Контакт

Македонија

(Видео) „Не се знае каде е Сотир Лукровски“: СДСМ бара предвремени локални избори во Карпош

Објавено пред

Каде е градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски? Еден месец го нема а нема ниту одговор.
Општината е оставена без градоначалник, а последиците од неодговорноста и погрешните кадровски решенија на ВМРО ги трпат граѓаните, реагира Панче Милевски, претседател на Општинската организација Карпош од СДСМ.

Општината, додава тој, се гуши во смет, јавните услуги се влошуваат, а граѓаните се оставени сами да се справуваат со проблемите.

„Од Лукровски и додека формално ја извршуваше функцијата, граѓаните не гледаа резултати од неговото работење. Единствената разлика денес е што никој не знае каде е.

Затоа Карпошани со право прашуваат каде е градоначалникот на Карпош? До кога трае неговото боледување? Кој ја води Општината во негово отсуство“, праша тој.

Дали е точно, вели Милевски, дека е поднесена оставка.

„И ако е така, зошто граѓаните не се официјално информирани? Карпошани имаат право да знаат дали плаќаат две градоначалнички функции, а реално немаат раководство кое целосно и одговорно ги решава нивните проблеми. Еве и денеска Мицоски му отвораше базент а него го нема. Иако базенто е целосно завршен во време на СДСМ а денеска е само церемонија, но Лукровски не се појави.
Ова е циркус. Додека народот се соочува со секојдневни реални проблеми, Мицкоски се занимава со отворање базени“.

Уште пострашно е што ВМРО и Мицкоски, кои се удираа в гради за Лукровски, сега, како што вели, се однесуваат како ништо да не се случува.

Дополнително, според него, се отвора прашањето дали вработените во Општина Карпош треба да стравуваат за своите плати, дали финансиската состојба е стабилна и дали ќе има нов ребаланс на буџетот кој дополнително ќе ги чини граѓаните.

„Карпош не смее да биде заложник на лични пресметки и институционален вакуум. Карпошани заслужуваат градоначалник кој е достапен и одговорен, кој е во служба на граѓаните.
Ако Општина Карпош не може нормално да функционира, тогаш единственото демократско решение се предвремени локални избори – граѓаните повторно да одлучат кому ќе му ја доверат одговорноста да го води Карпош. Време е граѓаните повторно да го кажат својот збор на предвремени локални избори во Карпош“.

Најново

Спорт12 минути

(Видео) „Бомбата“ на Мејтланд-Најлс спречи триумф на Јунајтед на „Хил Дикинсон“

Манчестер Јунајтед продолжува да освојува подарува важни бодови во Премиер лигата, откако попладнево одигра 2:2 на гостински терен против Евертон....

Спорт22 минути

(Видео) Кими од 19-то место до победа – Италија по 60 години има победник во Монца

Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, триумфираше на Големата награда на Италија, 13-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1. Младиот...

Црна хроника35 минути

Скопјанец измамен за речиси 12.000 евра, му барале пари за наводно лекување на дете во странство

Седумдесетгодишен скопјанец пријавил во полиција дека бил измамен за 720.000 денари, oдносно околу 12.000 евра од лице кое му барало...

Македонија48 минути

Јанушев се огради од уапсениот возач: Неговото постапување нема никаква врска со мене, претходно возел и други функционери

Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, целосно се огради од постапките на неговиот возач, кој беше уапсен во случај поврзан...

Црна хроника2 часа

Скопјанец приведен во Галичник, кај него пронајдени марихуана и халуциногени печурки

Полицијата приведе 47-годишен скопјанец во Галичник, откако при преглед кај него биле пронајдени повеќе различни материи. Како што информира МВР,...

Забава2 часа

(Видео) Избрана е Мис на светот 2026 – круната ја освои учителка од Доминиканската Република

Големото финале на 73. избор за Мис на светот се одржа во саботата, на 5 септември, во Виетнам, каде што...

Свет2 часа

Лавров: Мерц практично ни објавува војна

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека германските обвинувања за вмешаност на Москва во инцидентот со дрон на...

Црна хроника3 часа

Низа пријави за семејно насилство: напади и закани во Кавадарци, Гостиварско и Скопје

Повеќе случаи на семејно и партнерско насилство биле пријавени во полицијата во изминатите два дена, меѓу кои напади и закани...

Спорт3 часа

Историскиот договор го спречи враќањето на Бензема во Лион

„Лекип“, објави многу интересна приказна за иднината на Карим Бензема. Бензема го напушти Хилал, но дали тоа значи и крај...