одржливо европско решение во кое договореното ќе биде јасно, обврските ќе важат за сите, а процесот на пристапување нема повторно да биде отворен за нови билатерални условувања“, рече Мицкоски.

Секое решение, додаде тој, мора да создава сигурност дека со неговото исполнување се затвора една фаза и се отвора патот кон следната, без простор за нови толкувања и дополнителни барања.

„Ако од нас се очекуваат одлуки со долгорочни последици, тогаш е оправдано да очекуваме и јасна европска перспектива за она што следува потоа. Нашата цел не е да го одложуваме процесот, туку да создадеме услови тој конечно да се движи напред на стабилна и одржлива основа“, рече Мицкоски.

Мицкоски кажа дека Македонија ќе продолжи со реформите во владеењето на правото и јавната администрација, со подобрување на деловната клима и со дигитализацијата и реформите во образованието.

„Реформската агенда во рамките на Планот за раст веќе создава конкретни резултати и сакаме оваа динамика да продолжи. Европската комисија оваа година позитивно ги оцени спроведените реформи, што овозможи натамошно користење средства од Планот за раст. За нас е особено важно европската интеграција граѓаните да почнат да ја чувствуваат уште пред формалното членство: преку поголем пристап до единствениот европски пазар, нови економски можности, подобра инфраструктурна поврзаност, инвестиции и повеќе можности за младите. Токму затоа ја гледаме постепената интеграција како важен дел од процесот и како начин европската перспектива да стане видлива и конкретна“, рече премиерот.

Најново

Свет2 минути

Венс: Разговараме со иранските лидери, но не знаеме колкава вистинска моќ имаат

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс во ексклузивно интервју за „Ројтерс“ изјави дека Иран мора значително да ги намали своите капацитети за...

Забава9 минути

(Фото/Видео) Сите зборуваат за нејзините ќерки, а таа се појави во најкраткиот фустан

Ќерките на Никол Кидман се појавија на Модната недела во Париз, привлекувајќи го вниманието покрај нивната славна мајка за време...

Европа28 минути

(Видео) Шпанската влада одобри пакет мерки за домување; Санчез ги претстави

Иселувањето на 87-годишна жена од нејзиниот стан во Мадрид предизвика протести низ Шпанија и го зголеми притисокот врз премиерот Педро...

Забава29 минути

(Фото) Правило број еден за мал стан: Изберете кујнски елементи и ормари како овие

Опремувањето на мал стан често е вистински тест за креативноста, бидејќи секој квадратен метар мора да има своја намена. При...

Спорт33 минути

(Видео) Последното танго на Меси – За крај гол и две асистенции

Репрезентацијата на Аргентина се збогува од Лионел Меси, а еден од најдобрите фудбалери во историјата се збогува со дресот на...

Македонија33 минути

„Предупредувавме, сега се случува: Ново задолжување од 250 милиони евра за до крај на годината!“, велат од СДСМ

„Се случува тоа што СДСМ и претседателот Филипче предупредија. Владата на арамијата Мицкоски не може да ја заврши годината без...

Свет38 минути

Три години од масакрот на 7 октомври во Израел: „Сите што беа на власт мора да си заминат“

Израел ја одбележува третата годишнина од најсмртоносниот ден во својата историја со низа комеморации и протести на повеќе од 400...

Забава49 минути

(Фото/Видео) „Најубавото девојче на светот“ денес изгледа поинаку: Гордо го покажа своето лице во Париз

Тилан Блондо го привлече вниманието на Модната недела во Париз, воодушевувајќи ја публиката со своето појавување, и покрај негативните коментари...

Забава1 час

„Беше обострано“: Мајкл Даглас за големата брачна криза со Кетрин пред 13 години

Кетрин Зета-Џонс е 25 години помлада од Мајкл Даглас; тие се во брак од 2000 година и, и покрај разликата...